Ѓошевски и Поповски обвинети за настаните од 27 април излегуваат од притвор со гаранција


На поранешниот шеф на обезбедување на претседателот на Собранието,  Горан Ѓошевски, и на екс началникот во МВР, Оливер Поповски, кои се дел од обвинети за настаните од 27 април во македонското Собрание, им се укинува мерката притвор за што е поднесена гаранција. Во денешното соопштение од Основниот суд Скопје 1 се наведува дека Кривичниот совет го […]

Притворен полицаец од Кочани, шверцувал дрога


Полициски службеник од Кочани при спроведени посебни истражни мерки е фатен во недозволена продажба на дрога – марихуана по што од страна на јавен обвинител му е одредена мерка притвор од 30 дена. Како што соопшти Јавното обвинителство на РМ, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани издаде Наредба за спроведување истражна постапка против […]

Потврден притворот за Чавков


Скопска Апелација го потврди решението на Кривичниот суд со кое поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков останува во притвор, потврдија за МИА од Судот. Оттаму посочија дека е отфрлено и барањето за обезбедување гаранција за пуштање да се брани од слобода, бидејќи тоа било некомплетно. Чавков заедно со уште четири лица беа вратени во […]

Иснифарис Џемаили: Маневски и Мијалков ме притискаа да сведочам против Бучковски


Повеќе од 150 присутни членови на Здружението „Зелена лупа“ и на Комитетот за заштита на правата на жртвите на правосудниот систем одржаа заедничка трибина, насловена „Сите заедно по патот на правдата“. Според организаторите на настанот, идејата е да се проговори за поднесените иницијативи до сега веќе распуштениот Совет за утврдување факти, за можноста за поднесување […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев со несериозниот пристап ги урива позициите на Македонија во спорот со името


Зоран Заев за реномирани меѓународни медиуми изјавува дека е подготвен за одредени отстапки во однос на грчките барања за менување на Уставот, а потоа владата се обидува да го корегира и да ги појасни неговите позиции. Зоран Заев со несериозниот пристап ги урива позициите на Македонија во спорот и нанесува огромна штета на националните интереси, велат […]

Чавков, Мукоски и Василевски остануваат во притвор


Скопскиот Апелациски суд го продолжил притворот за 13 лица осомничени за насилството од 27. април минатата година. Меѓу оние на кои им е продолжен притворот е и екс-директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, а тука се и вработени во Агенцијата за разузнавање, но и лица од кабинетот […]

Василевски, Лазаров, Ѓошевски и Пешов остануваат во притвор


Пратеникот Сашо Василевски, началникот во МВР Душко Лазаров, шефот на обезбедување на Трајко Велјаноски, Горан Ѓошевски и началникот на посебните и специјалните единици Митко Пешов, остануваат во притвор, откако Апелациониот суд ги потврди одлуките на Кривичниот суд. Апелациски денеска треба да ги разгледува жалбите и на пратениците Љупчо Димовски и Крсто Мукоски. Апелацискиот суд Скопје […]

Дамовски, Илиевски и Арнаудов одат во домашен притвор – Чавков останува во Шутка


Апелацискиот суд Скопје им ја преиначи мерката притвор во домашен притвор на пратеникот Љубен Арнаудов и на организаторите на протестите за „Заедничка Македонија“ Борис Дамовски и Богдан Илиевски, осомничени за насилствата во Собранието од 27 април минатата година. Тие излегуваат од Затворот во Шутка, откако Апелацискиот суд ги прифатил нивните жалби, а како мерка на […]

Чавков: „Не сум терорист“


„Одговорно тврдам дека на 26 април не сум извршил ниту едно инкриминирачко дејство, ниту пак, сум направил кривично дело со кое сум ја загрозил безбедноста на државата и сум го довел во прашање уставното уредување. Презедов лична одговорност, покажав иницијатвност и издадов 7 или 8 наредби во согласност со стратешкиот оперативен план. Тоа се документи […]

Судот од Стразбур пресуди во корист на Велија и Емел Рамковски


Судот за човекови права во Стразбур, пресуди во корист на Велија Рамковски и неговата ќерка Емел Рамковска, кои поднесоа тужби до судот за критериумите по кои бил одреден притворот и за должината на притворот во „Пајажина“, објави Нова ТВ. Според нивниот адвокат Филип Медарски, судот утврди повреда на член 5, став 3 од Конвенцијата (право […]

Пратеничката Пешевска останува во домашен притвор, Апелација ја одби нејзината жалба


Апелацискиот суд во Скопје ја одби жалбата на пратеничката Жаклина Пешевска и ја потврди првостепената одлука со која таа останува во домашен притвор, потврдија за МИА од судот. Апелациските судии денеска ја разгледуваа жалбата на Пешевска со која се бараше да и биде укинат домашниот притвор кој и беше определен за настаните во Собранието од […]

Апелација ги одби жалбите: Мукоски останува во притвор


Апелацискиот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите на пратеникот Крсто Мукоски и донесе одлука со која му го потврди притворот, информираат за МИА од Судот. Жалбите, пак, на пратеничката Жаклина Пешевска и на Борис Дамовски се на мислење во Вишото јавно обвинителство, а во Апелацискиот суд се уште нема стигнато предмет за пратеникот Љупчо […]

Пратениците Тарчуловски, Василевски и Арнаудов остануваат во притвор


Апелацискиот суд Скопје на денешната затворена седница ги одби како неосновани жалбите за изречениот притвор на уште седуммина осомничени за тероризам и уставно загрозување, во врска со настаните од 27-ми април 2017 година во македонскиот Парламент. Според оваа одлука, Иван Цветановски, Абдуљафет Алими, Љубен Арнаудов, Јане Ченто, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски и Елена Доцевска остануваат во […]

Василевски, Арнаудов и Бетмен штрајкуваат со глад во притвор


Охридските пратеници Сашо Василески и Љубен Арнаудов како и Богдан Илиевски Бетмен од денес започнале штрајк со глад. На социјалните мрежи нивните роднини и пријатели пишуваат за штрајкот на притворените. Нивниот притвор беше продолжен за 30 дена, откако Апелацискиот суд ги одби нивните жалби со кои бараа поблага мерка. Осомничените се товарат за тероризам и […]

ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозна одлуката на Апелациониот суд за продолжување на притворите


ВМРО-ДПМНЕ велат дека институциите уште еднаш паднаа на тестот за владеење на правото, бидејќи, судот одлучи да ги отфрли жалбите за ослободување од притвор лицата поврзани со насилството во Собранието. „Институциите не покажаа минимум зрелост да работат за граѓаните, како што тоа им е наложено согласно закон и Устав. Уметниците, пратениците, полициските службеници и останатите […]

ВМРО-ДПМНЕ: Отфрлените жалби правно неиздржани


„Владата на СДСМ економски и политички ја урива Македонија, а судот со денешната одлука влезе во сценариото на поддршка на катастрофалните политики кои водат во натамошно продлабочување на кризата и конфликтите. Отфрлањето на жалбите на одбраната и решението патриотите да останат во притвор е целосно правно неиздржано“, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ по […]

Апелација утре ќе реши за притворите за насилствата од 27 април


Апелацискиот суд денеска на јавна седница ги разгледуваше жалбите на дел од притворените за настаните на 27 април во Собранието, информираат од Апелацискиот суд во Скопје. Расправа на јавна седница побараа актерот Владо Јовановски и осомничените Горан Ѓошевски, Мунир Пепиќ и Оливер Поповски. Префрлање на актерот Владо Јовановски од притворското одделение во Шутка во домашен […]

Осум жалби за продолжувањето на притворите за 27 април


Комплетирани се осум жалби на одлуката на Kривичниот совет во Основниот суд „Скопје 1“ да им го продолжи притворот на осомничените за 27 април. Во текот на денешниов ден, жалбите треба да бидат доставени до Aпелацискиот суд на понатамошно постапување. Дел од адвокатите, според информациите, немаат уредна достава на решенијата за продолжување на притворот и […]

Продолжен притворот на осомничените за 27 април


Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска им го продолжи притворот на 29 лица во врска со настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија. На 23 лица им е продолжен 30-дневниот притвор, на четири лица им е продолжена мерката куќен притвор, додека на две лица им е замената мерката притвор со куќен […]

Одреден притвор од 30 дена и за останатите четири лица поврзани со настаните од 27 април


Триесетдневен притвор судија на претходна постапка им определи и на останатите четири лица, кои се недостапни на органите за прогон, а учествуваа во настаните на 27 април во Собранието на Република Македонија. – Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1, по добиено известие од надлежните органи дека лицата А.В., Н.М., М.Д. и Д.Д. […]