Анкета Ројтерс/Ипсос: Рејтингот на Трамп падна на 43 отсто, најниско ниво откако се врати на власт


Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп падна на 43 проценти, најниско ниво откако тој се врати на власт. Американците се незадоволни од неговата царинска политика и од активностите на владата околу воените напади во Јемен, покажува истражувањето на Ројтерс/Ипсос. Тридневното истражување, кое заврши вчера, покажува пад за четири поени од рејтингот од 47 отсто измерен […]

Тројца од четворица Европејци гледаат корист од членството во ЕУ


  Рејтингот на блокот меѓу граѓаните на земјите членки е на рекордно ниво, највисоко откако прашањето беше прв пат поставено во 1983 од Евробарометар Повеќе од кога и да било Европејци мислат дека нивната земја има корист од членството во ЕУ, но повеќето имаат мали очекувања за годините што следат, покажува новата анкета на Евробарометар. […]

Трамп наседнал на лагите на Путин, рејтингот на Зеленски е 57 отсто


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли тврдењата на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека само 4% од Украинците му веруваат, наведувајќи дека оваа информација доаѓа од Русија.Иако одби директно да коментира за анкетата, тој укажа на неодамнешното истражување на Меѓународниот институт за социологија во Киев, кое покажа дека 57 отсто од Украинците му веруваат. „Ако […]

ВМРО-ДПМНЕ без прекин го напаѓа „Рејтинг“. Од агенцијата велат дека тоа е хајка


  Веќе неколку дена владејачката ВМРО-ДПМНЕ со прес-конференции или партиски соопштенија постојано ја напаѓа агенцијата за истражување јавно мислење „Рејтинг“ и нејзиниот дирекотр Никола Спасов. ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува агенцијата дека прави пропагандна промоција на СДСМ и неговиот нов лидер Венко Филипче и дека Спасов добил дозвола за градба на фотоволтаична централа. „Рејтинг“ на овие напади […]

Намалувањето на рејтингот на американските банки предизвика продажба на берзите


  Сите три водечки индекси на Волстрит паднаа во вторникот поради големата продажба предизвикана од намалувањето на рејтингот на „Мудис“ на десетина средни американски банки, што ја подгрева загриженоста за здравјето на банкарскиот систем на земјата и на целокупната економија. Њујоршкиот Дау Џонс падна за 0,45 отсто на 35.314 поени, СиП (S&P 500) загуби 0,42 […]

Градоначалничката Арсовска ќе потроши милион денари за да си го мери рејтингот?


Речиси еден милион денари ќе потроши градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, за спроведување анкета на јавното мислење. Поточно, се работи за сума од 987.000 денари, а според информациите објавени од Бирото за јавни набавки, на 10 октомври, Град Скопје, склучил договор со Институтот за политички истражувања Скопје, вреден 987.000 денари за спроведување на седум […]

„Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Украина поради несигурната отплата на долгот


 Рејтинг агенцијата „ Мудис“ вчера  го намали кредитниот рејтинг на Украина од „Цaa2“ на „Цaa3“ со негативна прогноза, наведувајќи ги како причина зголемените ризици за одржливоста на долгот на земјата по руската инвазија. „Додека Украина ги користи придобивките од големата меѓународна финансиска помош, која и помага да избегне непосредни ризици за ликвидноста, последователниот значителен скок […]

„Стандард и Пурс“ го намали рејтингот на Русија, се сомнева дека ќе го отплати долгот


Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ ја намали оценката за способноста на Русија да го отплати надворешниот долг. Аналитичарите од агенцијата веруваат дека Русија најверојатно ќе се соочи со банкрот – првпат по револуцијата во 1917 година. Агенцијата вчера ја намали својата оценка за Русија на „изборен стандард“ откако Москва се договори да го […]

Политичката стабилизација го поткрена кредитниот рејтинг


Кредитниот рејтинг на Македонија во февруари 2019 година, според бонитетната куќа „Кофејс“-Хрватска, е оценет со ознака Б, со тенденција за стабилност до крајот на 2019 година. Бизнис-климата е оценета со ознака А4. Ова е напредок за разлика од претходните години кога државата беше оценета со ознака Ц за ризик на земјата и исто ознака Ц […]

Тевдовски: Извештајот на „Стандард и Пурс“ покажува дека одиме во правилна насока


Извештајот на „Стандард и Пурс“ е позитивен и покажува дека земјава и јавните финансии одат во добра насока, истакна министерот за финансии, Драган Тевдовски во интервју за Канал 5 откако вчера меѓународната агенција го потврди кредитниот рејтинг на земјава со ББ- и со стабилен изглед. Тевдовски за следниот период очекува и подобрување на кредитниот рејтинг […]

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на С. Македонија со ББ- и стабилен изглед


Aгенцијата „Стандард енд пурс“  (“Standard and Poor’s”) соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг на Северна Македонија со ББ- и со стабилен изглед. Според извештајот, решавањето на спорот со името е круцијален позитивен чекор и ги отвора вратите за членство во НАТО и почеток на преговорите за членство во ЕУ во текот на 2019 година, што […]

Анкета: Вучиќ најпопуларен политичар во Србија


Претседателот на Србија Александар Вучиќ е најпопуларен политичар во 2018 година, покажуваат резултатите од новогодишното истражување на „Политика“ и агенцијата „Фактор Плус“. Претседателот на Србија, во изборот на оценки од 1 до 5, за својата работа доби оценка 4,2, многу повеќе од кој било друг политичар. Српската напредна партија (СНС) и натаму е водечка, бидејќи […]

Колинда со најголем рејтинг во Хрватска


На една година пред претседателските избори во Хрватска, анкетите покажуваат дека најголема доверба ужива актуелната шефица на државата Колинда Грабар-Китаровиќ со 41 отсто. Анкетата на агенцијата Промоцијаплус, изработена за РТЛ, од која треба да се добие слика за силите на потенцијалните претседателски кандидати, покажува дека на второ место е Зоран Милановиќ. За него, како за […]

Референдумот ќе гради и ќе урива кариери


Резултатите од гласањето на 30 септември не само што на долг рок ќе ги одредат евроатлантските перспективи на државата, туку и ќе ги исцртаат понатамошните траектории на многу политички кариери. Тоа особено важи за премиерот Зоран Заев, кој решавањето на спорот за името го постави во епицентарот на владините политики набрзо по влегувањето во зградата […]

Што го нагриза рејтингот на СДСМ – аферите или договорот?


Не само договорот за името, кој очекувано наиде на поделени реакции кај етничките Македонци, туку и аферите поврзани со членови на извршната власт кои неочекувано почнаа да испливуваат на површина, според политичките набљудувачи, се некои од клучните причини за благиот пад на рејтингот на СДСМ, како главна владејачка партија, наспроти повоочливиот   пораст кај ВМРО-ДПМНЕ. Иако […]

Албанците знаат да казнат погрешна политика


Според последниот рејтинг СДСМ испадна втора „албанска“ партија. Расцепувањето на Беса, но и на другите партии, според проценката на политикологот Башким Бакиу, се меѓу главните причини зошто Албанците и натаму му даваат силна поддршка на СДСМ. Последната анкета околу рејтингот на партиите покажа дека СДСМ и оваа година бележи раст на поддршката кај Албанците. Лани социјалдемократите добија […]

Како шефот на државата стана лидер на опозицијата


Кога за некој месец ќе се прави нова анкета за политичките рејтинзи нема да биде изненадување ако претседателот Ѓорге Иванов се искачи уште повисоко на скалилото на популарноста, во споредба со последното истражување на јавното мислење на МЦМС за „Телма“. Таму Иванов, кој во изминатите месеци на повеќе начини ја усложнуваше кохабитацијата со другиот дел […]

Референдумот за името во пакет со избори?


Реконструкцијата на владиниот кабинет и првиот голем митинг на опозицијата, како важни настани што претстојат кон крајот на оваа седмица, според проценките во политички кругови, се увертира во големи политички поместувања во наредните месеци. Епилог на тој процес би бил референдум за името, како „круна“ на договорот што се очекува да го постигнат во наредните […]

Пред годишнината од смената на власта: Заев слета на домашен терен


Мошне набиена и разновидна е агендата на премиерот Зоран Заев во последните неколку дена. За разлика од претходните месеци – кога почесто беше во авион отколку дома, сега речиси секојдневно може да се видат негови фотографии од различни општини во државата. Неретко во неформална облека, наместо во костум, премиерот во последниве денови повеќе се дружи […]

„Блумберг“ пресмета колку долго милијардерите можат да ги финансираат своите влади


Агенција „Блумберг“ спроведе истражување за тоа колку долго најбогатите луѓе во светот би можеле да ги покријат трошоците на владите доколку немаат други извори на финансирање. Во истражувањето, кое беше наречено „Индекс Робин Худ“, беа споредени податоците за големината на државниот буџет и финансиските средства на најбогатите луѓе во 49 земји, меѓу кои Русија, САД, […]