Формирана Работна група за прашањето за најниските пензии


Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за формирање Работна група за разгледување предлози за прашањето за најниската пензија во Република Северна Македонија, како и пакет мерки за помош и поддршка на пензионерите и го донесе Решението за формирање на Работната група, соопшти владината прес-служба.   […]

Седница на Работната група за уставни измени


Работната група формирана при Министерството за правда со задача за подготвување на Предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот денеска ќе одржи седница. Како што информира Министерството за правда при формирањето на групата, откако ќе бидат подготвени измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамки на Собранието, а паралелно со работата на […]

Министерот за правда редовно ќе информира за функционирањето на работната група, тврди Ковачевски


Работната група ќе биде транспарентна во работењето. Не би се мешал во нејзината работа, верувам дека министерот за правда редовно ќе информира за тоа како функционира зашто таа е во рамки на тоа Министерство, изјави премиерот Димитар Ковачевски прашан за неговите очекувања од групата што од денеска треба да почне да работи на амандмани за […]

Истекува рокот за номинирање претставници во работната група за уставни измени, ВМРО-ДПМНЕ, Алтернатива, Левица, СПМ и ДС ја одбија поканата


Рокот за номинирање претставници во работната група за измени на Уставот што Министерството за правда им го даде на институциите и политичките партии истекува денеска. Освен парламентарните политички партии во работната група при Министерството за правда претставници треба да номинираат и од Кабинетот на Претседателот на државата, Министерството за надворешни работи, Секретаријатот за европски прашања […]

Грковска: Има сигнали за одблокирање на процесот во Меѓувладината група со Бугарија


Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска оцени дека соработката со колегите од Бугарија при работата во меѓувладината работна група за европска интеграција и зелени политики е одлична и се одвива во позитивна атмосфера, при што во разговорите се чувствува поинаква енергија отколку во изминатиот период. – Интересно е што и […]

МНР: Работна група ќе ги проверува сите именувања на амбасадори од 2006 година


Министерството за надворешни работи (МНР) во врска со последните изјави на претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика за именувањата и упатувањата на дипломати на највисоките позиции во амбасадите и конзулатите на земјава укажува дека во изминатава година на мандат се упатени 20 предводници на странските преставништва, од кои 16 се професионални дипломати од Министерството, […]

Работна група ќе ги утврдува причините за испадот во ТС „Скопје 4“ во Пинтија што го остави Скопје без струја


Формирана е работна група составена од стручни лица вработени во компанијата со единствена задача да ги лоцира причините за прекинот во снабдувањето со електрична енергија по испадот во напонската мрежа што се случи во неделата на 13 февруари во 17:20 часот во ТС „Скопје 4“ во Пинтија поради кој неколку општини во Скопје, делови од […]

Македонската работна група за името се вратила од Атина


Членовите во македонската работна група кои беа во Атина за со претставници на грчкото Министерство за надворешни работи да ја допрецизираат нацрт-спогодбата од Брисел, според неофицијални информаци, се вратиле во Скопје. Македонската работна група беше во Атина за со грчкиот тим да ги уредат деталите од рамката што ја договорија министрите за надворешни работи на […]

Работна група за тендерска документација за избор на универзален снабдувач со струја


Министрите на денешната владина седница ја разгледаа и ја усвоија Информацијата во врска со формирање на работна група која ќе подготви тендерска документација за спроведување на тендерска постапка за избор на универзален снабдувач со електрична енергија и снабдувач во краен случај со електрична енергија. – Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен […]

Формирана работна група која ќе го истражува проблемот со линданот во Охис


Во врска со решавањето на проблемот со линданот во АД Охис – Скопје, Владата на денешната седница формираше работна група која во рок од три месеци треба да ја информира за можните решенија на овој проблем. Во состав на работната група се генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, министерот за животна средина и просторно планирање  Садула […]