Во грчкиот град Комотини отворена станица за компресија на природен гас — проект на ДЕСФА за енергетската безбедност на регионот


Операторот на системот за пренос на природен гас на Грција (ДЕСФА) во грчкиот град Комотини, денеска ја отвори новата станицата за компресија на природен гас, што, како што информираа од компанијата, „ја зајакнува улогата на Грција како стратешка енергетска порта, но го зајакнува и вертикалниот коридор за природен гас, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Киев најавува поголем увоз на природен гас поради штети од руските воздушни удари


Украина планира да го зголеми увозот на природен гас за околу 30 проценти поради руските воздушни напади врз нејзината гасна инфраструктура, соопшти министерката за енергетика Светлана Гринчук. Гринчук на брифинг во Киев изјави дека разговарала со земјите од Г7 за можноста за дополнителен увоз на гас. Таа посочи дека воздушните напади предизвикале „значителни“ штети врз […]

Од 13 до 17 октомври ќе има прекин во испораката на природен гас кон потрошувачите во земјава


Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, грејната сезона започнува на 15 октомври 2025 и завршува на 15 април 2026 година. Но, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот […]

Гасот ги чини германските потрошувачи 80 отсто повеќе отколку пред војната во Украина


Цените на енергијата за потрошувачите во Германија умерено растат. Но, во споредба со цените пред избувнувањето на војната во Украина, поскапувањата се огромни. Домаќинствата во Германија плаќале во просек по 12,28 центи за киловат-час за природен гас во втората половина од минатата година, објави Сојузниот завод за статистика. Ова е за 3,5 отсто повеќе отколку […]

Зелено светло од Министерството за енергетика на Грција за истражување за природен гас јужно од Крит


Министерството за енергетика и животна средина на Грција го прифати изразениот интерес од американската компанија „Chevron“ за вршење истражување за јаглеводороди во два блока во морскиот дел јужно од островот Крит, соопштија од Министерството, што според нив е „уште една важна разврска што ги зајакнува напорите на земјата за искористување на националните енергетски ресурси“, јави […]

Цената на природниот гас на европскиот пазар се зголеми на највисоко ниво од почетокот на 2023 година


Цената на природниот гас на европскиот пазар утринава се зголеми на највисоко ниво од почетокот на 2023 година, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на гасниот центар во Холандија (ТТФ). Индексот на цените, како одраз на динамиката на цените на синото гориво со кое се тргува во гасниот центар во Холандија, достигна утрово до 58,29 евра […]

Украина не планира да го обнови договорот со Русија за транзитен пренос на природен гас преку нејзина територија


Украина не планира да го обнови договорот со Русија за транзитен пренос на природен гас преку нејзина територија, откако ќе му истече важноста на крајот на годината. Ова денеска го соопшти украинскиот премиер Денис Шмигал, кој во Ужхород во западниот дел на Украина се сретна со словачкиот премиер Роберт Фицо. Шмигал го определи како стратешка […]

Европската комисија одобрила финансирање на проектот „Независен систем за природен гас во Александруполи“


Европската Комисија издала извршна одлука за одобрување на финансиски придонес на Унијата во реализација на проектот „Независен систем за природен гас во Александруполи“, соопшти алтернативниот министер за национална економија и финансии на Грција Никос Папатанасис, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката е во рамките на програмата на европските структурни и инвестициски фондови за конкурентност, […]

ЕУ увезува повеќе гас од Русија отколку од САД


За прв пат по речиси две години, земјите од Европската унија увезле повеќе природен гас од Русија отколку од САД за еден квартал, покажа новото истражување на пазарот на енергија. Од април до јуни, Европската унија купила повеќе од 12,7 милијарди кубни метри од Русија и 12,3 милијарди од САД, објави бриселската консултантска фирма Бригел. […]

Турција испрати сондажен брод за природен гас во Црното Море


Турскиот сондажен брод „Абдулхамид Хан“ отплови за Црното Море заради сондажни активности, објави „Хуриет дејли њуз“. На бродот, министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар изјави дека гасното наоѓалиште Сакарија, откриено во 2020 година, е најголемото откриено во турски води и дека земјата треба брзо да го зголеми производството. Дневното производство во Сакарија моментално […]

ГЕЦФ: Глобалната побарувачка за природен гас би можела да се зголеми за 34 отсто во 2050 година


Глобалната побарувачка за природен гас би можела да се зголеми за 34 отсто во 2050 година во однос на 2022 година, достигнувајќи 5.360 милијарди кубни метри, се наведува во извештајот на Форумот за земји извознички на гас (ГЕЦФ). Глобалната потрошувачка на природен гас во 2022 година изнесуваше околу 4.015 милијарди кубни метри. Извештајот ги наведува […]

Албанија ќе гради центар за природен гас во Валона


Албанскиот премиер Еди Рама од Баку најави дека Владата е подготвена да изгради центар за природен гас во приморскиот град Валона, јавија албанските медиуми. Во објава на Фејсбук, додаваат, Рама прво наведува дека од претседателот Илхам Алиев бил поканет да се обрати на 10-тиот самит на Јужниот гасен коридор, како и заеднички да разговараат за […]

„ЕСМ Продажба“ потпиша договор за набавка на природен гас за април 2023 со „Макпетрол“


„ЕСМ Продажба“ донесе одлука за избор на набавувач на природен гас за месец април 2023 година за потребите на топланите „Исток“, „Запад“, „Енергетика“ и „Скопје Север“, како и за други стопански субјекти кои се снабдуваат преку „ЕСМ Продажба“. Природниот гас за април ќе се набави по фиксна цена од 53,60е/MWh, а добавувач ќе биде фирмата […]

Интензивирани контактите за интерконекторот за природен гас меѓу Северна Македонија и Грција


Компаниите НЕР од Северна Македонија и ДЕСФА од Грција во изминатиот период ги интензивирале контактите со цел да се координираат активностите за започнување на градежните работи за интерконекторот за природен гас меѓу двете земји, објави грчкиот весник „Та неа“, повикувајќи се на свои извори. Според истите информации, минатата седмица во Скопје се одржала средба меѓу […]

Цените на природниот гас во Европа паднаа на најниско ниво во последните 18 месеци


  Цените на природниот гас во Европа паднаа на најниско ниво во последните 18 месеци како најнов знак дека регионот ја избегна енергетската криза од која многу стравуваше. Референтните цени на големото на гасот паднаа за речиси 5 отсто во петокот и достигнаа 49 евра за мегават час, што е нивно најниско ниво од септември […]

При набавката на природен гас за јануари избрана е поевтината понуда, вели Ковачевски


Набавката на природен гас во ЕСМ за јануари е спроведена согласно постапките и процедурите пропишани со закон. Од двете доставени понуди беше избрана поевтината цена на гас за јануари, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Пекабеско“, Ковачевски не одговори  дали некој ќе сноси одговорност што е склучен договор […]

Грција не е задоволна од предлогот за плафон 275 евра за мегават час природен гас


  Грција, како преку владиниот портпарол, така и преку министерот за животна средина и енергетика, го изрази незадоволството за предлогот плафонот на цената на природниот гас да изнесува 275 евра за мегават час, јави дописничката на МИА од Атина. -Се разбира дека воопшто не сме задоволни од овој предлог, рече портпаролот на грчката Влада Јанис […]

Кој ќе го снабдува ЕСМ со природен гас ќе се знае по празникот


  АД ЕСМ по празникот ќе соопштат кои фирми понудиле природен гас на тендерот за снабдување на топланите. Како  што велат од компанијата, се уште чекале да бидат доставени  понудите, па потоа ќе ги разгледале и од вторник ќе ја информирале јавноста кој се се пријавил. Понудите компаниите требаше да ги достават до вчера. ЕСМ […]

Украина, Западен Балкан, снабдувањето со природен гас теми на средбата на Мицотакис со бугарската делегација предводена од Василев  


Заедничката поддршка за европската перспектива на Западен Балкан, ја истакнале грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и бугарскиот вицепремиер и министер за финансии Асен Василев, кој ја предводи бугарската владина делегација во Грција за време на денешната средба во Атина, на која станало збор и за случувањата во Украина, билатералната соработка, како и снабдувањето со гас, јави […]

И Австралија ќе помогне, ако во Европа дојде до недостиг на руско гориво


Австралија е подготвена да испорачува течен природен гас на европските држави, во случај да дојде до недостиг од руско гориво, соопшти денеска сојузниот министер за природни и водни ресурси Кит Пит. Според Пит, Австралија е „подготвена да помогне при секое барање за испорака на течен природен гас“, кое би дошло од европските држави кога ќе […]