Турската полиција приведе 11 лица во врска со повиците за бојкот


Турската полиција приведе 11 лица во рамки на истрагата за повиците за бојкот што се шират на социјалните мрежи, пренесе ДПА. Главниот обвинител на Истанбул започна истрага по обвиненијата за дискриминација и поттикнување општество кон омраза и непријателство, јавува турската приватна телевизија НТВ. Во рамки на истрагата издадени се 16 потерници за апсење. По апсењето […]

За снимање со дрон во Скопје и Кочани приведени осум лица од Македонија, Србија и Бугарија


На 18.03.2025 во Полициската станица Центар во Скопје бил извршен службен разговор со С.М.(34) од Сопиште, скопско, Ј.С.(24) од Кочани, Е.Ш.(43) од Скопје, Ј.П.(28) од Скопје, М.Д.(45) од Скопје, М.Ј.(36) од с.Гершиан, битолско и М.Ѓ.(51) од Република Србија. За време на јавниот собир на Плоштад „Македонија“ во Скопје тие биле затекнати како управуваат дронови без […]

Приведени две лица кај кои се пронајдени вкупно 4,5 килограми кокаин


Приведени се две лица кај кои се пронајдени 4,5 килограми кокаин. За нив е побаран притвор и куќен притвор, информираа денеска од Јавното обвинителство. – Како резултат на материјалните и видео докази, обезбедени при претресите во акцијата што под раководство на јавен обвинител беше спроведена на 18 и 19 јануари годинава, во текот на денешниот […]

Двајца 18-годишни средношколци приведени поради напад врз ученик од истото училиште


 СВР Тетово информира дека попладнево приведени се двајца средношколци на 18 години поради напад врз ученик од истото училиште. Нападнатиот ученик е малолетен, а поради повредите бил префрлен во ургентен центар Тетово за укажување на лекарска помош. -Денеска (20 ноември) во 15.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека во угостителски објект пред средно училиште […]

Двајца жители на Чашка приведени од полицијата поради напад врз полициски службеници


Полициски службеници од СВР Велес синоќа во 19.45 часот ги лишиле од слобода 34-годишниот З.Н. и 41 годишниот  Д.Н. двајцата од Чашка, затоа што на улица „8 Септември“ во Велес физички нападнале полициски службеници додека извршувале службени задачи. Како што денеска информираат од СВР Велес, З.Н. и Д.Н. биле задржани во полициска станица, известен бил […]

Приведени три лица од Скопје и скопско барани со потерници


Денеска, во 13.30 часот во с. Грчец, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Ш.П. (29) од с. Батинци, скопско, кој бил баран со централна потерница за затворска казна од пет месеци за сторено кривично дело по член 301 од КЗ. Исто така денеска, околу 15 часот, […]

Приведени осуммина крадци, пронајдените предмети вратени на сопствениците


Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип, по преземени оперативни мерки и активности расчистија 7 кривични дела „тешка кражба“ и 3 кривични дела „кражба“ извршени од викенд куќи, куќи и возила, на територијата на град Штип, во периодот од јануари до јули годинава. Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на […]

Приведени двајца Мароканци кои влегле во кругот на касарна „Илинден“


Две лица од Мароко биле приведени откако неовластено влегле во кругот на касарната „Илинден“ во Скопје. -На 31.05.2023 во 20.30 часот во кругот на касарна „Илинден“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош ги лишиле од слобода А.Ф.(23) и С.А.(21), двајцата од Мароко, поради неовластено влез во кругот на касарната, соопшти МВР. Тие биле […]

Група за човекови права: Во Белорусија за една недела приведени над 100 лица


Во Белорусија за една недела се приведени повеќе од 100 лица, меѓу кои и неколку психолози и психијатри, противници на белоруските власти, соопшти синоќа групата за човекови права „Весна“. Таа група соопшти дека најголемиот број приведени се во Минск, како и на запад и исток на Белорусија. Според „Весна“ цел на властите се опозициски активисти, […]

Турските власти приведоа 184 луѓе, вклучително и градоначалник, поради урнати згради во земјотресот


 Најмалку 184 лица, главно градежни изведувачи, се приведени во Турција во врска со урнатите згради по разорните земјотреси во јужниот дел на земјата, изјави денеска министерот за правда Бекир Боздаг. Приведен е и градоначалникот на областа Нурдаг во провинцијата Газиантеп, јави Анадолија. Градоначалникот Океш Кавак е од владејачката партија на претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Владата […]

Приведени насилници кои нападнале 39-годишник во Кисела Вода


Полициски службеници од Единица за насилен криминал – Одделение за насилен криминал вчера ги лишиле од слобода Е.Ф. и И.Т. -Постапувајќи по пријава од Ф.Џ.(39), косовски државјанин, според која на 11.02.2023 во 22.30 часот пред и во продавница на подрачјето на Кисела Вода со тврд предмет бил физички нападнат од неколку лица, полициските службеници по […]

Франција: Приведени 170 луѓе за време на прославата на победата на Мундијалот


  Во Франција, во текот на викендот, се приведени 170 лица за време на прославата на победата на мароканската и француската репрезентација на Светското фудбалско првенство во Катар, објави весникот Паризијен. Инцидентите избувнаа во саботата доцна навечер откако Мароко и Франција влегоа во полуфиналето на Светското првенство, додава весникот, наведувајќи дека во Париз се приведени […]

(Видео) Претреси во Скопје, пронајдени оружје и муниција, приведени четири лица


Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, вчера во содејство со полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции – Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, истовремено извршија претреси на шест локации во домови на лица осомничени за кривични дела „убиство“ и „предизвикување општа опасност“, при што од слобода се лишени четири лица И.А.(31), […]

Кривична пријава против 12 лица за учество во толпа што ќе изврши кривично дело, одреден и притвор


 Во врска со извршено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, по чл. 385 од Кривичниот законик, сторено на 05.07.2022 година за време на граѓански собир пред Собранието, при што беа повредени 47 полициски службеници и извршено е оштетување на зградите на Собранието, Владата, Министерството за надворешни работи, како и полициска куќарка, […]

На патот Охрид-Ресен привeдени две лица со над 1,5 милиони денари


На 29.06.2022 во 22.40 часот на магистралниот пат Охрид-Ресен, во с.Избишта, ресенско, полициски службеници од Полициската станица Ресен ги лишиле од слобода И.И.(32) и С.А.(32), двајцата од Неготино. При преглед во возилото „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал И.И., а С.А. бил сопатник биле пронајдени 1.665.000 денари за кои не поседувале соодветна […]

Десет лица приведени при контроли во скопски угостителски објекти, пронајдена дрога


Полициски службеници од СВР Скопје синоќа извршиле контроли во угостителски објекти на подрачјето на Скопје, при што од слобода се лишени 10 лица. Тие се сомничат за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Како што соопшти МВР, кај З.Д.(39) од Битола, В.К.(33) од Струга, И.Т.(21) и М.Б.(19) од Куманово, […]

Во скопски угостителски објекти приведени 14 лица кај кои е пронајдена дрога


МВР соопшти дека ноќеска од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во содејство со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршени се контроли во угостителски објекти на подрачјето на Скопје, при што се лишени од слобода се 14 лица, поради основано сомнение за „неовластено производство и пуштање во […]

Приведени три лица во Велес за пронајдена дрога


Три лица, од кои две од Кочани и едно од Велес, денеска се лишени од слобода, осомничени дека се сторители на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотички дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Тројцата биле приведени од полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при СВР Велес. МВР соопшти дека во близина на […]

Од претресите во Скопје и скопско, приведени двајца нарко дилери, пронајден кокаин и марихуана


Две лица се приведени, по едно се трага, а запленети се повеќе килограми марихуана и полиетиленски пакувања кокаин по вчерашната акција на МВР во повеќе локации во Скопје во Арачинови и Радуша. Од МВР соопштија дека врз основа на наредби од судија на претходна постапка полицијата извршила претреси на шест локации во Скопје, Арачиново и […]

Приведени пет лица во Скопје, користеле малолетни деца за питачење


Лишени од слобода се лицата Џ.Ш.(20), С.Р.(20), Е.М.(32) и Ф.С.(20), сите од Скопје, и М.А.(46) од Охрид. Џ.Ш., С.Р., Е.М. и М.А., кои биле затекнати заедно со своите малолетни деца при питачење на крстосници и булевари на подрачјето на Скопје. Како што информира МВР, со лицата бил извршен службен разговор и по целосното документирање на […]