Има, па нема лекови: Терапијата за рак на кожа често зависи од донации


  Ракот на кожа (меланом) доцна се открива кај половина од пациентите, се случува да недостига терапија и соодветни тестови за навреме да се дијагностицира болеста. Ова го посочија пациенти и пациентски организации на вториот национален симпозиум за меланом, кој се одржа во организација на Здружението „Борка – за секој нов ден“. Биба Додева, претседателка […]

Се монтира акцелератор за болните од рак „заборавен“ во подрумот на битолската болница


Клиничка болница во Битола денеска почна да инсталира акцелератор за терапија на лица заболени од канцер и се очекува тој да биде во функција за неколку месеци. Заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски денеска ја посети болницата при што изјави дека акцелераторот необјасниво долго бил во визбите на таа јавна здравствена установа, но со денешниот почеток […]

Во Македонија од рак годишно умираат по околу 4.000 луѓе


Мажите најчести жртви на најлошата болест, малигната неоплазма. Од рак во Македонија во 2016 година починале 3.882 лица, а стапката на морталитет се движи од 183.3 на 100.000 население во 2010 година до 187.3 во 2016 година. Најмногу од заболените се од карцином на бронх и бели дробови, а скопскиот регион предничи со абнормални заболувања. […]

Светот пред револуционерно откритие: Пронајдена вакцина против рак


Револуционерна вакцина против рак, која напаѓа тумори низ целото тело влегува во фаза на тестирање врз луѓе, објави реномираниот магазин „Сајенс медисин“. Научници од Универзитетот Стенфорд тврдат дека само една инјекција поттикнува имунолошка реакција на организмот и се напаѓаат сите тумори кои евентуално метастазирале. Тестирањето врз луѓе почнува откако тестирањето врз глувци, според научниците, поминало […]

Пчелиниот отров природен ботокс, лек за канцер и епилепсија


Природен ботокс, лек за остеопороза, кардиоваскуларни и кожни болести, канцер, мозочни удари, епилепсија, се само некои од својствата што му се припишуваат на пчелиниот отров т.н. апитоксин. Апитоксинот во светски рамки наоѓа широка примена и e се попопуларен. Собирањето е пракса, а фармацевтската индустрија го откупува по 130 американски долари за грам, но бара да […]

До 2050 година ракот нема да биде смртоносна болест


Човештвото во следните три и пол децении ќе ја однесе најважната победа во борбата против ракот, кој до 2050 година ќе престане да биде смртоносна болест за луѓето помлади од 80 години, соопшти Лондонскиот универзитетски колеџ. Научниците од Лондон веруваат дека во релативно краток рок медицината толку ќе напредува што со ракот нема да можат […]

Антибиотиците стануваат поопасни од ракот


Отпорноста на антибиотици секоја година покосува по 25.000 животи во земјите од Европска Унија и 700.000 животи ширум светот. Се проценува дека до 20250 година тоа ќе биде почеста причина за смрт од ракот, освен ако не се превземат драстични мерки. Најзначајниот дел од напорите на ЕУ да го реши тој проблем е да ја […]

Славната тенисерка Јана Новотна почина од рак


Тага и неверувањето завладеа со тенискиот свет. Славната чешка тенисерка, Јана Новотна (49) ја загуби битката со ракот и почина вчера во семејниот дом. „Јана беше инспирација и на теренот и надвор од него. Сите што ја запознаа – ќе Ви го кажат тоа“, рече претседателот на ВТА, Стив Симон. Својот најголем успех во кариерата,  […]