Како Владимир Путин го претвори Бразил во фабрика за шпиони


  Руската разузнавачка служба го претвори Бразил во вистинска производствена лента за „производство“ на своите тајни шпионски оперативци, но тим бразилски агенти успеа да ја разоткрие и демонтира оваа тајна мрежа во последниве години, пишува „Њујорк тајмс“ во својот специјален истражувачки извештај од четвртокот. Еден од клучните членови на шпионскиот октопод бил извесен Артем Шмирев, […]

Путин го посети Курск за прв пат и го откри својот најнов план: „Русија треба да биде поголема“


Рускиот претседател Владимир Путин, на очигледно монтиран состанок со претставници на Курската област на 20 мај, се обиде да ги оправда обновените напори за освојување на градот Суми и можната анексија на Сумскиот регион, според Институтот за проучување на војната (ISW). Градот Суми се наоѓа на само 25 километри од украинската граница, а тампон-зоната што […]

Лидерите на четири земји телефонски разговарале со Трамп пред неговиот разговор со Путин


Лидерите на Франција, Велика Британија, Германија и Италија вчера телефонски разговарале со претседателот на САД Доналд Трамп во пресрет на неговиот денешен разговор со рускиот претседател Владимир Путин во обид да се стави крај на конфликтот во Украина, соопшти британската влада. Шефовите на држави и влади „разговарале за ситуацијата во Украина и катастрофалната цена на […]

Руските националисти го притискаат Кремљ да ја продолжи војната во Украина


На некој што пораснал на Запад, на прв поглед може да му изгледа дека Путин е под притисок. Меѓутоа, таканаречените „Z-патриоти“ – именувани по симболот што руските сили во Украина го цртаат на своите возила – мора да следат одредени правила и да не претставуваат закана за Путин, изјавија за Ројтерс три лица блиски до […]

Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ќе направи сè неделава да се одржи најавената средба со Владимир Путин. -Доколку Путин не е подготвен да дојде во Анкара, Ердоган и јас сме подготвени да одлетаме за Истанбул. Ќе направиме сè за да се случи таа средба, рече Зеленски. „Никој освен мене не може да преговара […]

Путин ја повика Украина на директни преговори без предуслови на 15 мај во Истанбул


 Рускиот претседател Владимир Путин предложи Русија и Украина да одржат директни преговори, без предуслови, на 15 мај во Истанбул. „Предлагаме властите во Киев да ги продолжат преговорите што ги прекинаа на крајот од 2022 година, да продолжат со директните преговори, без никакви предуслови. Предлагаме без одложување тие да започнат во четврток, 15 мај, во Истанбул, […]

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди


 Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска остро ги осуди ставовите на рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи го дека е „на страната на војната“ и додавајќи дека сите кои верувале во спротивното сега се одговорни за своите заблуди. – Претседателот Путин е на страната на војната, а не на страната на мирот… и оние кои веруваа […]

Си во четиридневна посета на Русија, утре средба со Путин, во петок на воената парада во Москва


Кинескиот претседател Си Џинпинг денеека ја почнува четиридневната посета на Москва како највисок државен гостин на комеморацијата на Денот по повод победата во Втората светска војна во Русија. Според Кремљ, средбите со рускиот претседател Владимир Путин ќе бидат фокусирани на изградбата на долго планираниот втор гасовод за извоз на гас во Кина. Меѓународните прашања ќе […]

Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, тоа е прашање на време


Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно и дека тоа е прашање на време.  „Ми се чини дека ова е неизбежно, и покрај сите трагедии кои сега ги доживуваме. Тоа е прашање на време“, рече Путин во интервју за телевизијата „Русија 1“. Рускиот претседател призна дека не се […]

Путин го покажa станот во кој живее во Кремљ со интересни детали: „Како што можете да видите, не е далеку“


Рускиот претседател Владимир Путин покажа делови од станот каде што живее во Кремљ, кои  беа објавени од руските државни медиуми. Снимки од станот на Путин беа вклучени во нов документарен филм за него, кој е продуциран од телевизискиот канал „Русија 1“. Тимот што работеше на филмот се сретна со Путин во Кремљ, а во еден […]

Путин: Курск е целосно ослободен


 Русија повторно воспостави контрола над Курск. Авантурата на режимот на Киев целосно пропадна, изјави денеска претседателот на Русија, Владимир Путин. Началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов изјави дека поразот на украинските сили во Курската област е целосен. Според него, за време на операцијата во Курск, украинската армија изгубила околу 76.000 војници. Герасимов го призна придонесот […]

Путин го ратификуваше стратешкиот договор со Иран


Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон за ратификација на договорот за сеопфатно стратешко партнерство со Иран. Со договорот се утврдува правната рамка за понатамошен развој на соработката меѓу Москва и Техеран, пренесе Бета повикувајќи се на руски медиуми. Тој го гарантира статусот на Русија и Иран како стратешки партнери и ги покрива сите сфери, вклучувајќи […]

Путин прогласи „велигденско примирје“, Киев е скептичен


Рускиот претседател Владимир Путин во саботата прогласи примирје за Велигден во војната во Украина, велејќи дека наредил да прекинат „сите непријателства“ за време на викендот. Кремљ во објава на својот канал на Телеграм рече дека „водена од хуманитарни размислувања, руската страна денеска прогласува велигденско примирје од 18:00 до нула часот од недела до понеделник“. „Наредувам […]

Америка даде рок од неколку дена за прекин на огнот во Украина – прва реакција на Русија


Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Василиј Небензја, изјави дека прекинот на огнот во Украина во моментов е нереален, пренесува украинскиот јавен сервис Суспилна, повикувајќи се на брифинг одржан во Њујорк. Небензја тврди дека обидите за ограничен прекин на огнот, кој треба да важи само за енергетската инфраструктура на двете земји, пропаднале бидејќи, како […]

На Путин му останаа ресурси за уште 12 до 16 месеци војна, велат експертите


  Русија би можела да биде принудена да ја прекине војната во Украина бидејќи ќе остане без пари за да ги плати своите војници, според експертите на Институтот за проучување на војната со седиште во Вашингтон (ИСВ). Земјата потрошила речиси половина од својот ликвиден суверен богат фонд од 106 милијарди долари, кој се користи за […]

Британија предупредува за амбициите на Путин на Западен Балкан. „Тоа е нова жешка точка“


Додека очите на Европа и на Западот најмногу се насочени кон војната во Украина, тензиите во Западен Балкан растат. Во врвот на британските власти тие го нарекуваат регионот „уште една фокусна точка“ и предупредуваат дека рускиот претседател Владимир Путин го користи моментот за да ги дестабилизира поранешните југословенски земји, да ги поттикне поделбите и да […]

Човекот на Трамп во преговорите ги прифати барањата на Москва


  Помалку од 48 часа по вечерата со преговарачот испратен од рускиот претседател Владимир Путин во Вашингтон минатата недела, Стив Виткоф, специјалниот претставник на САД што ги води разговорите со Москва, седна со претседателот Доналд Трамп во Белата куќа и пренесе јасна порака. Најбрзиот начин да се постигне прекин на огнот во Украина, рече Виткоф, […]

Трамп го советувале да не разговара со Путин додека не се согласи на целосен прекин на огнот во Украина


Луѓе блиски до американскиот претседател Доналд Трамп го советувале да не му се јавува на Владимир Путин додека рускиот претседател не се обврзе на целосен прекин на огнот во Украина, објави Ен-Би-Си Њуз, цитирајќи претставници на администрацијата. Во извештајот се додава дека официјален претставник предупредил дека Трамп може одеднаш да одлучи дека сака да разговара […]

Трамп бесен на Путин, се закани со секундарни царини на целата руска нафта


 Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за Ен-би-си (НБЦ) изјави дека е „многу изнервиран“ и оти е „бесен“ на рускиот претседател Владимир Путин и се закани дека ќе воведе нови царини на руската нафта. – Ако Русија и јас не сме во можност да постигнеме договор за завршување на крвопролевањето во Украина, а верувам […]

Путин постави нов услов за ставање крај на војната: На Украина ѝ треба нов претседател


 Рускиот претседател Владимир Путин предложи Украина да се стави под форма на привремена администрација за да се овозможи нови избори и потпишување на клучни договори за да се постигне решение за ставање крај на војната, пренесоа руските медиуми. Коментарите на Путин, за време на посетата на северното пристаниште Мурманск, доаѓаат во време на напорите на […]