Огромен скок кај расходите за субвенции и трансфери во ланскиот Буџет, голем пад кај капиталните инвестиции, оценува ДЗР


Државниот завод за ревизија го објави конечниот ревизорски извештај на Буџетот на Република Северна Македонија, при што нотира дека буџетскиот дефицит на ниво на Централен Буџет, според макроекономските индикатори објавени од страна на МФ за 2024 година изнесува 4,4% од БДП и е понизок во однос на 2023 година кога изнесуваше 4,8% од БДП. Државниот […]

Сите дубари на МОН: Кујната во СД „Тетово“ без вентилација, 12 милиони евра за учебници што скапуваат


Кујната во Студентскиот дом „Тетово“ не функционира, затоа што „заборавиле“ да направат вентилација, па набавената опрема не е ставена во употреба, а дел од објектот за кој се потрошени 3.450.000 евра не може функционално да се користи за намената за која е предвиден, констатира Државниот завод за ревизија во последниот извештај за работата на МОН. […]

По оставката во ДКСК, Димитровска се враќа во Државниот завод за ревизија


По оставката од претседателската функција во Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска се враќа на своето претходно работно место во Државниот завод за ревизија, објави Телма. Од институцијата за телевизијата потврдиле дека таа повторно ќе ја извршува функцијата помошник на главниот државен ревизор, која ѝ била во мирување додека раководела со ДКСК. […]

Државниот буџет оштетен за скоро два милиона евра, покажала ревизијата во Министерството за економија


Бројни неправилности, нетранспарентност и низа прекршувања на внатрешните прописи, управните и законските процедури констатирала ревизијата во Министерството за економија што ја иницираше актуелниот министер за економија и труд Бесар Дурмиши. Постојат сознанија, соопшти денеска Дурмиши, дека државниот буџет е оштетен за 127 721 000 денари или за приближно два милиона евра како резултат на непреземање […]

Наплатените придонеси од плата на Фондот на ПИО и во 2023 не доволни за покривање на дефицитот од 33 отсто за исплата на пензии, утврди ДЗР


Именување директор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување спротивно на законот, несоодветна исплата на средства за време на изборниот процес, делумно неидентификувани уплати на придонес, се само дел од наодите на Државниот завод за ревизија кој изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот на ПИОМ за 2023 година. Со […]

Државен завод за ревизија: Општина Прилеп со буџет без програми


По извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност на Општина Прилеп за 2022 година, Државниот завод за ревизија констатирал состојби, неправилности и неусогласености од различна природа, кои влијаат на изразување на неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за минатата година и за усогласеноста со законската регулатива на сметките 630 и […]

Како општините потфрлиле во заштитата на своите жители за време на пандемијата?


Остварените сопствени приходи на општините во 2020 година бележат намалување од 15,2 отсто во однос на претходната година и нивниот износ од 8.000 денари по глава на жител, не е доволен за креирање на ефикасни политики на локално ниво и нивно ефективно спроведување со цел обезбедување на квалитетни услуги за граѓаните, дотолку повеќе што третина […]

Група републиканци во САД бара ревизија на средствата доделени на Украина


 Некои претставници на Републиканската партија во Претставничкиот дом на Конгресот на САД, побараа финансиска ревизија на средствата што Конгресот ѝ ги додели на Украина од јануари 2021 година. За ова информираше Марџори Тејлор Грин, членка на Долниот дом на Конгресот од Џорџија. – Поднесувам до Претставничкиот дом нацрт резолуција, со што бараме од претседателот на […]

Ревизија најде неправилности во работењето на Општина Аеродром, ги прозва и Марин и Муцунски


Општина Аеродром речиси сите пари наменети за поддршка на спортот ги давала на МЗТ Скопје Аеродром, утврди Државниот завод за ревизија, кој денеска ги објави конечните ревизорски извештаи од извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Општина Аеродром, на сметката на основниот буџет, за 2020 година. Дополнително ДЗР направи забелешки на […]

Државните ревизори не можат да влезат во ниту една државна институција


Државните ревизори веќе не можат да влезат и да направат финансиска контрола во ниту една државна институција. Вработените во Заводот велат дека не можат да си ги вршат редовните задачи, бидејќи парламентот им ги врза рацете. Имено, Заводот за ревизија со месеци нема главен ревизор, а од почетокот на месецот му истече мандатот и на […]

Грција не оди кон поспецифични преговори за името доколку прво не се смени Уставот


Грчкиот премиер Алексис Ципрас на лидерите на грчките политички партии во телефонскиот разговор им ја повторил владината позиција за сложено име за севкупна употреба, уставна ревизија и спроведување на истата како предуслов за интеграција во меѓународните организации, соопштуваат од неговиот кабинет. Во однос на името, Ципрас ги известил претседателите на партиите дека владата не оди […]

СДСМ, ДУИ и ДПА под ревизорска лупа, вистинитоста на партиските сметки под прашалник


Државниот завод за ревизија ги анализираше финансиските извештаи на СДСМ, ДУИ и ДПА за 2016 година и кај сите најде одредени нерегуларности. Додека забелешките во однос на тогаш опозицискиот СДСМ се однесуваат главно на нерешениот сопственички статус за дел од партиските објекти и начинот на собирање членарина, кај ДУИ се нотирани неколку прекршувања на Законот […]

ДУИ се финансира нелегално, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сомнително


Резервираност кај СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а незадоволство кај партиите со албански предзнак во земјава, изразува Државниот завод за ревизија кога е во прашање финансирањето на ланските локални избори, како и на редовното опслужување на политичките субјекти. Недоследности има и во работењето на Државната изборна комисија. Не се чисти сметките ниту во државните универзитети. Но олеснувачка […]

Ревизорски комитет во Владата ќе ја следи реализацијата на препораките од ревизорските извештаи


Ревизорски комитет како постојано тело при Владата составен од шест члена, а со кој ќе претседава министерот за финансии ќе биде задолжен за разгледување на ревизорските извештаи за дадените препораки и имплементација на акциските планови за реализација на препораките во ревизорските извештаи од Државниот завод за ревизија. Цвета Ристовска, помошник на главниот државен ревизор, информира […]