Лажна дојава за поставена бомба во авион на летот Рим – Приштина


 Меѓународниот аеродром во Приштина синоќа добил закана дека во авионот кој летал од Рим кон косовската престолнина е подметната бомба, меѓуоа се испоставило дека дојавата е лажна, јави дописникот на МИА од Приштина. Полициските власти информираа дека по приемот на дојавата, која стасала во време додека авионот бил во лет, била извршена контрола на авионот […]

Во чест на светите браќа Кирил и Методиј : Проекција на „Медена земја“ во Рим (фото)


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и членовите на  државно-црковната делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, во рамките на вториот ден од посетата на Рим и Ватикан, денеска во киното „Тицијани“ присуствуваа на проекција на документарниот филм „Медена земја“ на режисерката Тамара Котевска.    Присутните ги поздравија амбасадорот на РСМ во Италија, Весел Мемеди и Лавинија […]

Ковачевски – Драги: Проширувањето на ЕУ е клучно за просперитет на регионот и на Европа


Проширувањето на Европската унија е клучно за просперитет на регионот и на Европа, истакнале премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Советот на министри на Италија Марио Драги на денешната средба во Рим. На средбата со италијанскиот премиер, на која присуствуваа и министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката […]

Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето во Рим


 Со победата над Швајцарецот Стин Вавринка со резултат 2:0, во сетови 6:2, 6:2, Новак Ѓоковиќ се пласираше во четврт-финалето на АТП турнирот во Рим. Ова претставува 89 четвртфинале на Мастер турнири во кариерата за најдобриот тенисер на светот. Противник во петок ќе му биде Феликс Огер-Алиасим, деветтиот тенисер во светот, кој во осминафиналето беше подобар […]

По низата поплаки од граѓани: Ќе се менува Законот за туристичка дејност


Министерството за економија подготвува измена на Законот за туристичка дејност бидејќи често се случува граѓаните да бидат измамени и да останат необештетени. Регулативата ќе предвидува и банкарска гаранција за агенциите кои ќе организираат патувања надвор од државата, односно агенциите кои добиле лиценца А-категорија. Ќе се зајакнуваат и условите за добивање на овој вид лиценца, а […]

Рим: Протест на католиците против свештениците – педофили


Илјадници католици од Италија и странство денеска одржаа протестен марш во Рим против начинот на кој Ватикан го решава прашањето со свештениците педофили. Учесниците во протестот, меѓу кои и жртви на злоставување, носеа транспаренти на кои се осудува молчењето на Ватикан во однос на таа појава. Денешниот марш е одржан додека во тек е четиридневниот […]

Затворен аеродромот Џампино поради пожар на терминал


Римскиот аеродром Џампино денеска е затворен поради пожар на еден од терминалите, соопшти аеродромската управа. – Аеродромот е затворен превентивно, изјави неименувана портпаролка на компанијата „Аеропорти ди Рома“. Аеродромот Џампино го користи нискобуџетната авиокомпанија Рајнер.

Заев и Борисов во Рим: Празниците да не зближуваат, а не да не делат


Претседателот на македонската Влада, Зоран Заев, во придружба на сопругата и владината делегација, денеска во рамки на посетата на Италија и на Светата Столица, а по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, учествуваше во заедничките активности за чествување на делото на светите браќа Кирил и Методиј, со делегацијата на Бугарија предводена од премиерот […]

Со помош на дождот Надал до трофејот во Рим


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е победник на престижниот Мастерс турнир во Рим. Тој денеска по голема борба го совлада Германецот Александр Зверев со 2-1, по сетови (6:1, 1:6 и 6:3). Надал до победата во римската престолнина дојде по незавидната позиција во која се наоѓаше и која беше прекината поради дожд. Во решавачкиот трет сет, Зверев […]

Свитолина го одбрани тронот во Рим


Украинската тенисерка Елина Свитолина ја победи Симона Халеп (Романија) со 2-0, по сетови 6:0, 6:4 во финалето на ВТА турнирот во Рим (Италија). Мечот траеше еден час и девет минути. За Свитолина ова е втора победа по ред на овој турнир и вкупно трета титула. Украинката ја освои 12-та шампионска титула во кариерата. Турнирот во […]

Ѓоковиќ го совлада Нишикори и „закажа“ дуел со Надал


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Јапонецот Кеи Нишикори со 2:1 во сетови во четвртфиналето на Мастерсот во Рим. Српскиот тенисер лошо го почна натпреварот и првиот сет му припадна на Нишикори. Потоа Ѓоковиќ се врати во ритам и ги освои двата сета совладувајќи го јапонскиот тенисер. Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против шпанскиот […]

Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето во Рим


Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на „Мастерс“ турнирот во Рим. Најдобриот српски тенисер беше подобар од Николас Басилашвили во вториот круг на турнирот во „вечниот град“, откако победи во два сета – 6:4 и 6:2. Имаше голема борба меѓу двајца тенисери во првиот сет, но одлуката падна во финишот, кога Новак со два брејка […]

Во Париз и Рим протести против насилството врз жените


Во Париз и Рим денеска се одржаа протести во знак на поддршка против насилството врз жените. Меѓународниот ден против насилство врз жените во Париз беше одбележан со парада низ улиците на околу илјада претставнички на феминистички организации и други жени. Тие беа облечени во црна облека и носеа транспаренти со имињата на французинките убиени во […]