Парализирано второто најголемо пристаниште во Европа 


Бродскиот сообраќај во белгиското пристаниште Антверпен е целосно запрен откако нафтата истече од брод за време на полнење гориво. Поради инцидентот, кој се случи вчера, ниту еден брод во моментов не може да влезе или да излезе од пристаништето, и не е познато колку долго ќе трае прекинот, пишува Анадолу. Излевањето се случи на пристаништето […]

Ќе се доградува пристаништето во Охрид. Доделени сертификати за новите капетани


 Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски денеска во Охрид на новите капетани и на опслужувачите на бродови им ги врачи сертификатите за управување со пловни објекти, кои се издаваат преку Капетанијата на пристаништата во Охрид и Министерството за транспорт. – Од 2005 година првпат кај нас се организира полагање испити за пловни објекти. Заеднички […]

Нафтените капацитети во Венецуела не беа оштетени во нападите на САД


Нафтените бунари и рафинериите во Венецуела работат нормално и не беа оштетени во нападите на САД, објавија два извори запознаени со работењето на државната енергетска компанија PDVSA. Штета во големо пристаниште Пристаништето Ла Гваира во близина на Каракас, едно од најголемите во земјата, но не се користи за извоз на нафта, претрпе голема штета, велат […]

Нови експлозии во Хамбург: Пожарникарите се борат со жаришта во пристаништето


Во пристаништето во Хамбург синоќа се случија нови експлозии откако вчера беше изгаснат големиот пожар што беснееше повеќе од 40 часа, соопштија властите. Два контејнера се запалија и беа гасени од безбедно растојание со водени топови, изјави портпаролот на противпожарната служба во Хамбург. За да се спречи ширењето на пожарот, службите за итни случаи поставија […]

Трговците со кафе во паника: Ги пренасочуваат бродовите на половина пат кон Америка


Трговците со стоки ги забрзаа пратките бразилско кафе во Соединетите Држави за да избегнат царини од 50 проценти што треба да стапат на сила на 1 август. Некои трговци ги пренасочуваат бродовите на средина од патувањето, откажувајќи ги поаѓањата во други пристаништа, така што контејнерите со бразилско кафе можат да стигнат до американските пристаништа до […]

Штрајкот на синдикатот ги запре контејнерските бродови во германското пристаниште Хамбург


Штрајкот на вработените во јавниот сектор на пристаништето во Хамбург во голема мерка го парализираше товарниот бродски сообраќај кон најголемото и најважното пристаниште во Германија, потврди денеска за ДПА портпаролот на пристанишната управа на Хамбург. Големите контејнерски бродови на кои им е потребна пилотација за да се движат по реката Елба меѓу Северното Море и […]

Пожар во пристаниште во Истанбул


Пожар избувна денеска на пристаниште во областа Пендик во Истанбул, јави телевизијата Си-ен-ен-турк. Пожарот избувнал околу 12 часот по локално време на пристаништето. Се претпоставува дека се запалил резервоар за гориво за чамци и јахти. Густ црн чад се крена над областа, предизвикувајќи паника кај луѓето. Многу противпожарни возила се испратени во областа. Според последните […]

Две третини од акциите на пристаништето во грчкиот град Игуменица продадени на италијанска компанија


Со потпишување на договор денеска заврши процесот на продажба и пренос на 67 отсто од акциите на пристаништето во грчкиот град Игуменица на италијанска компанија, договор во вредност од 84,17 милиони евра, за кој грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис истакна дека ќе донесе поголем раст како за националната, така и за локалната економија, јави дописничката на […]

Редовна железничка линија за транспорт на контејнери од пристаништето во Солун до Скопје


Од следната среда ќе започне да сообраќа новата редовна железничка линија за транспорт на стока што ќе ги поврзе пристаништето во Солун и Скопје, јави дописничката на МИА од Атина. Од солунското пристаниште (ОЛТХ) соопштија дека новата услуга за комбиниран транспорт на контејнери ќе биде на неделно ниво, ќе започне на 6 септември, а возовите […]

Русите со дронови го гаѓале Измаил, клучното пристаниште на Дунав за извоз на украинско жито


Украинското воено воздухопловство денеска соопшти дека руските сили лансирале голема група дронови кон украинското пристаниште Измаил, на Дунав, во близина на границата со Романија, што е клучно за извозот на жито. Британските медиуми пренесуваат дека на социјалните мрежи е објавено дека стрелбата на системот за противвоздушна одбрана се слушнал во областа во близина на овој […]

Огромен пожар во турско пристаниште, гори веќе два дена (видео)


Веќе втор ден беснее голем пожар што избувна во делот на пристаништето во градот Искендерун погоден од земјотресот во југоисточна Турција, јавува АП. Телевизиските снимки денеска покажуваат густ црн чад што се издига од запалените контејнери во пристаништето Искендерун на Средоземното Море, пренесе американската агенција. Засега не е познато што го предизвикало пожарот. Турската државна […]

Македонија ќе добие бесплатен пристап на пристаништето Порто Романо во Драч


Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците, го разгледа и прифати Извештајот за извршени преговори за склучување Спогодбата за соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на Министри на Република Албанија за развој на инфраструктурни проекти, логистичка безбедност и ефикасност на транспортна стоки меѓу двете […]

ЕУ го повлече грантот од 28 милиони евра за пристаништето Драч


ЕУ се повлекува од проектната инвестиција за пристаништето Драч, грант од 28 милиони евра наменет за поддршка на проектот за реконструкција  на дел на терминалот во ова најголемо албанско пристаниште, јави Топ чанел.   Додава дека на официјалната веб-страница на „Инвестициската рамка на Западен Балкан“, овој проект веќе има статус „откажан“.   – Во описот […]

Германската Влада постигна договор за инвестиција на кинеската компанија Коско во пристаништето Хамбург


 Германската влада постигна компромис во спорот околу кинеската инвестиција во терминалот за контејнери во пристаништето Хамбург, наведуваат извори од владата, пренесе ДПА. Кинеската компанија „Коско“ (Cosco)  минатата година се обиде да дојде до 35 отсто од акциите на терминалот, меѓутоа, додава германската агенција, според договорот на трипартитната владина семафор коалиција, уделот на „Коско“ во сопственоста […]

Џиновскиот кинески транспортен брод „Таурус“ вплови во Атина


„Таурус“, еден од најголемите транспортни бродови во светот, вплови во пристаништето Пиреја во Атина, со што стана најголемиот брод што некогаш пристигнал во главното грчко пристаниште. Бродот на кинеската транспортна компанија КОСКО е долг 400, а широк 58 метри и пренесува 20.000 контејнери, со вкупна тежина од речиси 200.000 тони. КОСКО го купи мнозинскиот пакет […]