Претседателот на соседна држава треба повеќе да се занимава со реформите во неговата држава, истакна Ковачевски


Премиерот Димитар Ковачевски сѐ уште на ја видел денешната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев според кој, земјава „не ја научила лекцијата од лани да не лобира кај членките во ЕУ или во европските институции“, но истакна дека претседателот на соседна држава треба повеќе да се занимава со реформите во неговата држава. -Не сум ја […]

Радев: Уставот е темелот на државното уредување – затоа, внимателно!


Уставот е темелот на државното уредување и општествените односи, а интервенцијата во овој темел и неговата промена мора да се направат крајно внимателно, за да се гарантира одржливост на општествено-политичките процеси, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев по отворањето на тридневниот форум „Зелена недела 2023“, посветен на зелената транзиција во земјите од Централна и Источна […]

На протест во Софија демонстрантите го нарекоа претседателот Радев „агент на Путин“


Над илјада демонстриранти во Софија, синоќа протестираа против претседателот Румен Радев, за кој велат дека промовира проруски ставови. Демонстрантите вееја знамиња на Бугарија, ЕУ и НАТО барајќи Бугарија да продолжи по својот прозападен пат. Протестот е втор во оваа недела и се одржува под мотото „Бугарија е парламентарна република и полноправна членка на ЕУ и […]

Радев на 15 мај на партијата ГЕРБ ќе и го врачи првиот мандат за формирање влада


Претседателот на Бугарија, Румен Радев следниот понеделник – на 15 мај, на партијата ГЕРБ ќе и го врачи првиот мандат за формирање влада. „Мандатот ќе го врачам следниот понеделник, на 15 мај. Верувам дека ова време ќе биде најдобро искористено и од Народното собрание и од партиите“, изјави денеска Радев. Неофицијалните очекувања беа дека шефот […]

Вучиќ и Радев на почетокот на изградбата на гасниот интерконектор во Костинброд


Претседателите на Србија и Бугарија, Александар Вучиќ и Румен Радев денеска се сретнаа во Костинброд, каде присуствуваа на почетокот на изградбата на гасниот интерконектор Бугарија-Србија, јави Бета. – Важен ден за Србија и Бугарија и за целиот регион. Продолжуваме да поврзуваме две земји, два народи и нашите економии, напиша Вучиќ во објава на Инстаграм. Под фотографијата на […]

Радев: Третиот мандат за нова бугарска Влада ќе биде врачен по Нова година


 Третиот мандат за формирање нова бугарска Влада ќе биде врачен по Нова година, за да има избори во Бугарија во месец март, најави бугарскиот претседател Румен Радев на консултациите со „Демократска Бугарија “. Радев изрази надеж дека нема да дојде до ваква ситуација, коментирајќи дека има повици од различни кругови во Бугарија веднаш да се […]

Радев: Инцидентот во Полска е неприфатлив и претставува ризик за дестабилизација на целиот регион


Претседателот на Бугарија, Румен Радев, во врска со експлозијата на полската територија, изјави дека инцидентот во Полска, кој доведе до загуба на човечки животи, е неприфатлив, претставува ризик за дестабилизација на целиот регион и за проширување на територијалниот опсег на војната на Русија против Украина, јави дописникот на МИА од Софија. Според Радев, „потребно е […]

Радев ги почнува консултациите за состав на новата влада


  Бугарскиот претседател, Румен Радев, денеска ја почнува серијата консултации во рамките на уставната процедура за формирање на нова влада на Бугарија, соопшти самиот. Како што јави дописникот на МИА од Софија, први на консултации ќе бидат повикани претставници од најголемата партија во народното собрание- ГЕРБ-СДС. Претседателот Радев најави дека нема да брза со консултациите […]

Радев: Се надевам дека овој парламентарен состав ќе ја запре политичката нестабилност


Искрено се надевам дека 48. Народно собрание ќе нè изведе од спиралата на политичка нестабилност, а клучот е токму во вас. Тоа го истакна претседателот на Бугарија Румен Радев од собраниската говорница во своето обраќање до народот и новоизбраното 48. Народно собрание кое денеска ја одржува првата свечена седница. – И покрај краткиот живот на […]

Бугарските социјалисти незадоволни од Радев, доцни конститутивната седница на Народното собрание


  Пратеникот на Бугарската социјалистичка партија, Георги Свиленски, го критикуваше претседателот Румен Радев заради одложувањето на конститутивната седница на новоизбраното 48. Народно собрание, јави дописникот на МИА од Софија. Според Свиленски, во ситуација во која светот зборува за Трета светска војна, бугарскиот Парламент не работи и прашува кому му требаат 10 дена бугарскиот Парламент да […]

Радев: Ќе ги обезбедам сите услови за да има време за дијалог меѓу партиите


Претседателот на Бугарија, Румен Радев најави дека на парламентарните партии ќе им ги обезбеди сите услови според Уставот, за да имаат доволно време за дијалог и разговори за формирање стабилно мнозинство за формирање влада на државата. Радев идната недела по разговорите со партиите ќе соопшти кога ќе го свика 48. Народно собрание на Бугарија. „Сега […]

Радев: Бугарија е подготвена да го зголеми извозот на струја во Македонија согласно европските правила


 Претседателот на Бугарија Румен Радев изјави дека Бугарија е главен извозник на електрична енергија во регионот и дека е подготвена да го зголеми својот извоз во Република Северна Македонија во согласност со правилата на европскиот енергетски пазар и бугарското законодавство и интересот на бугарските граѓани и бизниси, јавува дописникот на МИА од Софија. Радев изјави […]

Радев: Интерконекторот меѓу Бугарија и Грција има сериозна регионална и геополитичка димензија


Претседателот на Бугарија Румен Радев оствари средба со сопственикот и раководството на грчката градежна компанија која го гради гасниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција и раководството на проектната компанија, јави дописникот на МИА од Софија. Според Радев, меѓусистемската гасна врска меѓу Бугарија и Грција е објект со силна регионална и геополитичка димензија. И овој објект […]

Радев одлучи да го додели третиот мандат за нова влада на Бугарија на БСП


Бугарскиот претседател Румен Радев утре во 17 часот по локално време ќе го врачи мандатот за предлагање кандидат за премиер од пратеничката група на „БСП за Бугарија“, соопшти прес-службата на Радев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев одржа политички консултации со парламентарните партии во 47. Народно собрание и имаше можност да избере […]

Радев: Бугарија категорично ја поддржува Црна Гора на патот кон ЕУ


Претседателот на Бугарија Румен Радев, кој е во посета на Црна Гора, изјави дека Бугарија категорично ја потврдува поддршката за европскиот пат на Црна Гора, пренесува БНР. Како што јави дописникот на МИА од Софија, по средбата со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во историската престолнина Цетиње, Радев изјави дека Црна Гора е најнапредната земја во […]

Нинова остро кон Радев: Тоа што го правите на темата Македонија е подлост


  Лидерот на БСП, Корнелија Нинова, која е вицепремиер и министер за економија, во остар напад го повика претседателот Румен Радев да престане да шпекулира за Македонија и ја оцени неговата политика кон темата за „подлост“ „Господине претседателе, да се користи патриотизмот на Бугарите за да се добие личен рејтинг е подло“, напиша таа на […]

Радев: Францускиот предлог е чекор во правилна насока, но треба да се разјаснат некои прашања пред да се крене ветото


Предлогот на француското претседателство е чекор во правилна насока, но остануваат голем број прашања кои треба да се разјаснат пред да се укине ветото, оценува претседателот на Бугарија Румен Радев, коментирајќи го францускиот предлог за надминување на бугарско-македонскиот спор и отворање на преговорите со ЕУ доставен од премиерот Кирил Петков до Комисијата за надворешна политика, […]

Радев му ги повторил старите ставови на Вархеи


  Процесот на европска интеграција на Македонија мора да биде одржлив и да се надоврзува на нејзините достигнувања во исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ. Ова го истакнал претседателот Румен Радев на средбата во четири очи со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеи, кој е во посета на Бугарија. Прес-службата на шефот […]

Радев и Донфрид разговараа за европската перспектива за Северна Македонија


Претседателот на Бугарија Румен Радев телефонски разговарал со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид за европската перспектива на Република Северна Македонија, соопшти прес-службата на бугарскиот претседател. Како што јави дописникот на МИА од Софија, двајцата го осудиле како недозволиво палењето на бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола. Според Радев, […]

Макрон разговарал со Ковачевски и со Радев, подготвен е за состанок со Софија и Скопје за билатерален договор


Францускиот претседател Емануел Макрон, по синоќешните телефонски разговори со бугарскиот претеседател Румен Радев и со македонскиот премиер Домитар Ковачевски, соопшти дека е подготвен да ги пречека во Париз „кога ќе дојде време“ властите на Бугарија и Северна Македонија со цел да се склучи билатерален договор што ќе овозможи отворање на преговорите за пристапување на Северна […]