Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС


Во Рио де Жанеиро денеска и утре се одржува 17 Самит на БРИКС, на кој ќе учествуваат претседатели и премиер на  земји-членки и на земји-партнетри. На Самитот ќе се разговара за: поефикасен систем на плаќање на БРИКС за зголемување на трговијата и инвестициите; инклузивно и етичко управување со вештачката интелигенција (ВИ); климатска агенда за рекалибрирање […]

Лејди Гага настапи пред 2 милиони луѓе на Копакабана. Бразилската полиција спречила масакр


Бразилската полиција денес објави дека спречила планиран бомбашки напад на историскиот концерт на Лејди Гага, на кој синоќа присуствуваа повеќе од два милиони луѓе на Копакабана во Рио де Жанеиро. Државната полиција на Рио де Жанеиро, во соработка со Министерството за правда, објави дека заговорот бил организиран од група која пропагира говор на омраза и […]

Бразилската полиција започна мегаоперација против организираниот криминал во фавелите на Рио де Жанеиро


 Силите на редот во Рио де Жанеиро започнаа вооружена мегаоперација со учество на речиси 2000 службеници во десет населби со ниски приходи – фавели, а со цел да ја вратат контролата врз подрачјата каде доминираат организирани банди, се наведува во соопштението на бразилската Влада. Полициските службеници се распоредени во западниот дел на бразилскиот град, кој […]

Полицијата уби девет лица во рации на криминални босови во Рио де Жанеиро


Најмалку девет лица се убиени во голема полициска операција во неколку сиромашни населби во бразилската метропола Рио де Жанеиро, објавија вчера бразилските медиуми, пренесе ДПА. Двајца полицајци се повредени, а пет лица се приведени, јавуваат локалните медиуми. Според полицијата, убиените се криминалци. Многу училишта со илјадници ученици беа затворени поради операцијата, а жителите не ги […]

Во рација во Рио де Жанеиро девет лица загинаа, двајца полицајци се ранети


Девет лица загинаа, а двајца полицајци се ранети во престрелка за време на полициска рација во фавела во Рио де Жанеиро. Во полициското соопштение се наведува дека најпрво пукале осомничените криминалци во населбата Вила Крузеиро, при што биле повредени полицајците, кои возвратиле. Претходниот ден 16 лица беа убиени во полициска операција во крајбрежниот град Гуаруа […]

Ужас во Бразил: Десет младинци на Фламенго загинаа во пожар


Десет членови на младата селекција на бразилскиот гигант Фламенго загинаа во пожар што изби утрово во тренинг-кампот во Рио де Жанеиро. Пожарот пламнал во 5.10 часот по локално време додека играчите спиеле во клупскиот камп. Пожарникарите ги изгаснаа пламените јазици дури по два часа. Причината за пожарот не е позната.