Работните групи ја почнаа расправата за францускиот предлог


  Како што беше најавено, денеска попладне во Клубот на пратениците започна средбата на работните групи на политичките партии за разгледување на француски предлог со кој би се тргнало бугарското вето за почеток на преговори на Македонија со Европската унија. Се очекува на средбата партиските претставници да ги изнесат своите ставови и забелешки за предлогот. […]

И Бугарија ги формираше работните групи во пресрет на меѓувладината седница во вторник


И бугарската Влада ги формира работните групи за соработка со Северна Македонија, кои треба да го интензивираат процесот на приближување и да го отворат патот за решавање на спорот меѓу двете земји, во рамки на новиот пристап и динамика, кои беа најавени од премиерите на двете земји, Димитар Ковачевски и Кирил Петков. Со наредба на […]

Формирани владините работни групи за продлабочување на соработката со Бугарија


Владата на своја денешна четврта седница го донесе Решението за назначување на копретседавачи и членови во заедничките меѓувладини работни групи за продлабочување на билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија, што како заклучок беше произлезен од состаноците за време на официјалната посета на делегацијата на бугарската Влада на нашата земја. Како што соопшти владината Прес-служба, […]

Кирил Петков очекува брза средба со новиот македонски премиер


  Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска од Брисел изјави дека се надева на брза средба со новиот претседател на македонската влада и формирање заеднички работни групи за постигнување конкретни резултати. Петков денска беше во Брисел на средба за запознавање со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Заедно со него беа и вицепремиерот Асен […]

Законот за обвинителство ја „надживеа“ и одлуката од Брисел


Ниту средината на октомври, односно пред одлуката од Брисел за (не)добивање на датум за преговори со ЕУ, не се покажа како краен рок кога требаше да биде донесен законот за обвинителство. Партиите ја префрлаат одговорноста кон политичкиот противник обвинувајќи ги за неуспехот во донесувањето на законот, кој иако беше посочуван како невлијателен за судот на […]

Ако нема брз договор меѓу партиите, пописот ќе се одложи


Работните групи на власта и на опозицијата ниту неделава не се сретнаа за да разговараат за разликите околу пописот. Двете страни потенцираат оти ставовите им се толку различни што засега би било бадијала да седнат на заедничка маса. Тоа значи дека виси и донесувањето на законот за пописот, без кој е невозможно изведувањето на статистичката […]

На СЈО ќе му (пре)судат амандмани


Денеска, првпат по одморите, пратениците  ќе седнат во собраниските клупи. На дневен ред ќе го добијат законот за Обвинителство со кој се бара начин како да се продолжи иднината на Специјалното јавно обвинителство. Предлозите на владата засега не се прифатливи за опозицијата, чии гласови се неопходни при добивањето двотретинско мнозинство. Позициите на власта и на […]

Менкиноски: Може Катица и да остане, проблемот е во законот


Работните групи на власта и на опозицијата в петок ќе имаат нов состанок за да најдат заедничко решение за иднината на Специјалното јавно обвинителство. Завчерашната прва средба, која траеше помалку од пет часа, заврши неуспешно. Од двата табора признаваат дека разликите се огромни, но власта ќе инсистира да се реши проблемот, затоа што статутот на […]

Сé уште не се формирани работните групи за законот за јавно обвинителство


И покрај најавите по средбата меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека работни групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ од 11 март интензивно ќе работат на новиот предлог-закон за јавно обвинителство со кој се предвидува интегрирање на Специјалното јавно обвинителство во Јавното обвинителство, тие сé уште не се формирани. Работната група […]

ВМРО-ДПМНЕ со предлог за „цементирање“ на пратеничкиот имунитет


Имунитетот на пратениците да се одзема со двотретинско мнозинство гласови и да се остави простор за негова реституција, односно за враќање. Тоа, според наши информации, е еден од предлозите за кои не можат да најдат заеднички јазик парламентарните партии во работната група за измените на собранискиот Деловник, за кои ќе се дискутира на претстојната средба […]

На повидок нови изборни правила: Повеќе буџетски пари, помалку донации за партиите


Политичките партии во земјава да се финансираат во најголем дел од државниот буџет за да се избегне нивна зависност од разни центри на бизнис и моќ, а Државната изборна комисија да функционира како административно тело во кое партиите ќе имаат свои претставници без право на глас… Ова, како што дознава „Независен весник“, се дел од […]

Денеска втора шанса за судските реформи


Собраниската комисија за политички систем денеска ќе расправа за системскиот закон за судови и за законот за Судскиот совет, кои се дел од реформскиот пакет, а кои во четвртокот не дојдоа на ред за усвојување во парламентот. Владејачкото мнозинство очекува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за судските закони, за да може да се обезбеди двотретинска поддршка за […]

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во тајна мисија за дијалог


Двете најголеми партии – владејачкиот СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ наголемо формираат работни групи кои треба да воспостават дијалог и да ги усогласат ставовите околу носењето повеќе закони за кои е потребен консензус или двотретинско мнозинство. Некои од групите, наводно, веќе и одржале првични средби. Ова го потврдуваат извори од двете партии, иако официјално не можат […]