Ректорот на Универзитетот во Белград: Мојата премиерска или претседателска улога ќе ја одредат студентите и граѓаните


 Владата е политички, морално и интелектуално банкротирана, и на Србија не и е потребен уште еден сезнаечки авторитет, туку стручни луѓе, изјави Владан Ѓокиќ, ректор на Универзитетот во Белград, за неделникот „Радар“. Тој додаде дека неговата улога како премиер или претседател ќе ја одредат студентите и граѓаните. Ѓокиќ, по повод влегувањето на полицијата во Ректоратот, […]

УКИМ почнува со дигитална трансформација – можеби нема повеќе да има редици пред студентски прашања


За година до година и половина, ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Биљана Ангелова, очекува да се дигитализираат основните студентски сервиси, со што би се избегнале долгите редици пред студентски прашања каде се заверуваа семестри и се пријавуваа испити.   „УКИМ почнува со дигитална трансформација, многу скоро, почнуваме со првите чекори. Најнапред ќе ги дигитализираме […]

Проф. д-р Јусуф Зејнели е избран за ректор на Универзитетот во Тетово


Досегашниот декан на Правниот факултет, проф.д-р Јусуф Зејнели, е избран за ректор на Универзитетот во Тетово.  Од установата информираат дека со мнозинство гласови од академскиот кадар на 13 факултети, Јусуф Зејнели е избран за ректор. -Право на глас имаа вкупно 334 членови на наставно-научните совети на факултетите. Во текот на гласањето, правото на глас го […]

Абдулменаф Беџети нов ректор на УЈИЕ во Тетово


Академик Абдулменаф Беџети со свечена церемонија денеска беше назначен за нов, трет по ред, ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа  (УЈИЕ) во Тетово. Тој доаѓа на местото на Замир Дика кој беше ректор во два мандата. На свеченоста присуствуваше и премиерот Зоран Заев кој му посака на новиот ректор одржување и унапредување на мисијата на УЈИЕ […]

И за најдобрите студенти никој не се „тепа“


Повеќе од триесет студенти кои имале најдобар успех,  дипломирале или ги привршуваат студии на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ добија награди и пофалници. Станува збор за студенти кои имале  просечна оценка најмалку 9,00.  Дваесет и четиригодишната  Александра Зафировска, дипломирала на Фармацевтскиот факултет во Скопје со средна оценка 9,75. За наградата вели дека и е само признание […]