Скопје во посебен сообраќаен режим: Протестираат од судската администрација, од Фондот за здравство, Народниот правобранител…


  Центарот на Скопје денеска е најдобро да се избегнува, барем кога станува збор за возилата, поради неколкуте протести што се организираат во главниот град, а на кои основното барање е зголемување на платите. Така, пред Собранието, протестираа вработените од судската и јавнообвинителската служба, Фондот за здравство, како и од Канцеларијата на Народниот правобранител, во […]

Шпанија: Ескалираа протестите поради предложената амнестија за Каталонците, полицијата употреби сила


Десетици илјади луѓе протестираа ширум Шпанија во неделата против плановите на премиерот Педро Санчез да им даде амнестија на каталонските сепаратисти во замена за поддршка за уште еден мандат. Санчез го потпиша контроверзниот договор минатата недела откако каталонската сепаратистичка партија Јунтс ја поддржа Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) на премиерот за формирање нова влада. Договорот, […]

Семејствата на починатите во пожарот во модуларната болница продолжуваат со протести


Претставници на семејствата на 14 луѓе кои ги загубија своите животи во пожарот во модуларната болница во Тетово преку прес-конференција најавија дека ќе продолжат со јавни протести поради незадоволство од работата и постапките на Обвинителството. Тие минатата недела на двегодишнината од пожарот организираа протест и марш во Тетово, а новиот протест го најавуваат за утре. […]

Протести на Флорида поради новите наставни упатства – дека ропството им помогнало на Афроамериканците


Десетици наставници, студенти и синдикални водачи протестираа синоќа во Мајами против новите стандарди на американската сојузна држава Флорида за учење за поранешното ропство на Афроамериканците како – корисно за нив. Новиот стандард на наставната програма бара од наставниците да ги учат средношколците дека црните робови „развиле вештини од кои, во некои случаи, би можеле да […]

Весиќ бара од организаторите на блокадите „Србија против насилството“ да платат штета нa железницата


 Министерот за транспорт и градежништво, Горан Весиќ, денеска соопшти дека им наредил на железничките компании да извршат проценка на штетите поради блокадите на протестите Србија против насилството и да ја испратат во вид на обештетување до официјалните организатори на блокадите, јави дописникот на МИА од Белград. Тој на новата социјална мрежа Тредс објави дека поради […]

Седмиот протест Србија против насилството покрај Белград се одржува и во Ниш, Крагуевац и Нови Сад


Седмиот протест Србија против насилството, покрај Белград, денеска се прошири и се одржа и во Ниш, Крагуевац и Нови Сад, со блокада на сообраќајниците, јави дописникот на МИА од Белград. Најмасовен протестот беше во Белград, каде десетици илјади граѓани од платото пред Народното собрание се упатија во долга колона, исполнувајќи го централниот булевар Кнез Милош […]

„Србија против насилството“ ќе блокира мостови и патишта ако Вучиќ не ги исполни нивните барања


Претседателот на Еколошкото востание и пратеник во српското собрание, Александар Јовановиќ Чута, најави блокада на патишта и мостови во Србија доколку претседателот Александар Вучиќ до петок, 16 јуни не ги исполни сите барања од протестот „Србија против насилството“, јави дописиникот на МИА од Белград. Јовановиќ во писмена изјава наведе дека ќе бидат блокирани патиштата и […]

Стравот на Вучиќ од протестите на граѓаните кои не ги води опозицијата


  Критичарите на српскиот претседател велат дека се изгледа дека историјата ќе се повтори – додека Александар Вучиќ го најавува „најголемиот митинг во историјата на Србија“, повикувајќи ги илјадниците приврзаници на неговата Српска напредна партија (СНС) да се соберат во центарот на Белград на петок, на интернет кружи снимка од 5 октомври 2000 година. Тогаш […]

Поради протести, утре дел од центарот на Скопје ќе биде блокиран


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре (01.05.2023) во периодот од 10.00 часот до 12.30 часот е најавен протест организиран од страна на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија со траса на движење од пред канцелариите на КСС на ул.„50-та Дивизија“, по ул.„Јордан Мијалков“, бул.„Климент Охридски“ се до Владата на Република Северна Македонија […]

Во Франција повторно протести против пензискиот закон на Макрон


 Демонстрантите околу замокот каде што вчера одржа говор францускиот претседател Емануел Макрон правеа врева со удирање во тенџериња и тави, незадоволни од неговата пензиска реформа. Демонстрантите удираа во тенџериња и во други делови од земјата каде што патувале владини претставници, јавија локалните медиуми. Макрон присуствуваше на церемонијата по повод 175-годишнината од укинувањето на ропството во […]

Во Ерусалим масовен митинг за поддршка на судските реформи


Десетици илјади Израелци се собраа вчера во Ерусалим за поддршка на контроверзната судска реформа на екстремно десничарската коалициска влада со која се одземаат многу овластувања од највисокиот суд во земјата. Со оглед на редовните масовни протести на оние кои се против најавената реформа, израелското општество стана поларизирано, при што поддржувачите на најавените промени веруваат дека […]

Нови протести ширум Франција против пензиската реформа


 Француските синдикати денеска повторно повикаа на штрајкови и протести ширум земјата против пензиските реформи на претседателот Емануел Макрон. Властите очекуваат дека на денешните 12-ти протести да учествуваат од 400 до 600 илјади лица. Планирано е да се ангажираат 11.500 полицајци, од кои 4.200 ќе бидат во Париз. Уставниот совет се очекува утре да ги соопшти […]

Демонстрантите го запалија омилениот ресторан на Макрон


  Стотици илјади луѓе продолжија да демонстрираат ширум Франција против плановите на Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање на 64 години, при што избија судири меѓу демонстрантите и полицијата на рабовите на протестите во градовите како Лион, Нант и Париз. Во главниот град, демонстрантите накратко ја запалија тендата на ресторанот на левиот […]

Насилни протести во Франција низ фотографии: Судири, палежи и повредени полицајци


Продолжија протестите во Париз и другите француски градови поради законот за зголемување на старосната граница за пензионирање за две години, од 62 на 64 години. Вечерва имаше и сериозни судири во кои беа повредени десетици полицајци. Судири меѓу демонстрантите и полицијата беа пријавени во четвртокот во градовите низ Франција, вклучително и Нант и Рен. Француското […]

Неколку десетици илјади учесници на „Маршот за правда“ во Приштина за поддршка на Хашим Тачи и другите обвинети во Хаг


 Во Приштина денеска почна „Маршот за правда“, во кој, според првичните проценки, учествуваат неколку десетици илјади косовски граѓани за поддршка на лидерите на Ослободителната војска на Косово, чии судење ќе почне утре во Специјалниот суд во Хаг, пренесе Бета. Учесниците на маршот извикуваат слогани за ОВК, носат транспаренти со пароли „Слободата има име“ со слики […]

Протестите во Израел продолжуваат


Една од главните лидерки на движењето за протести, докторот по физика Шикма Бреслер синоќа изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговите колеги се одлучни да продолжат со усвојувањето на „законот за диктатура“ на следната седница на Парламентот (Кнесетот) за еден месец. „Изјавите на премиерот и неговите екстремистички партнери се знак за нивната намера да […]

Израел во хаос, Нетанјаху изгледа ќе ја замрзне судската реформа, синдикатите во масовен штрајк


  Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се очекува денеска, понеделник, да објави дека го замрзнува владиниот план за поткопување на Високиот суд по бранот протести што избувна низ целата земја како одговор на неговото отпуштање на министерот за одбрана Јоав Галант поради повикот да се запре законодавниот процес. Извори на Ликуд рекоа дека загрозениот премиер, наводно, […]

Француската премиерка ќе ја прими опозицијата, сака „смирување“


Во неделата што започнува на 3 април, француската премиерка Елизабет Борн ќе ги прими парламентарните групи и политичките партии, вклучително и опозицијата, како и претставници на компаниите за да ја „смири земјата“. Отворена е и можноста за средба со синдикатите и стопанските организации следната недела, додаде таа. Франција од 16 март ја тресат протести и […]

Први протести во Франција по законските измени за пензиските реформи


 Француските синдикати, кои од јануари организираат протести против пензиската реформа, за денеска најавија нови протести и тоа ќе бидат први по неодамнешното усвојување на Законот за пензиски реформи. Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека дополнителни 12.000 полицајци и жандарми ќе бидат распоредени низ целата земја, од кои 5.000 ќе бидат во Париз. […]

Можна ли е „граѓанска војна“ во Израел?


  Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху набрзина го отфрли предложениот компромис од претседателот Исак Херцог, чија цел беше да се реши ќор-сокакот околу планираниот ремонт на судството од страна на екстремно десничарската коалиција на Нетанјаху, што предизвика масовни протести во последните неколку недели. Херцог го откри предлогот за време на вечерното телевизиско обраќање, предупредувајќи: „Секој што […]