„Пари“: За 10 години синдикалната кошница се зголемила за 19.525 денари, а просечната плата за 10.840 денари


Од 1996 година до годинава, независна Македонија немала двоцифрена инфлација. Првите години по осамостојувањето беа шокантни во однос на растот на цените. Tака, во 1993 година имало прoсечна годишна инфлација од 349,8 %, во 1995 просекот бил 121,8 %, во 1995 година изнесувала 15,9 %, за од 1996 година да „заплови“ во мирни води со инфлација […]

Просечната нето-плата во август се зголеми за 11,3 проценти, се пофалија од Владата


Мерките на Владата даваат позитивни резултати за зголемување на просечната месечна-нето плата, оценуваат од Владата, откако денеска Државниот завод за статистика, објави дека нето-платата по вработен во август годинава, изнесува 31.871 денари, што е за 3.229 денари повеќе од истиот месец минатата година. -Постојаното зголемување на просечната нето-плата, е резултат на економските мерки и политики […]

Просечната плата во август 31.871 денар


  Просечната исплатена нето-плата по вработен, во август годинава, изнесувала 31.871 денар и е за 11,3 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемувањето се должи, пред сѐ, на порастот на просечната плата во секторите: Преработувачка индустрија (16.2 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16.1 %) и Уметност, […]

Просечната нето плата во јули 31.812 денари


  Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули годинава изнесува 31.812 денари и е за 11,5 проценти повисока од  просечната плата во истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности […]

Просечната нето-плата во Црна Гора е 707 евра


Според црногорскиот завод за статистика, Монстат, просечната плата без даноци и придонеси во април изнесувала 707 евра, што е за 0,4 отсто повеќе од март. Просечната нето плата во април, во однос на истиот месец лани, е зголемена за 33,6 отсто. Просечната бруто плата во април била 873 евра. „Ако се има предвид дека потрошувачките […]

Ковачевски: На чекор сме од исполнување на предизборното ветувања – просечна плата од 30.000 денари


Владата на СДСМ е на чекор од исполнување на едно од најважните предизборни ветувања – просечна плата од 30.000 денари, напиша денеска на  својот фејсбук-профил премиерот Димитар Ковачевски.   Според него, мерките за раст на плати и добрите економски политки, овозможија и во услови на двегодишна пандемија платите континуирано да растат.   -Остануваме посветени на […]

Просечната нето-плата 29.943 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен лани во декември изнесувала 29.943 денари што е зголемување за 5,8 отсто во однос на декември 2020 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето, пред сѐ, се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 13,1 отсто, Градежништво за […]

Просечната нето плата во ноември 29.130 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2021 година, изнесувала 29.130 денари, а во однос на ноември 2020 година, е зголемена за 5,6 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (14,4  проценти), […]

Во Србија просечната нето-плата во април изнесувала 416 евра


Просечната исплатена нето плата во Србија во април 2018 година, изнесувала 49 117 динари или 416 евра, со што номинално е поголема за 6,7 проценти, а реално за 5,5 отсто во однос на истиот месец минатата година, соопшти Републичкиот завод за статистика на Србија. Според податоците, просечната бруто плата во април, изнесувала 67 901 динари, […]

ВМРО-ДПМНЕ: Просечната плата во февруари е помала за 867 денари


Криминалниот картел кој ја води Република Македонија на чело со Зоран Заев ја урнисува државата. Платите на граѓаните се намалуваат, а трошоците за живот растат. Просечната плата во февруари е помала за 867 денари од платата во јануари.Еден месец траеше вештачката еуфорија на картелот на власт во врска со висината на просечната плата. Просечната плата […]

Мицкоски: Падот на просечната плата е резултат на неспособноста на Владата


Владата на Република Македонија предводена од Зоран Заев продолжува да ве лаже. После еуфоричното најавување на зголемувањето на просечната исплатена нето плата во првиот месец од 2018-тата година, демантот стигна веќе во следниот месец а тоа е вториот месец од 2018-тата година, каде што просечно исплатената нето плата доживува екстремен пад, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, […]

Просечната македонска плата е речиси три пати помала од словенечката


Најголеми плати во регионот земаат Словенците, а најмали Македонците, покажуваат статистичките податоци на земјите од бивша Југославија. Во Словенија на крајот на 2017 година просечната нето плата се искачи на 1.062 евра, што е зголемување од 1,7 отсто во однос на претходната година. По Словенија е Хрватска, каде според најновите податоци просечната плата изнесува 835 […]

Македонија со најниска просечна плата во регионот


Словенија има највисока просечна плата во регионот, а најниска Македонија. Просечната плата во Словенија во октомври годинава во Словенија изнесува 1.056,47 евра, додека во Македонија 381,90 евра, објави Анадолија. Во Хрватска просечната плата изнесувала 795,53 евра, Црна Гора 511 евра, Босна и Херцеговина 436 евра, Србија 396,29 евра. Во текот на 2017 година најголем раст […]

Просечната нето плата во октомври е 23.356 денари


Просечната исплатена нето-плата во октомври изнесува 23.356 денари и е зголемена за четири проценти во споредба со октомври лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Според објавените податоци, зголемување на нето-платата има во секторите уметност, забава и рекреација, рударство и вадење на камен и преработувачка индустрија. Во однос на септември зголемување на нето-платата е забележано […]