Путин прогласи воена состојба во четири украински региони што ги анектираше


Рускиот претседател Владимир Путин денеска соопшти дека потпишал закон за воведување воена состојба во четирите украински региони кои Кремљ се обиде да ги присоедини, што е кршење на меѓународното право, јави Си-Ен-Ен. Региони се Херсон, Запорожје, Доњецк и Луганск. Путин ова го соопшти за време на состанокот на рускиот Совет за безбедност. Тој додаде дека шефовите на тие области ќе добијат […]

Берлускони се пофали со контактот со Путин: За роденден добив 20 шишиња вотка и честитка


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони изјави дека повторно е во контакт со рускиот претседател Владимир Путин и дека неодамна разменил пријателски писма со него, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на аудио снимка што денеска ја објави италијанската агенција „La Presse“. Берлускони во обраќањето пред пратениците на Долниот дом на италијанскиот парламент рече дека за роденден од […]

Како Путин го осакати „Гаспром“


  Инвазијата на Владимир Путин на Украина создаде неочекувана жртва – „Гаспром“. Уделот на рускиот монопол за извоз на гас на европскиот пазар се намали од 40 отсто на само 9 отсто, додека неговите два гасоводи „Северен тек“ изградени по цена од над 20 милијарди евра лежат на дното на Балтикот. Во меѓувреме, цената на […]

„Ние сме мала нација, но не сме питачи. Сакаме почитување“: Претседателот на Таџикистан отворено кон Путин


  На 14 октомври, главниот град на Казахстан, Астана, за прв пат беше домаќин на самитот Русија-Централна Азија. На него присуствуваа шефовите на Руската Федерација, Казахстан, Киргистан, Туркменистан, Узбекистан и Таџикистан. За време на самитот, таџикистанскиот лидер Емомали Рахмон му се обрати на рускиот претседател Владимир Путин. Тој зборуваше за односите на Русија со земјите […]

Што му рекол Путин на Маск за употребата на нуклеарно оружје?


  Рускиот претседател Владимир Путин, наводно, му рекол на технолошкиот милијардер Илон Маск дека е веројатен нуклеарен напад доколку Украина одбие да ја признае анексијата. Владимир Путин му рекол на Илон Маск дека ќе употреби нуклеарно оружје доколку Украина не ги признае анектираните територии како руски, се вели во контроверзниот извештај што го виделе претплатниците […]

„Форбс“: Маск разговарал со Путин пред да ги објави своите идеи за крај на војната во Украина


  Елон Маск, најбогатиот човек во светот, зборувал со рускиот претседател Владимир Путин пред да ги каже своите идеи за разрешување на војната во Украина, кои главно се поклопуваат со барањата на Путин, објави синоќа изданието Форбс. Магазинот го цитира Јан Бремер, основач на инвестицискиот фонд “Евроазија груп”, иако Маск веднаш ја демантираше веста. Според […]

Бајден: Путин погрешно ја процени неговата војна против Украина


  Американскиот претседател Џо Бајден смета дека рускиот претседател Владимир Путин погрешно ја проценил неговата војна против Украина. -Мислам дека [Путин] е рационален играч кој погрешно пресметал, изјави Бајден во интервјуто дадено за телевизијата „Си-Ен-Ен“. Тој смета дека иако верува дека Путин постапува рационално, неговите цели во Украина „не биле рационални.” -Ако го преслушате говорот […]

Г7 вети дека Путин ќе одговара за воените злосторства во Украина


  Групата седум (Г7) водечки индустриски земји на вчерашниот состанок со украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека ќе побара одговорност од рускиот претседател Владимир Путин по неодамнешните руски напади врз цивилната инфраструктура во Украина. „Најсилно можно ги осудуваме овие напади и потсетуваме дека неселективните напади врз невиното цивилно население претставуваат воено злосторство. Претседателот Путин и […]

На Путин му снемува пари за неговата војна, претстои „невидено лоша ситуација“


Рускиот претседател Владимир Путин ја стави економијата во „невидено лоша ситуација“: тоа е заклучокот на познатиот руски економист Сергеј Гуриев, поранешен главен економист на Источноевропската банка за развој ЕБВР.„И покрај високите цени на нафтата, земјата е во рецесија “, вели тој за германски Ханделсблат. Војната и западните санкции ја втурнаа Русија во длабока криза, објаснува […]

Воените јастреби на Кремљ бараат повеќе разорни удари врз Украина


  Баражот од ракетни напади на Москва врз градовите низ цела Украина предизвика славенички коментари од руските официјални лица и про-Кремљ експерти, кои во последниве недели активно ја критикуваа руската војска за серија срамни неуспеси на бојното поле. Руските националистички коментатори и воените дописници на државните медиуми го пофалија нападот во понеделникот како соодветен и […]

Кулеба: Путин е терорист


Единствената тактика на Путин е терор врз мирните украински градови, но тој нема да ја разбие Украина, напиша украинскиот министер за надворешни работи на Твитер Дмитро Кулеба. – Ова е и неговиот одговор на сите смирувачи кои сакаат да разговараат со него за мир: Путин е терорист кој зборува со проектили, нагласи Кулеба во врска […]

Путин: Нападот врз мостот на Крим е дело на украинските специјални служби


  Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека извршители и нарачатели на експлозијата на мостот на Крим биле специјалните служби на Украина. Тој го соопшти ова на средбата со претседателот на Истражниот комитет, Александар Бастрикини, објавено е на каналот на Кремљ на Телеграм. Претседателот на Истражниот комитет најави поведување на кривична постапка за „тероризам“. Тој […]

Путин ги зголемува безбедносните мерки на мостот на Крим


  Рускиот претседател Владимир Путин синоќа потпиша указ за зајакнување на мерките за заштита на мостот на Крим и енергетската инфраструктура меѓу Крим и Русија. „Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) сега е одговорна за безбедноста“, се вели во соопштението на Кремљ. Потегот на Путин уследи по вчерашната експлозија на камион на мостот што ги […]

„Вашингтон пост“: Човек од кругот на Путин му приговорил дека прави грешки во Украина


  Еден од луѓето кои се блиски до Владимир Путин директно го изразил своето несогласување со рускиот претседател во однос на неговите постапки во врска со војната во Украина. За ова пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на податоци добиени од американското разузнавање. Според еден од изворите на весникот, приговорите изразени до Путин се однесуваат на […]

Путин слави 70 роденден, два дена ќе му се чита молитва


  Рускиот претседател Владимир Путин денеска наполни 70 години, а роденденот му го честита и патријархот Кирил, кој на сите лаици и свештенството им препорача да читаат молитви за здравје на врховниот челник на Русија со најдолг стаж по Јосиф Сталин. Путин, кој последниот ден во 1999 година дојде на власт, се соочува со најголемиот […]

Путин го унапреди Кадиров


Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, од денеска има чин генерал-полковник. За ова лично го информирал рускиот претседател Владимир Путин, објави Кадиров на својот официјален канал на Телеграм. „Претседателот на Русија ми го додели чинот генерал-полковник и лично Владимир Владимирович ме информираше за тоа и ми честиташе. Исклучително сум благодарен на нашиот врховен командант што ги […]

Путин ги потпиша законите за приклучување на четирите украински региони кон Русија


 Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги потпиша законите со кои четирите украински региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје се приклучуваат на Русија.   Како што пренесуваат странските агенции, овој потег на претседателот на Русија ја финализира анексијата извршена спротивно на меѓународното право.   На почетокот на неделава двата дома на рускиот Парламент ги ратификуваа договорите […]

Зеленски потпиша декрет со кој нема да преговара со Путин


  Претседателот Володимир Зеленски потпиша декрет со кој формално се прогласува за „невозможна“ перспектива за какви било разговори во Украина со рускиот лидер Владимир Путин. Указот ги формализираше коментарите на Зеленски во петокот, откако рускиот претседател прогласи четири окупирани региони на Украина за дел од Русија. „Тој [Путин] не знае што е достоинство и чесност. […]

Путин наредил повлекување: Ќе употреби ли нуклеарно оружје?


  Институт за проучување на војната, американскиот истражувачки центар, соопшти руската војска дека готово сигурно не може да делува на нуклеарното бојно поле. „Хаотичното трупање на исцрпените војници, на брзина мобилизирани резервисти, регрути и платеници, кои во моментот се дел од копнените сили не би можеле да функционираат во нуклеарното окружување“, велат аналитичарите на ИСВ, […]

Путин ги анектира окупираните територии и ја повика Украина на мировни преговори


  Владимир Путин потпиша „пристапни договори“ со кои се формализира руската нелегална анексија на четири окупирани региони во Украина, што го означува најголемото насилно преземање на територија во Европа од Втората светска војна. Церемонијата на потпишување, одржана во спротивност на меѓународното право, се одржа во Големата палата во Кремљ во присуство на политичките елити во […]