Мијалков: Не бегам, ќе си ја одлежам казната


Осудениот Сашо Мијалков, кој за случајот „Титаник 2“ за изборни нерегуларности доби казна од три години затвор, а за него обвинителката Фатиме Фетаи побара одредување притвор, рече дека нема да бега, и дека ќе ја одлежи казната. „Нема потреба од притвор, нема да избегам, а ако повисокиот суд ја потврди казната, ќе си ја одлежам“, […]

Јанева: Ако Мијалков го пуштат, ќе се побара притвор за друг случај


Обвинителката Катица Јанева, вели дека за Сашо Мијалков ќе побараат притвор за друг предмет, ако се одлучи тој да биде пуштен по случајот „Империја“. За одлуката на Врховниот суд за случајот „Империја“ за пуштањето од куќен притвор на дел од осомничените, и дали е следен Сашо Мијалков, Јанева смета дека најважно е што СЈО има […]

Нема одлука од скопска Апелација за жалбата на Камчев


Апелацискиот суд Скопје денеска одржа седница во врска со жалбата на одбраната на бизнисменот Јордан Камчев да му биде укинат куќниот притвор во случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство. Како што информираат од судот, одлука на денешната седница не била донесена. Во случајот „Империја“ кривично се гонат вкупно 13 лица, меѓу кои Сашо Мијалков, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева […]

Обвинителството бара притвор за министрите и замениците


Основното јавно обвинителство побара притвор за четворица поранешни министри и заменици за земјоделие, кои утрово беа приведени во истрага поврзана со злоупотреби на земјоделска помош и издавање на државно земјоделско земјиште. Во акцијата на одделоот за организиран криминал на МВР се приведени поранешните министри Ацо Спасеновски и Михаил Цветков, како и поранешниот заменик министер Кристијан […]

СЈО бара Мијалков да си оди дома


Специјалното јавно обвинителство даде позитивно мислење за укинувањето на мерката притвор за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. СЈО бара притворот да се замени со куќен притвор, а мислењето е испратено денеска попладне во Скопскиот кривичен суд. Судија на претходна постапка, треба да донесе одлука да му го укине притворот на Мијалков и ќе му биде […]

Укинат притворот на Јанакиески, Јосифовиќ, Божиновски и Арсовска, четворицата во куќен притвор


Апелацискиот суд Скопје известува дека, по повлекување на предлогот за одржување јавна седница од страна на обвинетите, на денешната нејавна седница  Кривичниот совет на Судот донесе одлуки со кои се укинува мерката притвор против обвинетите Ненад Јосифовиќ од Скопје, Кирил Божиновски од Скопје, Зорица Арсовска од Скопје и Миле Јанакиевски од Скопје. Истовремено, додава Апелацискиот […]

Камчев од Шутка си заминува дома


Најбогатиот Македонец  Орце Камчев од затворот во Шутка си заминува дома откако Апелацискиот суд му го укина притворот и му одреди куќен притвор. Судот му ја замени мерката притвор со куќен притвор и на директорт на Пелагонија, Цветан Панделевски. Одлуките беа донесени во затворена седница, откако одбраната на осомничените го повлече предлогот за одржување на […]

Мијалков уште чека мислење од СЈО за притворот


Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков уште чека Специјалното јавно обвинителство да даде мислење за гаранцијата од 1 милион евра што ја понуди за да се брани од слобода. Неговиот адвокат Љупчо Шврговски вели дека со оглед на тоа дека се работи за притворски предмет, Специјалното јавно обвинителство треба да даде мислење што побрзо. […]

Бејли до судиите: Не се вадете на мене кога носите одлуки за притвор


Американскиот амбасадор Џес Бејли му пишал на претседателот на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев дека е разочаран од секојдневните информации што стигнувале до него дека судии носеле пресуди и одлуки за притвор под диктат на амбасадата на САД, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори од судот. Џолев им ја пренел содржината на писмото на судиите, во […]

Судот ја вратил гаранцијата на Мијалков да се комплетира


Судија на претходна постапка утврдил дека предлогот што го доставила одбраната на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, со којшто нуди гаранција од еден милион евра за да излезе од притвор, не бил комплетиран. Од Кривичниот суд за „Независен весник“ велат дека побарале одбраната да го комплетира предлогот и откако ќе го направат тоа, […]

Мијалков останува во Шутка


Кривичниот совет ја одби жалбата на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков и тој останува во итражниот затвор во Шутка. Судиите оцениле дека постои опасност Мијалов да избега и да влијае врз сведоци и го потврдија решението на судија на претходна постапка кој му одреди притвор за случајот „Империја“. Вчера беше […]

Судот му го укинал притворот на Мијалков за „Таргет – тврдина“ и му одредил за „Империја“


Судот му го укина притворот на Сашо Мијалков за предметот „Таргет-Тврдина“ и му определил 30-дневен притвор за предметот познат како „Империја“, информираат од Основниот суд Скопје 1-Скопје. „Претходно определениот притвор на лицето С.М. му е укинат со решение на Судот, а по предлог на надлежното Обвинителство во предметот познат во јавноста како „Империја“, судија на […]

Мијалков поседувал 11 милиони евра на две сметки


Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков кој беше приведен вчера во центарот на Скопје поседувал 11 милиони евра на две сметки кои биле на име на друго правно и физичко лице, но имало сознанија дека се всушност негови. Ова е дел од решението за притворот што му беше определен на Мијалков, а се темели […]

Мијалков од Шутка утре треба да биде донесен во суд


Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков кој вечерва беше приведен во хотел Мериот во центарот на Скопје, утре треба да биде спроведен од истражниот затвор во Шутка во Кривичниот суд. Таму во 10 часот треба да продолжи предметот Тврдина таргет, случај за кој му е одреден триесетдневен притвор. На минатото рочиште во судот сведочеше поранешниот […]

Мијалков е притворен за масовното илегално прислушување


Од СЈО информираа дека притворот на Сашо Мијалков е за предметот „Таргет– Тврдина“. Истрагата за предметот „Тврдина” беше отворена на 29 март 2016 година, а за предметот „Таргет” на 17 ноември 2016 година, а поради нивната поврзаност се споени во еден предмет. Обвинението е подигнато на 30 јуни 2017 година. Во споениот предмет „Таргет – Тврдина“ […]

Јанкулоска не очекува да и биде одреден притвор


Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска изјави дека не очекува мерките за претпазливост што и ги изрече судот да бидат преиначени во притвор. – Јас имам определено мерки за претпазливост, ги почитувам и не постои никаква причина да бидат преиначени, рече Јанкулоска пред денешното рочиште за предметот „Титаник“, одговорајќи на новинарско прашање дали […]

Јанева: СЈО побара притвор за Груевски кога некои други не можеа ни име да му споменат


Специјалното јавно обвинителство (СЈО) побара притвор за Никола Груевски уште во февруари 2016 година кога некои други не можеа ни име да му споменат, а до минатиот четврток воопшто не одаваше некои настапи дека нема да се јави на суд за да најдеме причина плус зошто повторно би побарале да биде ставен во притвор, порача […]

Судот одлучи – 30 дена притвор за Орце Камчев


Доцна вечерва судија на претходна постапка му одреди триесетдневен притвор на бизнисменот Орце Камчев кој е првоосомничен во новата истрага на СЈО, „Империја“. Притвор им е одреден и на останатите четири лица кои заедно со Камчев беа изведени пред судија на претходна постапка, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска, Цветан Панделески и на Тодор Мирчевски. Во новата […]

Заврши распитот на Камчев, одлука за притвор по распитот на сите осомничени


Доцна вечерва заврши распитот на бизнисменот Орце Камчев пред судија на претходна постапка. Освен Камчев распитот заврши и за осомничениот Ненад Јосифовиќ, а во текот на ноќва на распит се и осомничените Зорица Арсовска, Цветан Панделески и Тодор Мирчевски кои СЈО кривично ги гони во предметот со кодно име „Империја“. Откако ќе заврши распитот на […]

Шекеринска: Некои пратеници излегоа порано од притвор некои подоцна


Да не се бара политичка порака, оваа влада и ова мнозинство не  се мешаат во работата на Обвинителството и судството, рече заменик-претседателката на Владата Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање дали  тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ (Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Крсто Мукоски) случајно оваа недела беа ослободени од домашен притвор и дали без нивниот глас […]