Нехамер утре на средба во Москва со Путин


Австрискиот канцелар Карл Нехамер утре во Москва ќе има средба со рускиот претседател Владимир Путин, потврди Федералната канцеларија во Виена. Tој ќе биде првиот европски лидер што ќе се сретне со Путин во Москва од почетокот на руската инвазија врз Украина на 24 февруари. „Тој ќе отпатува откако ги информира Берлин, Брисел и украинскиот претседател […]

Подољак: Состанок Зеленски-Путин по битката за Донбас


 Советникот на претседателот на Украина Михаил Подољак денеска изјави дека претседателот Владимир Зеленски најверојатно ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин дури по, како што наведе, очекуваната голема битка за источен Донбас. „Украина е подготвена за големи битки. Украина мора да победи, особено во Донбас. И после тоа Украина ќе добие помоќна преговарачка позиција, […]

Берлускони е „длабоко разочаран“ од однесувањето на Путин


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони изјави дека е „длабоко разочаран и тажен“ од однесувањето на рускиот претседател Владимир Путин, објави Би-Би-Си. Додека беше на власт, Берлускони беше близок пријател со Путин, дури и го покани на одмор во неговата вила на островот Сардинија. – Го познавам околу 20 години и отсекогаш изгледаше како демократ и […]

Дел Понте: Уапсете го Путин


Поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте го повика Меѓународниот кривичен суд да издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин. – Путин е воен злосторник, истакна дел Понте, која ги истражуваше воените злосторства во Руанда и во поранешна Југославија, во интервју за францускиот дневен весник „Темпс“ (Le Temps). Издавањето налог за […]

Телефонски разговор Ердоган-Путин: Турција сака да биде домаќин на состанокот на лидерите на Русија и Украина


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, јави агенцијата Анадолија. Како што соопшти Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на претседателот на Турција, Ердоган и Путин разговарале за состанокот на преговарачките тимови на Русија и Украина, што се одржа во вторникот во Истанбул. Ердоган нагласил дека позитивниот и конструктивен состанок на делегациите на Русија и Украина во Истанбул буди надежи […]

Депардје ги осуди „неприфатливите луди ексцеси“ на Путин


Франција – Францускиот актер Жерар Депардје, кој покрај француското има и руско државјанство и кој важи за близок до Владимир Путин, во соопштение за медиумите ги осудува „лудите неприфатливи ексцеси“ на рускиот претседател, најавувајќи дека сите приходи од неговите три концерти закажани за почетокот на април во Театарот на Шанзелизе ќе бидат наменети за украинските жртви, […]

Метрополитен операта нема да соработува со оперската дива Нетребко


САД – Дури и откако Ана Нетребко изјави дека не ја поддржува политиката на рускиот претседател Владимир Путин и војната во Украина, њујоршката Метрополитен опера соопшти оти, барем засега, сепак нема да ја продолжи соработката со руската дива. – Силно ја осудувам војната во Украина и моите мисли се со жртвите од војната и нивните семејства. […]

Германска Влада: Путин рече дека Европа може да продолжи да плаќа за гас во евра


 Германската Влада денеска соопшти дека Русија гарантира дека Европа нема да мора да плаќа за испораките на руски гас во рубљи. Кабинетот на германскиот канцелар Олаф Шолц објави соопштение во кое се вели дека рускиот претседател Владимир Путин и му рекол на германскиот канцелар дека европските компании можат да продолжат да плаќаат за гас во евра. Во телефонскиот разговор […]

Белата куќа ја појаснува изјавата на Бајден за смена на Путин, реакција и од Кремљ


 Американскиот претседател Џо Бајден денеска од Варшава повика на смена на рускиот претседател Владимир Путин. – Па овој човек не може да остане на власт, изјави Бајден. По реакцијата во јавноста, Белата куќа ја појасни неговата изјава. „Поентата на претседателот беше дека на Путин не може да му се дозволи да има власт над соседите […]

Прага: Илјадници Руси протестираа против Путин


Илјадници, претежно руски, демонстранти се собраа денеска во центарот на Прага за да протестираат против претседателот Владимир Путин, повикувајќи го да стави крај на војната во Украина. Околу 5.000 луѓе, според организаторот, скандираа „Русија без Путин“, „Слобода за Русија, мир за Украина“ и „Путин не е Русија“ додека маршираа низ историскиот центар на Прага. – […]

Бајден за Путин: „Овој човек не може да остане на власт“


  ВАРШАВА – Претседателот Џо Бајден во саботата повика на смена на рускиот лидер Владимир Путин, велејќи: „Во име на Бога, овој човек не може да остане на власт“. Бајден, исто така, го искористи говорот во главниот град на Полска за да даде гласна одбрана на либералната демократија и воената алијанса на НАТО, истовремено велејќи […]

Путин вели дека Западот се обидува да ја укине руската култура вклучувајќи го и Чајковски


Русија- Претседателот Владимир Путин во петокот го обвини Западот дека се обидува да ја укине руската култура, вклучително и делата на големите композитори како Пјотр Чајковски, Дмитриј Шостакович и Сергеј Рахмањинов. На телевизиски состанок со водечките културни личности, Путин го спореди откажувањето на голем број руски културни настани во последните недели со акциите на нацистичка […]

Италија: Да се убие Путин, Москва поднесе тужба


  Рускиот амбасадор во Италија, Сергеј Разов поднесе тужба против италијанска „Стампа“, затоа што објави коментар дека единствена опција за крај на војната е убиство на Путин. „непотребно е да се каже дека тоа е спротивно на правилата во новинарството и моралот“, рече Разов пред новинарите пред обвинителството во Рим откако ја поднесе тужбата. Ројтерс […]

Свиркач тврди дека расте ризикот од државен удар против Путин


Ризикот од државен удар на Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) против претседателот Владимир Путин секоја недела расте додека војната во Украина продолжува, изјави свиркач од самиот врв на руската разузнавачка служба, пренесува „Гардијан“. Свиркачот Владимир Осечкин тврди дека „безбедносните служби ги зафатиле хаос и незадоволство по неуспешната руска инвазија врз Украина“. Осечкин е протеран […]

Австралискиот премиер го оцени како „чекор предалеку“ планот на Путин да присуствува на претстојниот Самит на Г20


Австралискиот премиер Скот Морисон, денеска го окарактеризира како „чекор предалеку“ планот на рускиот претседател Владимир Путин да присуствува на Самитот на Г20 закажан за октомври оваа година. Морисон пред медиумите во Мелбурн ја окарактеризира руската инвазија врз Украина како насилен и агресивен чин што го урива меѓународното владеење на правото. „И идејата да се седне на маса со Владимир […]

Путин бара „непријателските земји“ да плаќаат во рубљи за рускиот гас


Рускиот претседател Владимир Путин денеска соопшти дека Русија ќе прифати плаќања само во рубљи за испорака на гас за „непријателските земји“, кои ги вклучуваат сите членки на ЕУ, откако Москва беше погодена од невидени санкции поради нејзината инвазија Украина. – Русија отсега ќе прифаќа плаќање за извозениот природен гас во непријателските земји само во рубљи, […]

Каде исчезна рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу?


  Руската инвазија на Украина денеска изгледа дека беше втурната во подлабока криза поради извештаите оти рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу исчезнал од јавноста поради „срцеви проблеми“. Не е виден 12 дена, а на телевизија се прикажуваат стари снимки и слики од него, велат во опозициските медиуми. Тоа доаѓа откако беше откриено дека Путин […]

Бајден: Путин размислува за употреба на биолошко и хемиско оружје во Украина


Обвинувањата на Русија дека Киев поседува биолошко и хемиско оружје се лажни и покажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин размислува да го употреби во војната против Украина, изјави синоќа американскиот претседател Џо Бајден, не наведувајќи никакви докази. „Путин е притиснат на ѕид и сега изнесува нови лажни тврдења дека ние во Америка имаме биолошко, како […]

Дали доаѓа „нов Путин“? И тој е поранешен агент на КГБ


  Во овој месец откако трае руската инвазија на Украина се плетата разно-разни приказни за Владимир Путин, неговото здравје, расположението во високите ешалони на Кремљ, па дури и можноста тој да биде отстранет од функцијата. Последната од тие приказни е дека се подготвувал заговор за „труење“ на Владимир Путин, а на негово место да дојде […]

Каде е „љубовницата“ на Путин – во Швајцарија или во луксузен бункер во Сибир


  Противниците на Владимир Путин во Украина, Русија и Белорусија се обединуваат со петиција со која бараат Швајцарија да ја протера „љубовницата“ на рускиот претседател, Алина Кабаева, по тврдењата дека таа се крие со нивните тајни деца во луксузна вила. Кабаева (38) е поранешна олимписка гимнастичарка и освојувачка на златен медал, за која се верува […]