Илјадници на улица во европските градови: Се штрајкува за високите цени, инфлацијата…


  Неколку илјади демонстранти во бројни германски градови бараа замрзнување на цените на станарините додека инфлацијата во цела Европа достигнува високи нивоа, во Прага се протестира против високите цени на намирниците, а во Рим за подобри работни услови, социјална правда и политиките на крајната десница. „Многу сме задоволни од одѕивот кој ни е показател во […]

Нови протести во Русија против мобилизацијата


  Активистите за граѓански права соопштија дека денеска во Русија се приведени неколку лица за време на новите протести како одговор на мобилизацијата на армиските резервистите да се борат во Украина. Според фотографии и видеата објавени од независни медиуми демонстрантѕи се приведени во Хабаровск, Новосибирск, Иркутск, Томск и Чита во Сибир. Демонстрантите носеле транспаренти на […]

„Смрт за диктаторот“: Растат протестите во Иран


  На почетокот тоа бела мали протести, пред здравствениот центар во Техеран, во кој 22-годишната Иранка по име Махса Амини почина откако беше приведена од „полицијата на моралот“ поради тоа што не носела шамија. До вторник, протестите се раширија низ Иран во излив на тага, гнев и пркос. Многуа беа предводени од девојки, кои ги […]

Илјадници Аргентинци на улиците за поддршка на потпретседателката Фернандез де Киршнер


  Илјадници следбеници на поранешната претседателка на Аргентина и актуелен потпретседател Кристина Фернандез де Киршнер синоќа излегоа на улиците во знак на поддршка, откако двајца обвинители побараа таа да биде осудена на 12 години затвор и забрана за вршење јавна функција поради наводна корупција за време на нејзината влада. Обвинителите претходно оваа недела ја обвинија […]

Условни казни за учесниците во инцидентите пред Собранието


Младен Ристовски, Иван Јосифовски, Славчо Симоновски, Бојан Стефановски, Никола Михаиловски, Виктор Стојков, Штефан Шуман добија условни казни поради настаните пред Собранието каде имаше инциденти. Судијката изјави дека секој мора да одговара за тоа што го направил. „Обвинетите се огласуваат за виновни за кривично дело учество во толпа што ќе изврши кривично дело. За што им […]

Унгарија: Петти ден протести поради новите даноци на Орбан


  Илјадници луѓе протестираа во Будимпешта во саботата по петти ден по ред против владата на Виктор Орбан, додека гневот се продлабочува поради даночните промени кои критичарите велат дека ќе им наштетат на малите бизниси. Унгарците излегоа на улиците откако парламентот во вторникот ја одобри промената на законот што ќе влијае на стотици илјади сопственици […]

Едниот пиштол со кој се пукаше на „Скендербег“ не бил огнено оружје


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. На 6 јули, кога толпата учесници на јавен собир се приближиле кон плоштадот „Скендербег“ во Скопје, осомничениот бил дел од група граѓани […]

На протестите пред Собранието приведени десет лица


Вкупно десет лица се приведени денеска поради фрлање тврди предмети кон полицискиот кордон пред Собранието за протестите против предлог-преговарачката рамка. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, покрај веќе објавените, за фрлање на тврди предмети кон објектот на Собранието, приведени се и М.М. (34) од село Глуво, Д.П. (45) од Скопје, Н.А. (63) и […]

Гилотина на протестите – симболика или најава за „револуционерен терор“


  Гилотината што денеска поддржувачите на Левица ја донесоа пред Собранието за наводен перформанс, со кој треба да се обезглави францускиот предлог за многумина од присутните изгледаше како добра можност за фотографирање, се чини дека оди подалеку од симболиката. Иако на гилотината имаше хартија со натпис „француски предлог“ самото орудие без оглед во каква и […]

Протестот мирен и без инциденти, продолжува утре


Да се сплотиме сите и заеднички да се спротивставиме на ова мрачно сценарио, да кажеме „НЕ“ за бугаризација, асимилација и за бришење на нашиот македонски идентитет, порачаа учесниците од вечерашниот протест пред Собранието, искажувајќи револт против францускиот предлог. Обраќањата пред Законодавниот дом кој беше крајната дестинација на протестниот марш, почнаа со интонирање на македонската химна, […]

Протести во Тунис поради новиот устав


Полицијата на Тунис вчера ги спречи демонстрантите да протестираат поред канцеларијата на Изборната комисија, кои се против референдумот за новиот устав, со кој би се прошириле ингеренциите на шефот на државата. Демонстрантите, предводени од лидерот на Слободната уставна партија, Абир Муси, се обидоа да ги пробијат бариерите пред Канцеларија на Изборната комисија, што доведе до помали судири […]

Притвор од осум дена против три лица поврзани со протестите од 5 и 6 јули


Мерка притвор во траење од осум дена определи судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје против три лица поврзани со протестите од 5 јули пред Собранитето и од 6  јули кај плоштадот „Скендербег“. -Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор против три лица, поврзани со настаните од 5 јули […]

Демонстрантите се разотидоа – пред Собранието се фрлаа димни бомби, а кај „Скендербег“ се пукаше


Протестите што се одржуваат веќе петти ден по ред под мотото „Ултиматум – Не благодарам“, вечерва завршија мирно. Протестот кој почна пред владината зграда продолжи со марш кон Министерството за надворешни работи каде што демонстрантите овој пат положија рози пред полицијата, кои ја чуваа безбедноста на зградата на МНР. Цвеќиња беа положени исто така и […]

Спасовски: Протестите мора да бидат мирни и демократски


Граѓаните имаат право на протест и тоа право никој не може да го суспендира. Меѓутоа протестите мора да бидат мирни и демократски, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку неговиот официјален фејсбук-профил. – Апелирам до политичките субјекти, организаторите на протестите и до граѓаните да покажат демократски капацитет, да ги сочуваме, редот, мирот и безбедноста. […]

На Холандија ѝ се закануваат конфликти, денеска блокада на аеродроми


За да се намалат катастрофалните емисии на азот, властите во Холандија пропишуваат радикално намалување на сточниот фонд, што ги наведе земјоделците на неколкунеделни протести, додека за денеска е најавена масовна блокада на пристапот до амстердамскиот аеродром „Шипхол“ и аеродромите во Ајндховен и Мастрихт, јави Бета. Полицијата најави дека со сите средства ќе ги разбие блокадите, […]

Едно лице убиено и десетици повредени во протестите во Еквадор


По повеќедневните насилства низ Еквадор, демонстрантите вчера се судрија и со војниците и со полицајците во главниот град Кито, но и во другите градови низ земјата, при што едно лице е убиено, а десетици се повредени. Еквадорските домородни народи веќе дванаесет дена протестираат низ Еквадор, со барање до владата да ги намали цените на горивата, […]

Над 3.000 бугарски граѓани ја поддржаа владата на Петков пред патријаршската катедрала „Св. Александар Невски“


Повеќе од 3.000 луѓе учествуваа на мирниот протест за поддршка на бугарската Влада на плоштадот „Свети Александар Невски“ на јужниот влез на патријаршиската катедрала, јави дописникот на МИА од Софија. Барањата на демонстрантите беа Бугарија без корупција, како и да нема обединување меѓу ГЕРБ, ДПС, „Препород“ и „Има таков народ“. Граѓаните носеа и бугарски и […]

Темата избори за власта е затворена до 2024, опозицијата најави нови протести


ВМРО-ДПМНЕ најави целосна блокада на институциите, патиштата и на целата држава доколку власта не се согласи на предвремени парламентарни избори. За власта, пак, темата за избори е затворена до 2024 година и го повикаа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од блокадите. Од власта повикуваат на разум и нагласуваат дека ВМРО-ДПМНЕ сега треба да покаже […]

Битолчани бараат слобода за Ламбе


  БИТОЛА – Слобода за Ламбе побараа битолчани кои попладнево масовно се собраа на протест пред  битолската полиција. Со транспаренти „Во градот на Стив Наумов нема место за Ванчо Михајлов“, учесници на протестот кинеја плакати од актуелниот претседател на Македонија Стево Пендаровски и комунистичкиот лидер на Бугарија Георги Димитров, а веднаш до знамето од Кутлеш […]

КСС од денеска со секојдневни протести ќе бара усогласување на платите со минималната


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) од денеска почнува со протести пред Собранието и Владата барајќи усогласување на платите во јавниот сектор со минималната плата. Протестите ќе се одржуваат секој ден од 16 до 17 часот. Синдикатот бара зголемува на бодот на 103 денари во бруто износ со што најниската плата во јавниот сектор би била […]