„Рајанер“ го намали бројот на летови за 16 проценти на пазарот на поранешна Југославија


Повлекувањето на „Рајанер“ од српскиот пазар и делумното намалување на операциите во Босна и Херцеговина во текот на претстојната зимска сезона, заедно со симболичното присуство во Црна Гора преку само една линија, ќе доведат до тоа нискобуџетниот превозник да го намали бројот на летови и капацитетот на седишта на пазарите на поранешна Југославија за 16 […]

„Се сеќавам само на експлозијата“: Исповед на српскиот патник од авионот на „Рајанер“


  Љубиша Каровиќ се сеќава на експлозијата непосредно пред речиси да биде извлечен од авионот. Громовитиот шум од кршењето на прозорецот што го разбуди од сон на седиштето 11Ф, неговото седиште до прозорецот на летот на „Рајанер“ рано наутро од Грција до Германија. Единаесет дена и 11 ноќи подоцна, тоа останува прелудиум „кон хаосот, катастрофата“ […]

„Нова економија“: Инцидентот како оној со српскиот патник во авионот на „Рајанер“ не е единствен


Инцидентот во кој српски патник беше делумно извлечен низ скршен прозорец на авион на „Рајанер“ е само еден од 56-те инциденти и несреќи регистрирани на патнички летови во светот од почетокот на 2024 година, објави „Нова економија“. Од нив, 12 се однесуваат на летови на нискобуџетни авиокомпании, покажуваат податоците на базата „Авиејшн сејфти нетворк“ (Aviation […]

„Рајанер“: Прелиминарната истрага за инцидентот со прозорецот упатува на оштетување на моторот од „туѓ предмет“


Прелиминарните наоди од истрагата за инцидентот во кој српскиот патник Љубиша Каровиќ беше делумно извлечен низ скршениот прозорец на авион „Боинг 737-800“ на компанијата „Рајанер“ упатуваат на оштетување на моторот предизвикано од туѓ предмет – изјави денеска главниот извршен директор на компанијата, Мајкл О’Лири. Таканареченото оштетување од туѓ предмет (Foreign Object Damage – FOD) во […]

„Ако умреме, нека умреме заедно“: Жената на српскиот патник од „Рајанер“ ја раскажува драмата во авионот


  Жената која го спаси својот сопруг од целосно извлекување од авион на „Рајанер“ на средина од летот, рече дека додека ги држела неговите нозе си помислила: „Ако умреме, ќе умреме заедно“. Љубиша Каровиќ бил вовлечен со главата на летот во петокот откако дефект на моторот резултираше со делови што го скршиле акрилниот прозорец. „Половина […]

Aero.rs: Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“


Иако авионот на „Рајанер“ со сериозно оштетен десен мотор и скршен прозорец слета безбедно во Солун, истрагата за инцидентот ја води Македонија, бидејќи настанот се случил во македонскиот воздушен простор, пишува Aero.rs. Американскиот Национален одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ) соопшти дека назначил акредитиран претставник кој ќе ѝ помогне на Македонија во истрагата за сериозниот […]

Зошто „Рајанер“ бара 20 евра од Скопје, а од другите аеродроми не?


  Аеродромите во Скопје и во Охрид и натаму се едни од ретките воздухопловни пристаништа во регионот и пошироко, кои не се на понудата на „Рајанер“, една од најголемите нискобуџетни авиокомпании во Европа. Во средината на минатата година (мај-јуни) македонската влада и ирскиот авиопревозник беа блиску до договор, но работатa се прекрши околу висината на […]

„Рајанер“ смирува за летните цени на билетите


Ирската нискобуџетна авиокомпанија Рајанер објави скок на годишните приходи и профит, проценувајќи дека цените на летните патувања во највисоките нивоа треба да останат на минатогодишното ниво, со намален ризик од недостиг на гориво. Во фискалната година што завршува во март, приходите на Рајанер се зголемија за 11 проценти на 15,54 милијарди евра. Нето добивката по […]

„Рајанер“ ќе ја затвори базата во Солун


„Рајанер“ ќе ја затвори својата база на аеродромот во Солун во Грција оваа зима и ќе го намали бројот на летови до и од градот, откако операторот на аеродромот Фрапорт ги зголеми годишните такси, изјави вчера неговиот главен комерцијален директор. Во разговор со новинарите во Атина, Џејсон Мекгинес рече дека немало напредок во разговорите меѓу […]

Извршниот директор на „Рајанер“ предвидува пропаст на европските авиокомпании ако цената на горивото остане висока


  Мајкл О’Лири, извршен директор на авиокомпанијата „Рајанер“, изјави дека европските авиокомпании ќе пропаднат ако цената на горивото за авиони остане висока во текот на летото. Во интервју за CNBC, тој рече дека неговата авиокомпанија е заштитена бидејќи има осигурано 80 проценти од своето гориво, но предвиде вистинска пропаст за другите авиокомпании ако цената на […]

„Рајанер“ намалува голем број летови низ Европа поради високи даноци, погодени и Босна и Србија


Нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ објави откажување на голем број рути низ Европа за 2026 година, што ќе влијае на милиони патници во Шпанија, Франција, Германија и други земји. Одлуката за намалување на бројот на летови доаѓа по многу активна деловна година во 2025 година, во која компанијата ја прошири својата мрежа на летови од една страна, […]

Јавна расправија меѓу Елон Маск и директорот на Рајанер: Се нарекоа „идиоти“


Спорот околу Wi-Fi во летот ескалираше во јавна вербална расправија меѓу Елон Маск и извршниот директор на Рајанер, Мајкл О’Лири, спротивставувајќи го еден од најбогатите луѓе во светот против најгласниот шеф на авиокомпании во Европа. Конфликтот стана јавен откако О’Лири го навреди Маск и неговиот бизнис со сателитски интернет во радио емисија на ирскиот Newstalk. […]

„Рајанер“ казнет со 256 милиони евра


Италијанските органи за конкуренција изрекоа висока казна од 256 милиони евра на нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ за наводно спроведување „злоупотреблива стратегија“ за блокирање на пристапот до нејзините услуги на туристичките агенти. Злоупотреба на туристичките агенти Италијанскиот орган за конкуренција (AGCM) соопшти дека „Рајанер“ го комплицирал процесот на резервација на летови за туристичките агенти преку својата веб-страница, […]

„Рајанер“ непријатно ги изненади патниците: „Ги откажуваме овие попусти затоа што…“


Рајанер одлучи да ја суспендира својата програма „Prime“ откако осуммесечното пробно тестирање покажа дека авиокомпанијата губи премногу пари поради попустите на авионските билети. Рајанер објави кратко соопштение во кое потврдува дека ја затвора својата Prime VIP програма. Последниот ден кога оваа VIP програма беше валидна беше петок, 28 ноември. Исто така, соопшти дека авиокомпанијата повеќе […]

Авиокомпанија драстично казнета за вечно доцнење: Го губи правото на слетување


Авиокомпанијата „Раjанер“ ги губи правата за слетување во Ајндховен поради доцнење на летовите. Ирската авиокомпанија „Раjанер“ изгуби два од своите слота за слетување на аеродромот во Ајндховен поради чести доцнења на летовите, објави холандскиот весник „Ејндховенс Дагблад“. Координацијата на аеродромите на Холандија (ACNL), телото кое доделува слотови, откри дека „Рајанер“ доцнел на летовите во понеделник […]

„Рајанер“ најавува големи промени: Пријавување онлајн, на аеродром ќе се наплаќа 55 евра


Нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ воведува голема промена – целосно ги елиминира своите шалтери за пријавување, како дел од својата стратегија за премин кон исклучиво дигитален бизнис. Патниците ќе мора однапред да се пријават за својот лет преку интернет и да имаат дигитална или претходно испечатена карта за влез во авионот со себе, пишува MSN. Новите правила […]

Македонија го одбила „Рајанер“: Државата ќе банкротираше од нивните барања, вели Николоски


  Македонската влада не успеа да постигне договор со „Рајанер“ за влез на нивниот пазар и ги означи барањата на ирскиот нискобуџетен превозник како „невозможни“. Министерот за транспорт на Македонија, Александар Николоски, изјави дека имале неколку средби со претставници на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“, објави порталот за авиоиндустрија „Екс-ју авиејшн“ (Ex-Yu Aviation). „Се сретнавме со […]

„Рајанер“ отвора нова база на аеродромот во Тирана со три авиони Боинг 737-800, инвестиција од 300 милиони долари


Најголемата европска авиокомпанија и најбрзо растечкиот превозник во Албанија, „Рајанер” ќе ја отвори својата прва база на аеродромот во Тирана во април 2026 година, објави Топ чанел. -Ќе смести три авиони Боинг 737-800, што претставува инвестиција вредна 300 милиони долари. Со  проектот предвидени се повеќе од три илјади работни места, вклучувајќи околу 100 нови, добро […]

Авион на „Рајанер“ го оштетил крилото на грчки аеродром, удрил во ограда


Авион „Боинг 737 MAX 8-200“ на „Рајанер“ претрпе оштетување на врвот на десното крило откако удри во заштитна ограда додека се движеше по грчки аеродром. Нема повредени патници или членови на екипажот, а авионот беше ставен во сообраќај по инцидентот. Летот FR6080 на „Рајанер“ тргна од аеродромот „Станстед“ во Лондон вчера во 9 часот наутро. […]

Авион на „Рајанер“ итно слета во Германија. „Мислев дека авионот ќе се распадне“


Авион на „Рајанер“ што леташе од Берлин до Милано синоќа итно слета во јужна Германија поради силни турбуленции предизвикани од бура, при што беа повредени девет патници, соопшти полицијата. Според соопштението на баварската полиција, авионот морал да слета во Меминген, околу 113 километри западно од Минхен, поради лоши временски услови. Иако слета безбедно, девет лица […]