ДИК: Потребни се 723.252 гласачи за избор на нов претседател


Вкупно 1.808.131 избирачи ќе може да учествуваат на шестите претседателски избори во земјава. Државната изборна комисија вчера го заклучи Избирачкиот список за изборите на 21 април, односно 5 мај, кога ќе се гласа и за нови градоначалници на општините Охрид, Дебар и Ново Село. Според ДИК, 1.726.696 граѓани ќе гласаат на денот на изборите, а […]

Муамед Сејдини пред промоција во петти претседател на ФФМ


Муамед Сејдини е пред промоција како нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Кандидатот од општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) на Кичево е единствена опција за наследник на Илчо Ѓорѓиоски кој се повлече од функцијата во минатото лето. Дотогаш беше негов потпретседател, а во меѓувреме и в.д. претседател. Редовното Генерално Собрание на ФФМ што воедно […]

На полноќ завршува рокот за собирање потписи за претседателски кандидат


Вечерва на полноќ завршува рокот за собирање на потписи за кандидатите за претседател на државата. Засега сигурни во претседателската трка се Гордана Силјановска–Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река. Заедничкиот кандидат на 31 политичка партија од коалицијата предводена од СДСМ и на ДУИ, Стево Пендаровски доби поддршка од над 60 пратеници во Собранието. Пендаровски, покрај потписите од […]

Уште три дена за потписи: Кон Водно ќе трчаат само тројца


Трката за претседател на државата најверојатно ќе остане на три кандидати, бидејќи мали се шансите на Гордана Силјановска – Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река да им се придружи уште некој од заинтересираните за наследник на Ѓорѓе Иванов што собираат потписи. На три дена до крајот на рокот, за Филип Петровски се потпишале 1.288 граѓани, […]

Силјановска и Пендаровски се поздравуваат преку Заев и Груевски


„Зборуваат за демократија и процедури, а кандидатот го избраа во хотел по што само ќе го потврдат на партискиот конгрес. Претходно објавија оглас на кој се пријавија луѓе кои воопшто немаа шанса да бидат избрани“, прокоментира професорката Гордана Силјановска-Давкова откако дозна дека конкурент на изборите за претседател на државата ќе ѝ биде колегата Стево Пендаровски. […]

Хилари Клинтон нема да учествува на претседателските избори во 2020 година


САД- Поранешната државна секретарка на САД Хилари Клинтон изјави дека нема да се кандидира за претседател на изборите во 2020 година, јави Си-Ен-Ен. Со тоа таа стави крај на шпекулациите дека ќе учествува во претседателската трка во 2020 година. Клинтон додаде дека планира да продолжи да работи и да ги брани своите убедувања и потенцираше дека ужива […]

Проруската партија на претседателот Додон победи на изборите во Молдавија


Проруската левичарска Партија на социјалистите (ПС) на молдавскиот претседател Игор Додон освои најмногу гласови на вчерашните парламентарни избори во Молдавија. Според се уште неофицијалните изборни резултати, ПС освоила 31,3 отсто од гласовите, пред опозицискиот блок на центристичката популистичка Партија на платформата за достоинство и правда (ППДА) и либералната Партија за акција и солидарност (ПАС) со […]

Кабинет на Иванов: Покана добивме откако заврши настанот


Од кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов ја демантираат владата дека добиле уредна покана да присуствуваат на денешната церемонија за подигање на знамето на НАТО. „Поканата за присуство на претседателот Иванов ја добивме откако настанот заврши“, тврдат соработниците на Иванов за „Независен весник“. На „Илинденска“ ги немаше ниту лидерите на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети […]

Почина поранешниот претседател на Авганистан, Сибгатула Муџадеди


Сибгатула Муџадеди, првиот претседател на Авганистан по повлекувањето на советската армија од земјата и колапсот на комунистичката влада во Кабул, почина на 93 години. – Муџадеди почина во текот на ноќта во Кабул, изјави неговиот некогашен портпарол Шарид Јусуфи. Во текот на десетгодишната инвазија на тогашниот Советскиот Сојуз, што заврши 1989 година, Муџадеди  ја предводеше најмалата […]

Ахмети остава отворена врата за консензуален претседател со СДСМ


Лидерот на ДУИ Али Аџмети, по средбата со премиерот Зоран Заев, изјави дека е подготвен на тоа да се договори со Заев да излезат со консензуален кандидат заедно со СДСМ, пренесува Алсат-М. „Одржав средби со претседателот на најголемата партија во земјава г. Зоран Заев и ја анализиравме целата ситуација и остана јас да дискутирам, да го отворам […]

Претседателската трка може да почне


Претседателот на парламентот Талат Џафери денеска доцна попладне, како што е најавено, треба да ги распише шестите претседателски избори, по што почнуваат да течат роковите за спроведување на изборните дејствија, за што ДИК треба да донесе роковник. Првиот круг, според најавите, треба да се одржи на 21 април, а втората и одлучувачка рунда на 5 […]

(ВИДЕО) Силјановска се обрати до јавноста за нејзината кандидатура


Професорката Гордана Силјановска-Давкова, преку нејзиниот профил на Јутјуб, се обрати по повод кандидатурата за претседател на државата, од редовите на ВМРО – ДПМНЕ. „Ја барам поддршката од сите граѓани на Република Македонија, од конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, како и од други политички субјекти и актери. Она што ме водеше во одлуката беше свеста за насушната потреба во […]

Директорот на Дрисла се кандидира за претседател


Директорот на скопската депонија „Дрисла“, Горан Ангелов е меѓу деветмината кандидати за претседател на државата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е поранешен градоначалник на Виница во два мандати, а поради успешноста и ефикасноста, беше назначен и за претседател на Асоцијацијата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). Директно учествуваше со започнувањето на во процесот на децентрализација. […]

Димитров: Не ја исклучувам можноста да се кандидирам за претседател на државата


Не ја исклучувам можноста да се кандидирам за претседател на државата, порача вечерва во 24 Отворено, министерот за надворешни работи Никола Димитров. Тој вели дека процесиот избор на кандидат се наоѓа во процес на консулатции, преговори, а се проверува и мислењето на граѓаните на анкети. „Тоа што се споменува моето име како можен кандидат за […]

Јулија Тимошенко најави кандидатура за претседател на Украина


Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко денеска најави дека ќе се кандидира за претседател на Украина на претстојните претседателски избори во земјата. Во обраќање на Конгресот на нејзината конзервативна партија Сеукрански сојуз „Татковина“ (Баткившчина) во Киев, Тимошенко вети дека ако биде избрана за украински претседател „ќе ја поврати контролата“ на Украина над Крим и сепаратистичките реони […]

Ниту консензуален не може да победи во прв круг


Оптимистичките најави на претставници од СДСМ дека кандидатот за претседател што ќе го изберат заедно со ДУИ може да победи уште во првиот круг од изборите се невозможна мисија. Во ситуација на разочараност и апатија кај македонските граѓани, прашање е дали и во вториот круг ќе има цензус потребен за да се добие наследник на […]

За претседател ќе гласаме на 21 април и на 5 мај


Парламентарниот спикер, Талат Џафери ќе ги распише претседателските избори на 8 февруари. За претседател на државата ќе гласаме на 21 април и на 5 мај, имајќи предвид дека се очекуваат два изборни круга. Мандатот на Ѓорѓе Иванов завршува на 12 мај. Доколку не биде постигнат цензус во вториот круг на 5 мај, односно на гласање […]

Сервер: Атина е на ред


Усвојувањето на уставните измени во македонското Собрание е витален и важен чекор кон членството на Македонија во ЕУ и НАТО. Браво!, изјави  Даниел Сервер, професор на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон и експерт за Балканот. – Немам што повеќе да кажам, освен дека товарот на одговорноста сега е на Атина, која се надевам ќе го […]

ВМРО-ДПМНЕ распиша оглас за наследник на Иванов


ВМРО-ДПМНЕ го распиша јавниот повик за пријавување кандидатура за претседател на Македонија. Од партијата велат дека сите оние кандидати, кои ги исполнуваат законски предвидените обврски и услови за кандидирање и кои се согласуваат и ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, треба да поднесат индивидуално писмо до партиското седиште најдоцна до 31 јануари. „Веднаш потоа, сите кандидати […]

Малку аплауз и многу врева за говорот на Иванов


Претседателот Ѓорге Иванов го имаше вчера своето последно обраќање во парламентот, во кое доминираа критики во однос на Преспанскиот договор и последните потези на владејачката гарнитура во делот на амнестијата и донесувањето на уставните амандмани. Тој ги повика пратениците да го отфрлат договорот со Грција, како што го отфрлиле граѓаните на референдумот и се пожали […]