„Билд“: Меркел на гости кај Трамп на 27 април


Германската канцеларка Ангела Меркел планира да ги посети САД на 27 април и да оствари средба со претседателот Доналд Трамп, објави германски „Билд“. Весникот нагласува дека неколку извори ја потврдиле посетата на канцеларката во САД во крајот на месецот. Засега нема потврда од нејзниот Кабинет.

Османи од Грција: Имаме историска шанса да го затвориме прашањето за името


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи вели дека Македонија има историска шанса да стави точка на прашањето за името. Османи во рамките на денешната работна посета на Република Грција, оствари средба со Министерот за надворешни работи на земјата, Никос Коѕијас, како и со Заменик Министерот за надворешни работи задолжен за европски прашања и меѓународни економски […]

Министерот за надворешни работи на Унгарија Сијарто утре во Македонија


Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија на покана на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. Како што соопшти МНР, во рамките на посетата, предвидено е министерот Сијарто да биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, од претседателот на Собранието Талат […]