Во РЕК Битола утрово исклучен од мрежа Блок 3


Во РЕК Битола во тек се подготовки за претстојната грејна сезона. Се испитува стабилноста и доверливоста на постројките по извршените ремонти на ТЕ Битола 2 и ТЕ Битола 3. На ТЕ Битола 1, соопштија денеска од РЕК Битола, годинава воопшто не бил извршен ремонт, така што и врз таа постројка се во план дополнителни интервенции […]

РЕК Битола не е во најдобра кондиција, не може да сметаме на сите три блока, вели Божиновска


Во следните седум дена ќе го правиме енергетскиот биланс. Ги гледаме состојбите, односно колку електрична енергија ќе ни недостасува. Ќе гледаме да набавиме на малку подолгорочен рок, односно нема да купуваме недела однапред енергија бидејќи тогаш е навистина многу скапо, информира денеска министерската за енергетика Сања Божиновска.  -Капацитетите на РЕК Битола не се во најдобра […]

Инфо-ден на АД ЕСМ во РЕК Битола


Претставници на Управниот одбор на АД ЕСМ и на раководството на АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола, денеска на средба со новинарите ќе информираат околу актуелните состојби и подготовки на Комбинатот во пресрет на грејната сезона. Претставниците на раководството на АД ЕСМ и на АД ЕСМ Подружница РЕК Битола ќе извршат увид на рудниците Суводол и […]

РЕК „Битола“ иднината ја гледа во јагленот, зелената транзиција ќе почека


  БИТОЛА – Рударско-енергетскиот комбинат-РЕК „Битола“ има ново раководство, но останува со старите проблеми и предизвици. Во пресрет на грејната сезона, главниот акцент ќе биде ставен на производството на струја, но со оглед на тоа дека до крајниот производ се доаѓа со откоп и преработка на јаглен, и оваа година извесен е „судирот“ меѓу „кафеавата“ и […]

Нов испад на Блок 1 на РЕК Битола заради проблеми во системот на МЕПСО


Блок 1 на РЕК Битола околу 12 часот прекина со работа заради испад на 110 киловолтен далновод на АД МЕПСО. Редовното и нормално функционирање на Блок 1 беше прекинато бидејќи во критичниот момент, постројката не можеше да ја испорача произведената електрична енергија кон македонскиот електроенергетски систем, по што согласно сигурносните протоколи блокот беше исклучен, соопшти […]

Работници и механизација од РЕК Битола трет ден учествуваат во гаснењето на пожарите во Пелагонија


Работници, противпожарно возило и механизација на РЕК Битола трет ден учествуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија Пелагонија, соопштија рударско енергетскиот комбинат. Десетина пожарникари од Службата за техничка сигурност на РЕК Битола, булдожери и грејдери во сопственот на комбинатот, ангажирани се за гаснење на пожарите, за дотур на вода и за правење на заштитни […]

РЕК „Битола“ работи само со Блок 3, попладнево испадна од мрежа Блок 1


Најголемиот електроенергеткси комбинат во земјава, РЕК „Битола“ поладнево работи само со еден од трите блока, соопштија од Електрани на Северна македонија (ЕСМ). „Попладнево, околу 16:45 часот заради испад на далновод на МЕПСО, без напојување со струја остана Блок 1 на РЕК Битола, по што постојката испадна од мрежа. Комбинатот продолжува да работи со еден блок, […]

РЕК Битола стави во функција два блока и испорачува електрична енергија


РЕК Битола стави во функција два блока и испорачува електрична енергија во македонскиот електроенергетски систем, соопшти АД ЕСМ, Подружница РЕК „Битола”. Како што наведува, Блок 1 е ставен во функција во 11:45 часот денеска, а претходно, за време на викендот, на мрежа беше и Блок 3. Блок 1 на РЕК Битола беше надвор од функција […]

АД ЕСМ набави опрема за оптимизација на производството во РЕК Битола


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска заедно со министерот за индустрија и трговија на Република Чешка, Јозеф Сикела и менаџментот на РЕК Битола извршија официјално примопредавање на опрема за хомогенизација на јаглен во топланата РЕК Битола, соопштија од Министерството за економија. Опремата е набавена од чешкиот производител Енелекс, а со оваа опрема ќе се оптимизира […]

Ставен во функција Блок 2 на РЕК Битола


Откако беше исклучен од мрежа Блок 3 заради дефект на цевка во котелот, во функција е ставен Блок 2 на РЕК Битола, Соопштија од ЕСМ. Од таму додаваат дека постројката вчера беше синхронизирана со електроенергетскиот систем во 15:55 часот. „Подготвен за работа е и Блок 1 на РЕК Битола. Ќе биде ставен во погон согласно […]

ЕСМ набавил поволно струја, РЕК Битола работеше со еден блок, но и тој испаднал од мрежа


Во текот на изминатиот период, како резултат на направените анализи на пазарот на електрична енергија, направена беше набавка на струја, со поволни цени кои на АД ЕСМ му овозможуваат намалување на трошоците на работа. Токму поради тоа РЕК Битола планирано работеше само со еден блок, известуваат од  АД „Електрани на Северна Македонија“. Оттаму, појаснуваат дека […]

Владата разговара со американски гигант за трансформација на РЕК Битола во електрана на природен гас


Природниот гас во целиот свет се смета за транзициско гориво кон целосно обновливи извори на енергија (ОИЕ), а токму поради тоа АД ЕСМ и Владата имаат контакти на високо ниво со еден од најголемите американски гиганти во делот на производство и инсталирање на постројки за производство на електрична енергија од гас за трансформација на РЕК […]

Исклучени Блок 1 и Блок 3 во РЕК Битола


Проблем во трафостаницата на МЕПСО што се наоѓа во непосредна близина на РЕК Битола, рано утрово предизвика испад на Блок 1 и Блок 3 од електроенергетскиот систем, известија од ЕСМ. – Веднаш по инцидентот преземени се сите мерки и активности за санација на оштетените делови во РЕК Битола, по што започнаа операции за враќање во […]

Ковачевски, Бектеши и Стефанов во посета на РЕК Битола


Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе го посети РЕК Битола и ќе се обрати на настан по повод крајот на грејната сезона 2022/2023 и успешно справување со најголемата енергетската криза која светот ја памети по Втората светска војна. Како што информира владината прес-служба, ќе се обратат и министерот за економија Крешник Бектеши и генералниот директор на […]

АД ЕСМ: Блок 3 на РЕК Битола попладнево ќе биде исклучен од мрежа


АД ЕСМ информира дека Блок 3 на РЕК Битола попладнево ќе биде исклучен заради сервисни активности на опремата во постројката. Санацијата треба да заврши до недела. -Интервенцијата се реализира во период кога временските услови и производствениот план на АД ЕСМ го дозволуваат тоа. Планирано е санацијата да заврши до недела, по што РЕК Битола ќе продолжи […]

РЕК „Битола“ станува партнер во дуалното образование на средните стручни училишта


  РЕК „Битола“ од следната учебна година ќе формира дуална паралелка во соработка со СОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар, соопштија од ЕСМ. „Со Меморандумот за соработка што денес го потпишавме, од следната учебна година, учениците кои ќе се запишат на електротехничката струка, профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика, ќе изведуваат практична настава […]

ЕСМ: Блок 1 на РЕК Битола исклучен од мрежа


  Блок 1 на РЕК Битола утрово е исклучен од мрежа заради интервенции во цевководниот систем на постројката, сервисни и ремонтни активности на млинските кола и нега на постројките во машинската сала на блокот, информираат од АД ЕСМ. Како што нагласуваат, се очекува блокот да биде ставен во функција во следните 24 до 48 часа. […]

Во РЕК Битола пристигна и трансформаторот кој беше на поправка во Белград, комбинатот за првпат има резервен трансформатор


  Во РЕК Битола пристигна трансформаторот кој беше испратен на поправка во Србија, по оштетувањето настанато во пожарот во ноември 2021 година, соопштија од ЕСМ. Од таму посочуваат дека постројката ќе биде сместена во трансформаторскиот дел на Термоелектраната и ќе се чува како резерва, што е првпат во своето четириесетгодишно постоење, РЕК Битола да има […]

По речиси три години РЕК Битола работи со максимален капацитет, во функција трите  блока


  Најголемиот енергетски капацитет во земјава РЕК Битола после речиси три години првпат работи со трите  блока. Неодамна заврши монтажата на трансформаторот на третиот блок што го изработи турската компанија „Астор“, тој е приклучен на мрежа и произведува електрична енергија. Непречено работат и останатите термопостројки во земјава РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино и ЕСМ енергетика, како […]

Ковачевски: Сите капацитети се во функција, струја ќе има без рестрикции, а цената нема да се зголемува


  Сите капацитети за производство на електрична енергија во државата се во функција и работат. Граѓаните да бидат спокојни, струја ќе има без рестрикции, а цената нема да се зголемува, рече премиерот Димитар Ковачевски кој денеска оствари работна посета во Рударско-енергетскиот комбинат „Битола“. Како што истакна Ковачевски, сите напори на Владата беа насочени кон справување […]