Ќе се реконструира покривот на Заводот за нефрологија во Струга


За неколку дена ќе биде распишан тендер за реконструкција на покривот на Заводот за нефрологија во Струга, најави при денешната посета заменик-министерот за здравство Асим Муса. Проектот за реконструкција на покривот, како што истакна, бил подготвен уште додека тој бил директор на установата, но поради изборите бил пролонгиран. Посочи дека освен покривот дека ќе се […]

Град Скопје ќе го реконструира планинарскиот дом на Водно


Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска го посети планинарскиот дом на Водно, објект што на барање на планинарите ќе биде реконструиран. „Градот Скопје на барање на планинарите одлучи да го уреди планинарскиот дом на врвот на Водно. Овој планинарски дом е викенд катче за голем број рекреативци, планинари и спортисти,  гордост на градот и едно […]

Амди Бајрам: Груевски се тргна, се тргнав и јас


Пратеникот Амди Бајрам на собраниската дискусија за реконструкција на Влада изјави дека го потврдува ставот оти тој е во коалиција со тој што е на власт. – Жал ми е што ве напуштам, но морав, јас сум со тој што е на власт. Така е во политиката, никој со никого не е во брак, маж […]

Заев: Граѓаните ќе бидат уверени дека сме на вистинскиот пат


Собранието во рамки на 49. седница денеска ја почна расправата за избор на нови министри. Премиерот Зоран Заев во своето експозе истакна дека Македонија е на вистинскиот пат, се движи во добра насока и оти во тоа ќе бидат уверени сите граѓани знаејќи дека ни претстојат сериозни реформски активности и реализација на  големи одлуки од […]

Заев и Џафери го надмудрија Мицкоски: Владата ќе се проветрува додека ВМРО-ДПМНЕ митингува


Расправата за реконструкцијата на Владата ќе почне точно на годишнината од смената на власта, а не е исклучено да продолжи и следниот ден – кога ВМРО-ДПМНЕ треба да го одржи протестниот митинг на „Илинденска“. Проширувањето на парламентарното мнозинство и првиот опозициски митинг по смената на кормилото на ВМРО-ДПМНЕ се наметнаа неочекувано како паралелни политички процеси, […]

„Големата“ реконструкција се сведе на козметика


Тивко незадоволство, според неофицијални информации, владее во СДСМ во врска со претстојната владина реконструкција, која, иако беше долго и бомбастично најавувана, ќе се сведе најверојатно на смена на еден до два кадри, и тоа токму од најголемата владејачка партија. За разлика од претходниот пат, кога СДСМ доби едно министерско место плус – во важниот ресор […]

Доаѓа нов функционерски бран


Одлуки за распишување огласи за пополнување најмалку петнаесетина функционерски места се најдоа вчера на дневен ред на парламентот. Станува збор за институции чии раководства ги избира парламентот и кои овој пат треба да бидат пополнети од кадри кои би добиле поддршка од новото парламентарно мнозинство, односно главно од СДСМ и од ДУИ. Според најавите, дел […]

Заев до Собранието ќе ги достави предлозите за реконструкција на Владата


Премиерот Зоран Заев денеска до Собранието на Република Македонија треба да ги достави предлозите за реконструкција на Владата. –  Биографиите на новите министри, заменици и директори ќе бидат навреме поднесени до Собранието, со надеж дека до крајот на месецот ќе бидат ставени на дневен ред на пленарна седница за да се докомплетира Владата, изјави Заев […]

Владата уште без потврда дали ДПА и БЕСА ќе добијат министерски места


Од Владата се уште не потврдуваат дали ДПА и БЕСА на Африм Гаши ќе бидат дел од владиниот состав. Дел од медиумите, повикувајќи се на партиски извори, синоќа објавија дека ДПА и БЕСА на Гаши ќе добијат по едно министерско место и оти ова е договорено на средба со премиерот Зоран Заев. Според пишувањата во […]

Реконструкција во 100 чекори – надградена и проширена


Александра М. Митевска Некаде околу 20 февруари годинава премиерот Зоран Заев најави реконструкција на Владата, само два месеци откако ја направи првата интервенција во неговиот кабинет – тогаш поради испразнетите места за време на локалните избори, преземањето на Министерството за здравство и заминувањето на Алијансата на Албанците од „Илинденска“. Од таа негова бомбастична најава поминаа […]

Дескоска се пожали дека споменување на нејзиното име како дел од реконструираниот владин состав и ја отежнува работата


Министерката за образование Рената Дескоска денеска изјави дека очекува за две недели да бидат познати решенијата во однос на реконструкцијата на Владата што ја најави премиерот Зоран Заев. Таа се пожали дека  постојаното споменување на нејзиното име како дел од новите решенија во реконструираниот владин состав и ја отежнува работата на актуелната функција во МОН. […]

Шекеринска: Реконструкцијата на Владата ја одложиле поважни прашања


Реконструкцијата на Владата ја одложиле поважни прашања и се прават анализи, рече вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска вечерва во гостувањето во емисијата Топ тема на ТВ Телма. – Сакавме да се прошири и сакаме да се прошири и парламентарното мнозинство  бидејќи има одреден број партии кои сакаат да влезат во Владата, разговараме на повеќе фронтови, […]

Седум пратеници плус – за две места во Владата


Привршуваат разговорите за проширување на парламентарното мнозинство и за реконструкција на Владата. Ова го потврди вчера премиерот Зоран Заев, информирајќи дека во понеделникот имал средби со раководството на Беса, со крилото предводено од Африм Гаши и со ДПА, како и дека консултациите продолжуваат. – Сите ги очекуваат предлозите кои произлегуваат од мене како премиер. Според […]

Заев повторно одложи: Реконструкција на Владата по празникот


На крај се разговорите за најавената владина реконструкција, рече денеска премиерот Зоран Заев. По првомајските празници тој пред јавноста и во Парламентот ќе ги соопшти промените во составот на Владата, а потоа и промените на директорските позиции во одредени институции. – Течат разговорите и преговорите. Повеќе ги користам викендите за оваа работа. Се надевам дека […]

Заев очекува исчекор од денешната средба за името во Виена


Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува исчекор од денешната средба во Виена на шефовите на дипломатите на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот на Обединетите нации за спорот со името, Метју Нимиц. Како што рече денеска премиерот, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на годишната програма за вработување, верува во двајцата […]

Заев: Реконструкција на Влада откако ќе се прошири парламентарното мнозинство


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е се уште рано да се зборува за реконструкција на Владата и оти прво треба да бидат завршени разговорите за зголемување на парламентарното мнозинство. – Не сме дошле до таму. Јас реков дека до крајот на месецов ќе разговараме за зголемување на парламентарното мнозиснство. Ред е прво да видиме […]

Министерот во оставка сѐ уште министерува


Билен Саљији од ДУИ сѐ уште е министер за правда во владата на Зоран Заев, иако поднесе оставка пред неколку седмици, за што како причина го наведе судскиот случај со малиот Алмир од Куманово. Саљији најави дека се повлекува набргу откако премиерот објави дека ќе го „проветрува“ кабинетот. Но, додека се чека Заев да објави […]

Заев: Реконструкција на Владата до крајот на април


До крајот на април се очекува да заврши реконструкцијата на Владата, најави денеска од Штип премиерот Зоран Заев. Прашан дали министерското место за правда ќе остане за кадар на ДУИ, Заев со одговор дека преговорите за тоа прашање се во тек. – Разговараме веќе за одредени кадри. Јас почнав разговори веќе со политички партии и […]

И по Лазе – Чедо


Централниот одбор на СДСМ, највисок партиски форум меѓу два конгреси, доби во неделата, во глуво доба, тројца нови членови: едниот – Костадин Костадинов, од новото пратеничко лоби на владејачката партија кој ја има и привлегијата да биде од Струмица; вториот – Андреј Жерновски, довчерашен либералдемократ – сепак доволно политички конзистентен и етаблиран за да може […]

„Илинденска“ бр. 2 пред широка реконструкција


СДСМ, можеби и ДУИ ќе треба да отстапат по едно министерско место во владиниот кабинет, а и натаму е отворена можноста за воведување вицепремиерско место за спроведување на реформите. Вакви се првичните очекувања од реконструкцијата на извршната власт што премиерот Зоран Заев ја најавува веќе подолго време, а сега повторно ѝ даде гласност – на […]