Единствениот руски дипломат кој даде отказ поради војната: Мир е можен само без Путин на власт


Западот мора да ја зајакне својата воена поддршка во Украина за да го порази режимот на Владимир Путин, кој секогаш ќе биде „извор на војна, агресија и дестабилизација“, рече единствениот руски дипломат кој даде оставка во знак на протест поради инвазијата на Москва на Украина. Борис Бондарев (42), кој во моментот живее во Швајцарија, даде […]

ОН реагира на најавата на Путин: Последиците може да бидат катастрофални


  Обединетите Нации изразија загриженост поради одлуката на Русија да се повлече од историскиот договор за контрола на нуклеарното оружје. Рускиот претседател Владимир Путин денеска рече дека ќе го прекине учеството на Русија во договорот Нов СТАРТ. – Светот без контрола на нуклеарното оружје е многу поопасен, понестабилен, со потенцијално катастрофални последици, истакна портпаролот на ОН Стефан […]

„Путин ми вети дека нема да го убие Зеленски“: Поранешниот израелски премиер за разговорите во Москва


  Поранешниот премиер на Израел, Нафтали Бенет, беше неочекуван посредник во раните недели од инвазијата врз Украина, станувајќи еден од ретките западни лидери кои се сретнаа со претседателот Владимир Путин за време на војната, кога тој отпатува за Москва минатиот март. Иако се чини дека напорите за посредување на Бенет направија малку за да се […]

Оланд: Путин не е луд, туку е радикално рационален


Поранешниот француски претседател, Франсоа Оланд, смета дека рускиот претседател Владимир Путин не е луд, туку радикално рационален лидер, кој е убеден дека западните земји ќе се изморат од испраќање помош за Украина и дека преговорите ќе донесат крај на конфликтот, кој ќе биде поволен за Русија. Оланд беше претседател од 2012 до 2017 година и […]

Руски аналитичар: Воениот врв на Русија е ужаснат од идејата на Путин за офанзива


  Руски аналитичар тврди дека воениот врв е „ужаснат“ од барањето на претседателот Владимир Путин за нова воена офанзива на повеќе фронтови во Украина. Стравуваат од нов колеж бидејќи новите анализи покажуваат дека Кремљ изгубил повеќе од 175.000 војоници во војната. Барањето на Путин неговиот воен врховен генерал Валериј Герасимов да покрене „напад во неколку […]

Новиот шеф на руската војска најави дека праќаат корпус на границата со Финска


  Новата руска воена реформа е одговор на можноста за ширење на НАТО и „колективниот Запад“ на користење на Украина во хибридната војна против Русија, рече новоименуваниот началник на главниот штаб на руската војска Валериј Герасимов во првото јавно обраќање. Путин, кон средината на јануари одобри воена реформа и таа може да се прилагодува да […]

Пригожин го истроши трпението на Путин: Кремљ разочаран од „Вагнер“ по битките кај Бахмут


  Неуспешните обиди на групата „Вагнер“ да го освои градот Бахмут во Украина, каде што се водат жестоки борби, доведоа до фактот дека нејзиниот основач Евгениј Пригожин го загуби својот авторитет во очите на рускиот претседател Владимир Путин, кој одлучи да се фокусира на реформирање на редовната армија. Според американскиот Институт за проучување на војната […]

Кремљ му одговори на Зеленски по изјавата дека не е сигурен оти Путин е жив


Кремљ му одговори на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, откако тој рече дека не е сигурен оти Владимир Путин е жив. „Јасно е дека Русија и Путин се голем проблем за Украина и за Зеленски и јасно е дека господинот Зеленски, чисто психолошки, повеќе би сакал ни Русија ни Путин да не постојат“, рече портпаролот […]

Путин поднесе до руската Дума нацрт за раскинување на договорот со Советот на Европа


Рускиот претседател Владимир Путин достави до Државната Дума нацрт-закон за раскинување на меѓународните договори на Советот на Европа, кои се однесуваат на Русија. Според руски медиуми, во базата на податоци на руската Државна дума регистриран е нацрт-закон за престанок на важноста на меѓународните договори за СЕ поднесен од Путин, во кој се предлага раскинување на […]

Зимата не е љубезна кон Путин


  Високите европски резерви на гас го одржуваат цврст ставот на ЕУ против Москва. Неочекувано благата зима досега во Европа го лиши Владимир Путин од многу важно оружје на кое сметаше оваа година за да ја ограничи поддршката за Киев. Релативно топлите температури, исто така, ги задржаа високите резерви на природен гас во Западна Европа. […]

Москва: Почнува 36-часовното примирје


Прекинот на огнот за војниците да го прослават православниот Божик официјално почна точно напладне по московско време, објави  руската државна телевизија. Телевизијата наведе дека „денеска напладне на целата борбена линија стапи во сила режимот на прекин на огнот. Тој ќе трае до крајот на 7 јануари“. Рускиот претседател Владимир Путин вчера му нареди на министерот […]

Ердоган побара од Путин да прогласи „едностран“ прекин на огнот во Украина


  Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара од рускиот колега Владимир Путин да прогласи „едностран“ прекин на огнот во Украина. Ердоган разговараше со Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски во неговите нови обиди да посредува за ставање крај на 10-месечната војна. Тој му рекол на Путин дека „повиците за мир и преговори треба да […]

Путин: Русија отворена за дијалог доколку Украина ги прифати новите територијални реалности


 Русија е отворена за дијалог со Украина под услов Киев да ги прифати „новите територијални реалности“ настанати по руската офанзива, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. Во телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Путин „повтори дека Русија е отворена за сериозен дијалог – под услов властите во Киев да ги почитуваат добро познатите […]

Путин ја испрати фрегатата „Адмирал Горшков“ кон Атлантскиот Океан


 Рускиот претседател Владимир Путин ја испрати фрегатата „Адмирал Горшков“, вооружена со хиперсонични крстосувачки ракети „Циркон“ кон Атлантскиот Океан, пренесоа светските агенции. Церемонијата на испраќање беше преку видео конференциска врска. За време на церемонијата, Путин од неговата резиденција во Ново Огарјово разговараше со министерот за одбрана Сергеј Шојгу и со Игор Крохмал, командант на фрегатата. – […]

Борел: ЕУ не попушти пред уцените на Путин


Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, во авторски текст на блогот на дипломатската служба на ЕУ рече дека во годината на војната во Украина, енергетската и климатската криза, и покрај зависноста од увозот на руски фосилни горива, Унијата не „попушти пред уцените на Путин“. – Успеавме да ја пополниме празнината […]

Поради една жена сите зборуваат за новогодишната честитка на Путин


  Рускиот претседател Владимир Путин во саботата традиционално им се обрати на својот народ и им ја честиташе Новата година. На видеото зад него стојат руски војници, а на социјалните мрежи се прошири теоријата дека русокосата и претходно се појавувала зад Путин во други улоги. Се шпекулира дека се работи за жена која статира во […]

Путин ја честиташе Новата година опкружен со војници


Рускиот претседател Владимир Путин одржа новогодишно обраќање до Русите и не зборуваше во Кремљ, како и обично, туку опкружен со војници кои учествуваат во војната во Украина. Путин ја нарече 2022 година година на клучни настани кои ги поставуваат темелите на иднината за Русија и светот, и година исполнета со немири и вознемиреност. – Ова беше година на вистински пресврти и судбоносни настани. Година […]

Објавена листата на државници на кои Путин им честиташе Нова година


  Претседателот на Русија, Владимир Путин нема да им честита Нова година на американскиот и францускиот претседател Џо Бајден и Емануел Макрон, како и на германскиот канцелар Олаф Шолц, соопшти денеска Кремљ. – Овие колеги не ни честитаат. Всушност, ние немаме никаков контакт со нив. А земајќи ги предвид непријателските потези што постојано ги преземаат, […]

Путин и Ши разговараа за создавање партнерство додека трае војната во Украина


  Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Ши Џинпинг во петокот ветија дека ќе ја продлабочат својата билатерална соработка додека трае 10-месечната војна на Москва во Украина, која издржа уште една ноќ на напади со беспилотни летала и ракети по масовното ракетно бомбардирање. Путин и Ши не ја спомнаа директно Украина додека одржуваа билатерални […]

Путин: Сите војни завршуваат со преговори, порано или подоцна


  Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија сака крај на војната во Украина и дека сите вооружени конфликти завршуваат дипломатски, со преговори. „Нашата цел не е да го свртиме тркалото на воениот конфликт, туку, напротив, да ставиме крај на оваа војна. Ќе се стремиме кон крајот на таа војна, и што побрзо, толку подобро, […]