Седуммина македонски каратисти на „Дунав опен 2018“


Македонија ќе има свои седум учесници на европскиот фудокан карате куп „Дунав опен 2018“ пто од денеска до недела ќе се одржува во Виена, Австрија. Македонската репрезентација ќе ја сочинуваат Дејан Недев, Јадранка Недева, Емилија Јанчевска, Димитри Влахо, Иван Трпковски, Димитар Витанов и Дамјан Таневски. Натпреварите ќе се одржат според ИТКФ натпреварувачките правила во сите натпреварувачки […]

Македонските ракометари со полесен тренинг пред утрешниот дуел со Црна Гора


Македонската ракометна репрезентација вечерва одржува полесен тренинг во „Домот на спортовите“ во Загреб, пред утрешниот дуел на ЕП против Црна Гора. Повредата на Филип Миркуловски не е сериозна, тој вели дека ќе биде подготвен за утрешниот меч, иако денешниот тренинг го почна одвоено од останатите. Македонија вчера во 1.коло на шампионатот ја победи Словенија со […]

Антиќ: Се додека е ова раководство во МКФ не се враќам во репрезентација


Најдобриот македонски кошаркар за 2017 година, Перо Антиќ во интервју за српските медиуми рече дека вратата во репрезентацијата за него се уште е отворена. Изминатите години Антиќ велеше дека повеќе нема да игра за репрезентацијата, не ја промени одлуката ниту за квалификациите за Светското првенство во Кина во 2019 година, а евентуално враќање во националниот […]

Два слободни дена за македонските ракометни репрезентативци


Машката ракометна репрезентација за Нова година ќе има два слободни дена во периодот на подготовки за претстојното Европско првенство во Хрватска 2018. Следниот собир селекторот Раул Гонзалез го закажа за 2 јануари. На подготовките на македонската репрезентација се наоѓаат 21 играч, а според селекторот така ќе се тренира и до последниот ден пред заминувањето за […]

Ракометарите тренираат под водство на Раул


Ракометната репрезентација на Македонија од денеска работи од „командата“ на селекторот Раул Гонзалез. Тој денеска се врати од Шпанија каде ги мина Божиќните празници. За комплетирање на репрезентацијата на подготовките за Европското првенство во Хрватска 2018 потребно е да стигнат уште „германците“ Филип Миркуловски и Филип Талески, додека денеска со Раул дојде и Немања Прибак, […]

Ристовски: Наш реален пласман е меѓу 5-8.место, верувам дека имаме квалитет


Македонската ракометна репрезентација од денеска и официјално ги почнува подготовките за Европското првенство во Хрватска 2018. Еден од поискусните во македонскиот табор е голманот Борко Ристовски, кој има свое видување за претстојниот настап на големиот настан. – Ние ќе треба да се надминеме себе си и да дадеме и повеќе од она што го можеме, […]

Македонската ракометна репрезентација полека се комплетира


Машката ракометна репрезентација на Македонија полека почнува да се комплетира. На денешниот тренинг во СЦ „Јане Садански“ беа присутни 13 ракометари, кои ги започнаа подготовките за Европско првенство кое во јануари ќе се одржи во Хрватска. Комплетирањето на тимот се очекува во понеделник, за кога е закажана и првата прозивка на селекторот Раул Гонзалес. Откако […]

ФИФА ранг листа: Македонија ја почна 2017 година како 162. а ја завршува како 76.


Македонија ја има репрезентацијата со најголем скок на годишно ниво на ранг-листата на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА). „Рисовите“ во 2017 година влегоа како 162. во светот, а од неа излегуваат на 76. позиција. Напредокот од 86 места не остана незабележан и од самата ФИФА која ги потенцира „црвено-жолтите“ како тим со најмногу прогрес од сите […]

Кошарка: Македонската репрезентација почна со подготовки за претквалификациите за ЕП 2021


Кошаркарската репрезентација на Македонија почна со подготовки за претквалификациите за Европското првенство во 2021 година. На првиот тренинг се појавија 15 играчи: Дамјан Стојановски, Војдан Стојановски, Александар Костоски, Бојан Крстевски, Ненад Димитриевиќ, Дарко Соколов, Димитар Караџовски, Бобан Стајиќ, Адем Мекиќ, Андреј Магдевски, Стојан Ѓуроски, Кирил Николовски, Љубомир Младеновски и Бојан Трајковски. Искусните Ѓорѓи Чековски и […]

Антиќ не се враќа во репрезентацијата


Перо Антиќ уште еднаш демантира дека се враќа во националниот тим за престојните квалификации за ЕП во Шведска. По високиот пораз на неговата Црвена Звезда на гостувањето кај Олимпијакос, тој изјави дека се репрезентацијата се простил кога наполнил 30 години и оти неговото ставање на списокот било оти „некој сакал да докаже нешто“. Но, според […]