Над 46 отсто од возрасните мажи и 27 отсто од возрасните жени во земјава се никотински корисници


Статистичките податоци на Светската здравствена организација покажуваат дека нашата држава има висока стапка на пушење, односно над 46 отсто од возрасните мажи и 27 отсто од возрасните жени користат тутун или некаков никотински производ, изјави заменик министерот за здравство Јовица Андовски на заедничката прес-конференција со директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, претставникот на […]

Истражување: Пушењето влијае на здравјето и до 25 години по откажувањето


Научници од Јужна Кореја анализирале податоци на околу 5,4 милиони поранешни и сегашни пушачи и непушачи и откриле дека, понекогаш, може да бидат потребни и до 25 години за повторно да се намали опасноста од срцеви заболувања, откако едно лице ќе се откаже од цигарите. Наодите се објавени во списанието „Јама нетворк опен“ (Jama Network […]

Прегазен 85-годишен пешак во Муртино


Вчера на пладне, во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Муртино, струмичко, патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот Б.Б. од село Банско, струмичко, удрило во пешакот 85-годишниот М.З. од село Муртино, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на […]

ИЈЗ со телефонска линија за совети за откажување од пушење


Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) започнува телефонска линија за советување, со цел да ги поддржи лицата во процесот на откажување од пушењето. Квалификувани стручни лица ќе нудат персонализирани совети и стратегии за успешно ослободување од пушењето, информираат утрово од Институтот. Како што појаснуваат, линијата ќе биде достапна секои понеделник и среда од 11 до 13 […]

Британците ќе го забранат пушењето и во некои надворешни простори


Британската влада наводно размислува да го забрани пушењето во некои отворени простори за да го подобри јавното здравје, пренесе денеска ДПА.  Забраната за пушење може да важи за градините на пивниците, помалите паркови и рестораните на отворено. Владиниот портпарол одби да потврди дали таквите планови се навистина се разгледуваат на маса. -Не ги коментираме информациите […]

Презентација на резултати од две студии изработени од Аналитика


Аналитика тинк-тенк денеска го организира настанот „Преку зајакнување на фискалните и здравствените политики до намалени смртни случаи, спречување на пушење кај младите и зголемени буџетски приходи во Северна Македонија“. Ќе бидат презентирани резултатите и препораките од двете студии изработени од тимот на Аналитика „Влијанието на оданочувањето на цигарите врз намалување на пушење и зголемување на буџетски […]

Франција ќе го забрани пушењето на плажите, во парковите, шумите и во близина на училиштата


Франција ќе го забрани пушењето на сите нејзини плажи, како и во јавните паркови, шумите и во близина на училиштата, откако претседателот Емануел Макрон вети дека ќе ја создаде „првата генерација непушачи“ до 2032 година, пишува „Гардијан“. „Од сега па натаму, местата за непушачи ќе бидат норма“, изјави францускиот министер за здравство Орелиен Русо. Во […]

Оние кои се откажале од пушењето во своите 30-ти години може да очекуваат десет години подолг животен век


Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека очекуваниот животен век на оние кои престануваат да пушат во своите 30-ти се зголемува за околу десет години во споредба со оние кои продолжуваат да пушат, а циркулацијата се подобрува за период од две до 12 недели. Од првиот ден на откажување од пушење, високиот пулс, крвниот притисок, нивото […]

Меџити: Пушењето и употребата на тутун е на загрижувачки високо ниво


Резултатите од направените студии за бихевиоралните и културолошки аспекти за употребата и откажување од тутунот, како и презентација на статусот со инвестициите во тутунот во земјава, покажуваат дека пушењето и употребата на тутун во нашата држава е на загрижувачки високо ниво, односно, половина од населението секојдневно консумира цигари и производи од тутун, истакнал министерот за […]

Нов Зеланд со закон го укинува пушењето цигари


Парламентот на Нов Зеланд усвои единствен закон за постепено укинување на пушењето цигари, со воведување забрана за младите да ги купуваат.   Според законот, цигарите не смеат да се продаваат на луѓе родени на или по 1 јануари 2009 година, пренесува АП. Со новиот закон се намалува и бројот на продавници за тутун, од околу […]

Работилници за одвикнување од пушењето


По повод  31 Мај – Светски ден за борба против пушење, Центарот за семејна медицина, Медицински факултет Скопје во текот мај организираа шест работилници за одвикнување од пушење. Како што информираат од Катедрата по семејна медицина на Медицинскиот факултет – Скопје, работилниците се подржани од Европа Лек Фарма ДООЕЛ и Хемофарм Претставништво АД Скопје и се одржаа во Кочани, Битола, Тетово, […]

Научниците конечно ја решија мистеријата зошто некои долгогодишни пушачи никогаш не развиваат рак на белите дробови?


Пушењето цигари е фактор број еден на ризик за рак на белите дробови, а тутунските производи предизвикуваат до 90 проценти од смртните случаи од рак на белите дробови само во Соединетите држави. Без сомнение, најсигурниот начин да се заштитите од рак на белите дробови е да избегнувате пушење цигари, а сепак, во исто време, исто […]

Барселона воведе забрана за пушење на сите плажи


  По успешната пилот-програма која е спроведена во текот на летната сезона 2021 година, градските власти на Барселона одлучија трајно да воведат забрана за пушење на сите плажи. Забраната, која стапува на сила од 1 јуни, има за цел да ја заштити околината и да го осигура правото на граѓаните на уживање во чист, незагаден […]

Еве зошто се намалува „машкоста“: Заборавете на короната, лошата навика е виновна


Навиката што ја имаат огромен број луѓе, не само во Македонија, туку и во светот, негативно влијае на големината на половиот орган. Речиси секој ден, научниците откриваат нешто ново за коронавирусот и неговите последици, а едно од последните тврдења што ги загрижи мажите ширум планетата е дека тоа влијае на намалувањето на половиот орган. Се […]

Несогорливите производи од тутун и електронските цигари може да се користат и во затворено


На вeчерашната седница на Владата беше прифатено мислењето на Министерството за здравство за доследна примена на Законот за заштита од пушењето, каде несогорливите тутунски производи и уредите за нивно загревање, како и електронските цигари не спаѓаат под забраната за пушење од член 3 став 1 од Законот за заштита од пушењето, односно истите може да […]

Австрија забрани пушење во сите угостителски објекти


Австрија – Австрискиот парламент, на летната сесија, последна пред предвремените избори, по долгата и емотивна дебата, донесе одлука за забрана за пушење во сите угостителски објекти и објекти каде што се консумира храна. Одлуката ќе стапи на сила на 1 ноември. Забраната важи и за фестивали организирани од клубови кои претходно биле исклучени од забраната, а […]

Шведска: Забрането пушење и на отворено


Шведска- Во Шведска денеска стапува на сила забраната за пушење на отворено на некои јавни места, како што се игралишта и перони на железничките станици. Со новите правила, исто така, се забранува пушење во отворените делови на рестораните, како и во сепарињата за пушачи. Забраната вклучува и електронски цигари. Официјалните податоци покажуваат дека во 2016 […]

Грција ќе казнува за пушење во возила и пред деца


Грчкото Министерство за здравство побара од полицијата да го засили казнувањето на граѓаните кои пушат во нивните автомобили или во присуство на деца. Барањето е издадено врз основа на Законот за забрана за пушење цигари на јавни места. Со Законот се предвидени казни од 1.500 евра за секој што ќе пуши во автомобил, а 3.000 […]

Без проблем ќе се пуши на тераси и во летни бавчи


Пушачите слободно ќе можат да пушат на тераси, летни бавчи и слично што се надвор од деловниот објект, предвидува предлог-законот за изменување на Законот за заштита од пушењето, кој е на дневен ред на тековната собраниска седница.Со ова не се менува ништо суштинско во важечките одредби околу пушењето во јавни објекти, но се отстранува можноста […]

Јавна расправа за измените на Законот за заштита од пушење


Собраниската Комисија за здравство денеска организира расправа за предлог-законот за изменување на Законот за заштита од пушењето. Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи и Комисијата за надворешна политика. Комисијата за надворешна политика треба да расправа за Предлог – законот за рестриктивни мерки, во второ читање. На дневен ред се и предлог законите […]