Путин ја призна независноста на двата сепаратистички региони во Украина


  По долготраен говор кој траеше речиси еден час, Владимир Путин рече дека ќе ја признае независноста на две територии на источна Украина, Луганската Народна Република (ЛПР) и Народна Република Доњецк (ДПР). По телевизиското обраќање до Русија емитувано на државниот информативен канал во земјата, Путин им се придружи на лидерите на ЛПР и ДПР да […]

Како верните соработници пелтечеа во апсурдниот и гневен спектакл на Путин


  Седејќи сам на бирото во големата сала со столбови во Кремљ, Владимир Путин погледна низ пространиот под со паркет кон неговиот совет за безбедност и праша дали некој сака да изрази алтернативно мислење. Тој беше пречекан со тишина. Неколку часа подоцна, рускиот претседател се појави на државната телевизија за да одржи луто, необично предавање […]

Кремљ негира дека има „конкретен“ план за самит на Бајден и Путин


  Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот изјави дека сè уште нема планови за нов самит со американскиот претседател Џо Бајден, што е во спротивност со тврдењата на Елисејската палата и Белата куќа, кои во текот на ноќта соопштија дека лидерите „начелно“ се согласиле да се сретнат под услов Русија да не ја […]

Путин го уверувал Макрон за повлекување на руските сили од Белорусија


 Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на францускиот колега Емануел Макрон дека има намера да ги повлече руските трупи од Белорусија штом ќе завршат тековните воени вежби, соопшти денеска кабинетот на Макрон. По телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, француското претседателство соопшти дека изјавата „ќе мора да биде проверена“ бидејќи е спротивна со изјавата на белоруската […]

Елисејска палата: Макрон и Путин за дипломатско решение


Францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот руски колега Владимир Путин денеска се договорија да дозволат во наредните часови да се одржи состанок на работната група со цел да се постигне примирје во Украина, соопшти Елисејската палата. Путин и Макрон во телефонскиот разговор силно се обврзаа да ги преземат сите корисни активности за, како што наведува […]

Путин го надгледуваше почетокот на стратешките воени вежби со лансирање балистички ракети


Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги отвори „стратешките“ воени вежби со балистички ракети, во време кога ескалираат тензиите во руско-западната криза околу Украина. Кремљ соопшти дека стратешките воени вежби вклучуваат „балистички и крстаречки ракети“. – Предвидените цели за време на вежбите на силите за стратешко одвраќање се целосно исполнети, сите ракети ги погодија одредените цели, се вели во соопштението […]

Путин денеска ќе ги надгледува вежбите на руските нуклеарни сили


Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе ги следи вежбите на руските нуклеарни сили, во чии рамки е планирано лансирање на балистички и крстаречки ракети, јавија руските медиуми, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана. Според Министерството, вежбите за стратешко одвраќање „се планираат однапред поради проверка на подготвеноста на воените командни центри, лансирните борбени тимови, екипажите […]

Лукашенко – непоузданиот вазал на Путин


  Авторитарниот лидер на Белорусија го врза својот опстанок со рускиот претседател Владимир Путин – и тоа ја претвори неговата 9-милионска земја во клучен сојузник на Кремљ во растечката конфронтација со Украина. Русија има околу 30.000 војници во Белорусија, каде што одржуваат заеднички воени вежби со белоруските сили кои треба да завршат в недела. Тие […]

На Русија со љубов: Големата бела маса во Кремљ е од Италија и чини многу скапо


Долгата маса што го привлече светското внимание кога рускиот претседател Владимир Путин ја искористи за состаноци со странски лидери овој месец, беше направена во Италија од мала семејна фирма која исто така опреми десетици други простории во Кремљ, пишува Ројтерс. Белата маса – долга околу шест метри – стана центар на вниманието на јавноста кога […]

Путин и Шолц ги завршија предвреме разговорите. Нема напредок


  Четири часа беа предвидени за разговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и германскиот канцелар Олаф Шолц. Но, за разлика од разговорите со францускиот претседател Емануел Макрон, кои траеја подолго од планираното минатата недела, разговорите меѓу Путин и Шолц завршија предвреме. Потоа и двајцата ги искажуваа своите ставови на заедничка прес-конференција. Путин истакна дека Русија […]

Песков за Си-Ен-Ен : Путин е подготвен да преговара


Англија – Портпаролот на Крмљ, Дмитриј Песков, во изјава за Фредерик Плајтген од Си-Ен-Ен кажа дека рускиот претседател Владимир Путин е „подготвен да преговара“, додавајќи дека кризата во Украина е само дел од безбедносните грижи на Русија. -Прво, претседателот Путин секогаш инсистирал на преговори и дипломатија, рече Песков. „Всушност, тој го покрена прашањето за безбедносните гаранции […]

Украина побара итен безбедносен состанок со Русите


  Украина повика на состанок со Русија и другите членови на клучната безбедносна европска група поради ескалација на тензиите на нејзината граница, пишува Би-би-си. Министерот за надворешени работи на Украина, Дмитро Кулеба рече дека Русија ги игнорирала официјалните барања за објаснување зошто трупа воени сили на границата со украина во последниот период. Рече дека тоа […]

Макрон во Москва сретнал друг Путин, потврд и опседнат со историја


  ПАРИЗ – Рускиот претседател Владимир Путин помина голем дел од неговите маратонски разговори со Емануел Макрон оваа недела за кризата во Украина, кажувајќи поплаки кои датираат од крајот на Студената војна, рекоа два извори од опкружувањето на францускиот лидер. Во првото детално читање на состанокот во Москва во понеделникот од француската делегација, изворите рекоа […]

Бајден и и Путин зборуваат, но не се слушаат


  ВАШИНГТОН – Претседателот Џо Бајден му рекол на рускиот Владимир Путин дека инвазијата на Украина ќе предизвика „големо човечко страдање“ и дека Западот е посветен на дипломатијата за да се стави крај на кризата, но „подеднакво подготвен за други сценарија“, соопшти во саботата Белата куќа. Тоа не понуди сугестија дека едночасовниот повик ја намалува […]

Макрон и Путин разговараа речиси два часа за украинската криза


 Претседателот на Франција, Емануел Макрон, како што соопшти Елисејската палата, денеска телефонски разговараше еден час и 40 минути со неговиот руски колега Владимир Путин за намалување на растечката тензија во руско-украинската криза, јави дописникот на МИА. Макрон го предупреди Путин дека „искрениот дијалог не е компатибилен со воената ескалација“ на украинската граница. Макрон и Путин, […]

Намерите на Путин остануваат мистерија откако го угости Макрон


  МОСКВА – Рускиот претседател Владимир Путин рече дека е подготвен да ги продолжи преговорите за безбедносните барања на Русија во Источна Европа, но упати строго предупредување за можноста за војна меѓу Русија и Западот во текот на пет часа – користејќи ја петчасовната средба со неговиот француски колега во понеделник за да го задржи […]

Како Путин го пречека Макрон на свој терен


  Немаше сомнеж дека Емануел Макрон влегол во дувлото на гризли. Седнат на едниот крај на огромната конференциска маса во една од украсените сали за состаноци во Кремљ, со завеси обработени со злато и елабориран дрвен под, францускиот претседател ги понуди своите почетни размислувања за тензичниот воен судир на украинската граница. Од другата страна на […]

Макрон утре на средба со Путин


Франција– Со надеж дека ќе ја смири кризата на истокот од европскиот континент, францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе оди во Кремљ за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, јави дописникот на МИА. За францускиот неделник „Ле Поан“ ова патување на Емануел Макрон за Русија претставува „игра на покер“. .Шефот на француската државата […]

Пекинг ја поддржа Русија за Украина, а Москва за Тајван


  ПЕКИНГ – Лидерите на Русија и Кина го вратија притисокот на САД во петокот, декларирајќи го своето противење на какво било проширување на НАТО и потврдија дека островот Тајван е дел од Кина, кога се состанаа неколку часа пред почетокот на Зимските олимписки игри во Пекинг. Владимир Путин и Ши Џинпинг издадоа заедничка изјава […]

Русија и Кина се против проширување на НАТО


Русија и Кина во заеднички став, го критикуваа „негативното влијание на САД во Европа и азиско-пацифичкиот регион“ и се спротивставија на „натамошното проширување на НАТО“, беше соопштено по денешната средба меѓу претседателите на двете земји Владимир Путин и Си Џинпинг. Средбата се одржа во Пекинг пред денешното отворање на Зимските олимписки игри во главниот град […]