Од сабота значително потопло, на повеќе места над 30 степени


Времето денеска е сончево со слаб до умерен ветер од северен правец и  максимална температура од 19 до 27 степени. Во Скопје температурата ќе достигне 24 степени. УХМР соопшти дека следува период на постабилно време. Утре сѐ уште ќе се задржат пониските утрински температури, но дневните температури од сабота ќе бидат значително повисоки и на […]

Утре попладне локален пороен дожд со грмежи и засилен ветер


УХМР за утре попладне најавува зголемена облачност, локално со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските минимални температури ќе се движат од 4 до 10 степени, а максималните дневни од 15 до 24. Во следните денови, според УХМР, времето ќе биде претежно стабилно и релативно топло.

Прогноза на УХМР за работната седмица – температури и под нула


Во текот на работната седмица времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои ќе се спуштат и под нулата, а најстудено ќе биде во вторник наутро. Дневните температури ќе бидат во пораст, меѓутоа повторно се очекува облачно време. Следната сабота се очекуваат и локални врнежи од дожд.

Следува период на променливо време со сончеви периоди и пораст на дневните температури


Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и пораст на дневните температури. Во четврток и петок по одделни котлини ќе има појава на утринска магла и таму температурата ќе се задржи пониска. Во сабота попладне и во текот на ноќта ќе има слаби локални врнежи од […]

Наутро студено, преку ден за викендот до 13 степени


Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Утре и во сабота изутрина ќе биде студено, а потоа температурите ќе бидат во пораст, освен во вторник кога ќе дува засилен северозападен ветер. Според УХМР, локални врнежи од дожд и снег ќе има во сабота во текот на ноќта во западните делови и […]

Во сабота локални врнежи, од понеделник стабилно и потопло


Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време. Утре во планинските подрачја ќе има врнежи од слаб снег, а ќе дува и засилен северен ветер, особено во источните делови. Локални врнежи од дожд и снег ќе има во сабота кон крајот на денот и во текот на ноќта. Како што соопшти УХМР, од понеделник […]

Променливо облачно и студено, на места слаб снег


Времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. На места ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 1 до 7 степени. Во Скопје, променливо облачно и студено со […]

Од петок стабилизирање на времето, за викендот до 13 степени


Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно и студено време со слаб локален снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено во четврток во источните делови. Како што соопшти УХМР, од петок времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Утре минималната температура ќе се движи од […]

Претпладне сончево, попладне облачно, а во вечерните часови снег


Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер, претпладне од северозападен, а попладне од југозападен правец. Во вечерните и ноќните часови во западните подрачја ќе започнат врнежи од снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13 Целзиусови […]

Сончево, многу студено и ветровито


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот особено на североистокот облачноста ќе се зголеми и ќе има слаб локален снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -3, а максималната ќе достигне од […]

Ветровито и студено до -12


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот во североисточните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до […]

Наредните денови многу студено, утрата и до -15


Следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат околу -10 степени, а дневните ќе бидат околу и под нулата. Како што информира УХМР, поради ниските температури се очекува појава на голомразица. Повремено ќе има зголемување на облачноста со услови за […]

Студено, со повремени врнежи од снег


Времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, освен во долниот тек на Повардарието. Заради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал […]

Сончево и студено


Времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Кон крајот на денот во западните делови облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 […]

Сончево и ветровито, слаб снег во североисточните делови


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во крајните североисточни делови облачно со слаб снег. Попладне ќе биде претежно сончево. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието и во источните делови. Минималната температура во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени. […]

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето ќе биде променливо облачно, во западните делови на планините и на повисоките места со повремен снег, а во пониските од дожд и снег. По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла. Кон крајот на денот и во источните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено […]

УХМР: Утре температури до минус 13 степени


До понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со слаб доумерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималните температури утре ќе се движат од минус 13 до минус 3 степени, а дневните од 1 до 9 степени. Во Скопје и околината минималната температура ќе биде минус […]

Облачно и врнежливо со температури над нулата


Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, на повисоките планини на северозапад со врнежи од снег. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 6, а максималната ќе достигне од […]

До вторник облачно и врнежливо, од среда стабилно со пониски температури


До вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Како што соопшти УХМР, повеќе врнежи се очекуваат во понеделник, кога ќе дува умерен, а во вторник и среда засилен ветер од северен правец. Стабилизирање на времето ќе има од среда со […]

Облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег


Времето во земјава ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската темпертура ќе се движи од 2 до 5, а дневната од 2 до 10 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд и со слаб до умерен јужен […]