БиХ: Разузнавачката служба незаконски прислушувала стотици луѓе


Шефот на дипломатијата на Босна и Херцеговина Елмедин Конаковиќ, во синоќешното интервју изјави дека Агенцијата за разузнавање и безбедност (ОСА) незаконски прислушувала стотици луѓе, вклучително и политичари и новинари. Елмедин Конаковиќ, кој е и лидер на владејачката партија Народ и Правда, гостуваше во телевизиската програма на Н1 и рече дека злоупотребите во ОСА биле откриени […]

Смени во грчката полиција поради скандалот со прислушувањето


  За „ноќ на чистки“ во грчката полиција пишува „Катимерини“ во своето електронско издание, најавувајќи пензионирање или отпуштање синоќа на голем број високи раководители кои имале контроверзна улога во аферата со прислушувањето на грчките политичари од страна на разузнавачки служби. Со одлука на министерот за цивилна заштита, Такис ​​Теодорикакос, генерал-потполковник Константинос Скумас останува на чело […]

Грците бараат на помош белгиски обвинители за скандалот со прислушувањето


  АТИНА – Обвинителот на Врховниот суд на Грција ги нападна медиумите кои ги критикуваат грчките правосудни власти споредувајќи ги неповолно со белгиските истражители кои се справуваат со скандалот Катаргејт. Тој повика на опсежна даночна контрола на медиумските организации. „Не е возможно дел од печатот, искористувајќи го суштински целосно неефективниот закон за печатот, да се […]

Претрес во фирми во Атина поврзани со нелегалниот софтвер за прислушување


Во шест фирми во Атина поврзани со нелегалниот софтвер за следење Предатор, извршила претрес Службата за борба со електронски криминал по добиен налог од грчкото обвинителство, објави весникот „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. Паралелно во рамките на истрагата, според грчкиот весник, претрес бил извршен и во домовите на вработени во конкретните фирми. Државната […]

Грција: Уште еден опозициски политичар бил прислушуван


  Грчката афера со прислушување во врска со шпионската програма „Предатор“ се проширува откако левичарскиот опозициски пратеник му рече на обвинителот во петокот (9 септември) дека и неговиот телефон бил компромитиран. Христос Спирцис, поранешен министер и пратеник на главната опозициска левичарска партија Сириза, бил информиран дека неговиот телефон бил хакиран од „Предатор“, а тој сега […]

Бугарија: Обвинителството проверува дали е користен софтверот „Пегаз“ во владини агенции за незаконското прислушување


Софиското обвинителство води истрага за можна незаконска употреба на софтверот „Пегаз“ во државни структури заради неодобрено прислушување бугарски државјани, соопшти обвинителството. Од Националното биро за контрола на специјални разузнавачки средства (НБЦРС) побарале информации дали во државните структури се применувал производот на израелската технолошка компанија НВО Груп „Пегаз“ за конкретни граѓани. Проверката ќе разјасни дали софтверот […]

Полската влада се обидува да ја блокира истрагата за прислушувањето


  ВАРШАВА – Полската владејачка партија Право и правда (ПиС) френетично се обидува да ја блокира парламентарната истрага за наводите за хакирање телефони на опозициски политичари спонзорирани од владата. Но, кревката контрола на власта од страна на партијата го отежнува спречувањето на истрагата. Тоа го претвори поранешниот рок-музичар Павел Кукиз во еден од најмоќните политичари […]

Се проверува дали имало прислушање и во Обвинителството за организиран криминал и корупција


Во тек е вештачење на хард дисковите на Обвинителството за организиран криминал и корупција, затоа што при непосредната контрола не постоеја технички можности да се утврди дали и таму било снимано. Сé уште не знаеме дали и во ова Обвинителство било прислушувано, рече на денешната прес-конференција јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Сашо Рајчев одговарајќи […]

Се прислушувало по категории – СДСМ, албански партии, оперативни потреби


Системот за следење на комуникациите Верин функционирал со таргети маркирани на барање на соодветни оддели во УБК, како на пример таргет СДСМ, албански партии, оперативни потреби. Групите на таргетите по случаи биле правени по наредба на началникот Горан Грујевски, а на маркирачот му се давало ливче на кое го пишувало бројот кој ќе се слуша, […]

СДСМ: Што знаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за нелегалното прислушување?


Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да одговорат што знаеле за нелегалното прислушување, бараат од СДСМ. „Денес, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ лицемерно глуми загриженост за опрема за прислушување во Јавното обвинителство поставена уште во 2013 година, кога токму таа партија имаше апсолутна власт во државата. Наместо да прераскажуваат недолични фрази на Груевски, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и […]

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев ги има прислушуваните разговори на обвинителите?


Дали Зоран Заев ги има нелегалните прислушувани разговори од јавните обвинители? Кој се ги има нелегалните прислушувани разговори од обвинителите?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Според опозициската партија, „очигледно е дека јавните обвинители, обвинителството, судовите, судиите кои соработувале меѓу институционално биле предмет на надзор, а подоцна и контрола на Зоран Заев“. -Главното прашање на кое се уште […]

Пукна како скандал, се претвори во пресметка: Обвинителите се снимале и кога дознале


Уште во 2013 година, кога се набавувала телефонската централа во Јавното обвинителството, имало опција за снимање на телефонските разговори на обвинителите. Јавниот обвинител Љубомир Јовески веста ја соопшти откако два часа им држеше предавања на новинарите за транспарентноста на јавното обвинителство и какви информации може да соопштат во предистражна постапка, која според законот е тајна. […]

ЈОРМ: Се снимало од 2013 година


Постојат индиции кои укажуваат дека снимањето на телефонската комуникација остварена преку фиксна телефонска мрежа во зградата на Јавното обвинителство, траело од набавката и инсталирањето на опремата, односно од 2013 година, соопшти денеска Јавното обвинителство на Република Македонија. Од ЈОРМ истакнуваат дека со исклучителна сериозност и внимателност се проверуваат сите аспекти, со оглед на големиот интерес […]

За скандалот со снимањето власта прстот го вперува кон Зврлевски и Панчевски


Премиерот Зоран Заев кој синоќа обелодени дека освен разговорите на обвинителите, снимани биле и фиксните телфони во Кривичниот суд, во својата изјава без да спомене имиња, сомневањата ги насочи кон поранешниот републички обвинител Марко Зврлевски и поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, односно дека тие стојат зад скандалот со снимање на судии […]

Мијалков е притворен за масовното илегално прислушување


Од СЈО информираа дека притворот на Сашо Мијалков е за предметот „Таргет– Тврдина“. Истрагата за предметот „Тврдина” беше отворена на 29 март 2016 година, а за предметот „Таргет” на 17 ноември 2016 година, а поради нивната поврзаност се споени во еден предмет. Обвинението е подигнато на 30 јуни 2017 година. Во споениот предмет „Таргет – Тврдина“ […]

Свиркачот спроти прислушувачот во суд


Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, внимателно го следеше и на лист хартија го пишуваше сведочењето на Ѓорѓи Лазаревски, кој додека Мијалков беше на чело на УБК работеше како аналитичар во Петтата управа, а по објавувањето на „бомбите“ стана херој бидејќи откри дека УБК нелегално прислушувала високи функционери од тогашната власт […]

ОТА почнува со прислушување, но само легално


Оперативно техничката агенција од денеска и официјално почнува да работи со полн капацитет, инфомираа денеска на заедничка прес-конференција вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на ОТА, Зоран Ангеловски. Министерот Спасовски информира дека контролата врз работата на Агенцијата ќе биде повеќестепена преку собраниска комисија, граѓански организации и експерти. Според првиот директор на […]

Одговорноста за прислушувањето – услов за ЕУ


Одговорноста за масовното прислушување во Македонија и пресудите за висока корупција влегоа во препораките на европските министри, како услови за почнувањето на преговорите со ЕУ. Брисел го постави патот кон отворање пристапни преговори во јуни 2019 година, но бара опипливи и конкретни резултати во борбата против корупцијата и во судските реформи. Во заклучоците од вчерашниот […]

Прислушувањата му биле предавани на Верушевски од 2011 година


Кон крајот на 2010 година двајцата единствени „свиркачи“ во Македонија, Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски, тогаш вработени во Министерството за внатрешни работи, направиле план како да обезбедат докази за нелегалното прислушување во Македонија, а од почетокот на 2011 година прислушуваните материјали кои успеале да ги извлечат од Управата за безбедност и контразузнавање континуирано му ги […]

Се прислушувале ли новинари во редакциите на МПМ ?


Сомнежите дека новинарите, но и другите вработени во Медиа Принт Македонија, биле прислушувани стануваат сѐ поизвесни. На ваков заклучок наведуваат најновите сознанија до кои дојде правосудство.мк, а по неодамнешната објава дека „Телеком“, во МПМ инсталирал телкомуникациска опрема вредна 5.813.674 или 94.531 евро. Најновите сознанија до кои дошол порталот говорат дека, освен опрема, до централата на […]