Талибанците уништија мостови, три провинции отсечени од Кабул


Кабул – Талибанците во Авганистан уништија мостови на главните патишта југозападно од Кабул, за време на масовна офанзива против безбедносните сили. Со тоа е прекината врската на главниот град со три провинции. Портпаролот на полицијата Нагиб Даниш изјави дека авганистанските безбедносни сили реагирале на нападот, но борбите сѐ уште траат, а најмалку шест полицајци загинале. […]