Ненадејна порака од Русија: Подготвени сме за преговори со Украина


Русија е подготвена да ги продолжи мировните преговори со Украина во Истанбул, објави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на функционер на Министерството за надворешни работи. Немало средби лице в лице меѓу двете земји од состанокот во најголемиот град во Турција на 23 јули. Русија ја префрла одговорноста на Украина ТАСС објави дека функционерот на […]

Путин направи неочекуван потег: Нов генерал презеде клучна улога


Претседателот на Русија, Владимир Путин, со декрет го назначи генерал-полковник Андреј Булига за заменик-секретар на Советот за безбедност на Руската Федерација. Новиот заменик-секретар на Советот за безбедност на Русија, Андреј Булига, претходно ја извршуваше функцијата заменик-министер за одбрана, каде што беше одговорен за логистиката на вооружените сили, објави ТАСС. Пред тоа, тој ја надгледуваше логистиката […]

Тревога во Кремљ: По американското тестирање ракета, Путин го свика рускиот Совет за безбедност


Рускиот претседател Владимир Путин денеска разговараше со постојаните членови на Советот за безбедност за одговорот на нуклеарните вежби на САД и ја оцени ситуацијата околу најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за продолжување на нуклеарните тестови како сериозно прашање. Рускиот претседател додаде дека Советот за безбедност ги анализирал изјавите дадени во владејачките кругови на САД, […]

Русија започна сериско производство на Орешник, објави Путин


Русија започна сериско производство на балистичката ракета со среден дострел Орешник, објави рускиот претседател Владимир Путин. Ова соопштение доаѓа речиси една година откако Путин вети масовно производство на ова оружје „во блиска иднина“ во декември 2024 година, пишува Киев Индепендент. Зборувајќи на церемонијата на доделување награди на развивачите на руската ракета Буревестник и подводниот дрон […]

Путин одобри резервисти да ги бранат рафинериите


Рускиот претседател Владимир Путин денес потпиша закон со кој се овластува користење на резервисти за заштита на рафинерии за нафта и друга енергетска инфраструктура во Русија поради украинските напади што се случуваат речиси секоја недела. Украинските напади со беспилотни летала редовно предизвикуваат штета на нафтените и гасните постројки и цевководи, поради што цените на горивата […]

Компанија основана од пријател на Путин ќе ги купи странските имоти на „Лукоил“


  „Лукоил“, руската нафтена компанија која е предмет на санкции од САД, ќе ги продаде своите странски средства на меѓународниот трговец со стоки „Гунвор“. Самиот „Гунвор“ даде понуда, објави компанијата. „Клучните услови на договорот беа претходно договорени од страните. „Лукоил“, од своја страна, ја прифати понудата, согласувајќи се да не преговара со други потенцијални купувачи“, […]

Што прави Путин на Арктикот: Москва распоредува нуклеарни подморници и хиперсонично оружје


Москва акумулира нуклеарно оружје и напаѓачки подморници во Арктичкиот круг како подготовка за можна војна со НАТО, предупреди норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик, според „Телеграф“. Тој рече дека Осло забележал градежна активност на рускиот полуостров Кола, дом на Северната флота и дел од нуклеарниот арсенал на Русија. Реклама Според Сандвик, рускиот претседател Владимир Путин […]

Ким Џонг Ун: Ниту доминацијата ниту тиранијата не можат да ги прекинат врските со Русија


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека воениот сојуз меѓу неговата земја и Русија „ќе напредува непрекинато“, објави државната медиумска агенција KCNA. „Години воено братство, во кои гаранцијата за долгорочен развој на билатералното пријателство е обезбедена по цена на скапоцена крв, ќе напредуваат непрекинато. Предизвиците на доминацијата и тиранијата не можат да ги попречат врските […]

Путин санкциите од САД ги оцени како непријателски, немало да влијаат значително врз руската економија


Претседателот на Русија, Владимир Путин новите американски санкции ги оцени како непријателски чин, кои не придонесуваат за зајакнување на руско-американските односи. Американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции за руските нафтени компании „Лукоил“ и „Роснефт“. Путин наведе дека поради санкциите ќе има одредени загуби, но оти нема значително да влијаат врз руската економија. Тој го коментираше […]

Путин нареди мобилизација на два милиона резервисти за да ја брани цивилната инфраструктура од украински дронови


 Рускиот претседател Владимир Путин нареди зголемување на бројот на редовната руска армија на 1,5 милиона, што ќе ја направи армијата на Руската Федерација втора по големина во светот. Оваа одлука, како што јавуваат британските медиуми, доаѓа по сè почестите напади на украински беспилотни летала врз клучните рафинерии и гасоводи длабоко на руска територија. Високо рангирани […]

Трамп за откажаната средба со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно


Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ја откажал очекуваната средба со рускиот претседател, Владимир Путин. „Едноставно не ми се чинеше исправно. Не чувствував дека ќе стигнеме таму каде што требаше – па затоа откажав, но ќе го направиме тоа во иднина“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба на Белата куќа, пренесе ДПА. Кога го […]

Трамп за самитот со Путин: Не сакам да имам залуден состанок


Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека сака да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин само кога може да се очекува продуктивен самит. Трамп не ги потврди директно медиумските извештаи кои сугерираат дека планираната средба со неговиот руски колега била одложена или ставена во мирување, пренесе ДПА. Меѓутоа, на новинарско прашање што знае за […]

Поранешен шпион на КГБ го предупредува претседателот Путин да не оди во Будимпешта – Британците му планирале атентат


 Рускиот претедател Владимир  Путин доби драматично предупредување за наводен „британски заговор за атентат“ што го очекува доколку отпатува во Унгарија на средба со Доналд Трамп.  Предупредувањето дојде од Андреј Безруков, полковник на Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) и поранешен таен агент кој со години работел во САД, пишува Express.co.uk. Безруков упати директен апел до […]

Ништо од самитот Трамп-Путин во Будимпешта? Подготвителниот состанок ненадејно одложен


Надежите на американскиот претседател Доналд Трамп за брза средба со рускиот претседател Владимир Путин би можеле да бидат уништени откако подготвителниот состанок на клучните советници за надворешна политика на двајцата лидери беше ставен на чекање. Извори запознаени со ситуацијата потврдија дека состанокот, кој требаше да се одржи оваа недела, засега нема да се одржи, објави […]

Бугарија е подготвена да обезбеди коридор за авионот на Путин на пат кон Будимпешта


На 16 октомври, по телефонскиот разговор со Путин, Трамп објави дека се договориле наскоро да се сретнат во Будимпешта, а тоа беше потврдено и од Москва. Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, изјави дека Бугарија е подготвена, доколку е потребно, да обезбеди воздушен коридор за авионот на рускиот претседател Владимир Путин на пат […]

Кремљ: Трамп не му го честиташе роденденот на Путин


Американскиот претседател Доналд Трамп не му испрати никаква честитка за роденден на својот руски колега Владимир Путин на неговиот роденден на 7 октомври, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Не, не го стори тоа“, изјави функционер на Кремљ, одговарајќи на прашањето дали честитката од Трамп е примена преку кој било канал. Путин, кој го прослави […]

Калас: ЕУ финансира специјален трибунал за кривично гонење на Владимир Путин


Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денеска во Киев изјави дека Унијата започнала со финансирање на специјален трибунал за кривично гонење на рускиот претседател Владимир Путин и други високи руски функционери за кривично дело агресија против Украина, повикувајќи ги земјите-членки да го сторат истото. „Го основавме овој специјален […]

Путин изјави дека украинските напади во внатрешноста на Русија нема да му помогнат на Киев


Рускиот претседател Владимир Путин вчера повторно потврди дека останува посветен на своите воени цели во Украина за време на состанокот со воените лидери, велејќи им дека украинските напади длабоко во внатрешноста на Русија „нема да му помогнат“ на Киев. Путин рече дека Киев се обидува да им даде на своите западни поддржувачи впечаток на успех […]

Ако Трамп беше на власт во САД, судирот во Украина можеше да се избегне, вели Путин


Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на пленарната седница на 22-от годишен состанок на Меѓународниот дискусионен клуб „Валдај“ во Сочи чија тема годинава е „Полицентричен свет: Водич за корисници“. – Живееме во период на брзи и кардинални промени. Не можеме да ја предвидиме иднината, но треба да бидеме подготвени на сè. Одговорноста на секого во […]

ЕУ радикално се менува. „Се соочуваме со моментот Франц Фердинанд“


Соочена со провокации од Владимир Путин и сè понеизвесен став од Доналд Трамп, Европската Унија е во процес на радикална трансформација. Самитот на лидерите на ЕУ оваа недела во среда ќе понуди најјасни докази досега дека блокот каков што го знаевме повеќе не постои, пишува Политико. Атмосферата пред собирот во Копенхаген тешко може да биде […]