Португалскиот претседател накусо бил примен во болница откако паднал во бесознание на јавен настап


Португалскиот претседател, Марсело Ребело де Соуса, вчера бил примен во болница откако изгубил свест за време на јавен настан, но тој денеска е веќе  отпуштен, јави шпанската агенција ЕФЕ. „Се чувствувам добро“, изјави 74-годишниот шеф на државата, објаснувајќи дека морал двапати да биде подложен на испитувања во болницата.  Ребело де Соуса објасни дека паднал во […]

Платата за Кабинетот на претседателот ќе биде исплатена со 5 отсто зголемување


Најдено е решение помеѓу институциите Претседател на Република Северна Македонија и Министерството за финансии за исплата на плата за претседателот и вработените во Кабинетот на претседателот за месец јануари 2023 година. Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, платата ќе биде исплатена во наредните денови, во согласност со Колективниот договор и утврденото покачување од 5 проценти за административните службеници во […]

Финскиот претседател верува дека Финска и Шведска ќе влезат во НАТО до лето


Финскиот претседател, Саули Нинисте, денеска изјави дека верува оти Финска и Шведска ќе бидат примени во НАТО во јули и посочи дека сака САД да ја притиснат Турција да ги одобри барањата за членство што ги поднесоа две држави. Нинисте изјави дека доколку се пролонгира решавањето на проблемот, ќе се доведе во прашање целиот процес […]

Црногорската опозиција се уште без договор за заеднички кандидат за претседателските избори


Лидерите на црногорските опозициски партии вчера во Подгорица разговараа за претседателските избори закажани за 19 март и заедничкиот опозициски кандидат за нов претседател на Црна Гора. Најголем дел од учесниците на средбата сметаа дека опозицијата мора да претстави заеднички кандидат за претседателските избори. Порталот РТЦГ јавува дека на средбата присуствувале претставници на парламентарната опозиција – […]

Чесите бираат нов претседател, фаворит е поранешниот генерал Павел


 Поранешниот командант на чешката армија Петр Павел, прозападен кандидат кој ја поддржува помошта за Украина, има голема предност пред поранешниот премиер Андреј Бабиш додека Чесите влегуваат во вториот круг од гласањето за нов претседател. Пензионираниот генерал Павел (61) се кандидираше како независен кандидат и има поддршка од централно-десничарската чешка влада. Чешките претседатели немаат многу секојдневни […]

Претседателот со најдолг стаж во светот го продолжува своето 43-годишно владеење


Претседателот на Екваторијална Гвинеја, Теодоро Обианг Нгуема Мбасого е реизбран на функцијата со 95 отсто од гласовите на изборите одржани на 20 ноември. Неговиот син и потпретседател на земјата, Теодоро Нгуема Обианг Манге, го овјави тоа на Твитер. Засега западни медиуми не можат да потврдат дали тоа тврдење е веродостојно. Победата ќе му даде на […]

Утре прв круг од претседателските избори во Словенија


Словенечките граѓани утре гласаат во првиот круг од претседателските избори, а анкетите покажуваат дека ниту еден од кандидатите нема да освои повеќе од 50 отсто од гласовите, неопходни за победа. На изборите учествуваат седум кандидати, од кои тројца имаат најмногу шанси за победа – поранешниот министер за надворешни работи Анже Логар, адвокатката и активистка за […]

Еден од кандидатите за претседател на Словенија ја повлече кандидатурата поради закани


Музичарот Грегор Безеншек, кој се кандидираше на словенечките претседателски избори, денеска ја повлече својата кандидатура. Безеншек во септември прв поднесе кандидатура за изборите закажани за 23 октомври. Тој на прес-конференција појасни дека поради тоа, изминатиов период бил изложен на „исклучителни притисоци, непријателски пораки и закани“, јави словенечката новинска агенција СТА. Без да каже детали, Безеншек […]

Бразил денеска избира нов претседател


По жестоката изборна кампања, Бразилците денеска излегуваат на гласање за да изберат нов претседател, а главни претседателски кандидати се актуелниот претседател, десничарот Жаир Болсонаро, и левичарскиот поранешен претседател Луис Инасио Лула да Силва, кој беше на власт од 2003 до 2010 година. Анкетите му даваат јасна предност на Лула, но Болсонаро претходно изрази сомневање за […]

На возраст од 100 години почина поранешниот мексикански претседател Ечеверија


Поранешниот мексикански претседател Луис Ечеверија, кој ја презеде функцијата во 1970 година ветувајќи дека ќе ја отвори земјата демократски, но во реалноста неговиот мандат беше обележан со шест години од таканаречената „валкана војна“ против дисидентите, почина на возраст од 100 години. Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор ја потврди смртта на Твитер во саботата и […]

Неочекувана критика за Путин од претседателот на Казахстан


Рускиот претседател Владимир Путин наиде на неочекувана реакција од претседателот на Казахстан, кој го критикуваше за инвазијата на Украина и го постави прашањето за правото на народите на сопствена држава. Рускиот претседател, вчера на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, се обиде да ја оправда својата инвазија на Украина , опишувајќи ја како „легална според […]

Бајрам Бегај нов претседател на Албанија


Албанскиот Pарламент доцна попладнево за нов претседател на државата го избра  генерал Бајрам Бегај, досегашен nачалник на Генералштабот на вооружените сили. За неговиот избор гласаа 78 пратеници, а покрај владејачките социјалисти поддршка му дадоа и опозициски пратеници. На пленарната седница пристигнаа дел од пратениците на Демократската партија приврзаници на Енкелејд Алибеај, но веднаш ја напуштија, […]

Жена ќе биде претседател на Албанија?


  Социјалистичката партија на Албанија, која има мнозинство во парламентот, формираше работна група која ќе предложи претседателски кандидат. Меѓу имињата кои доминираат има најмногу жени, пренесе „Сот њуз“. Мандатот на Илир Мета престанува на 24 јули, а како што се наведува, Еди Рама е премиер кој им дал повеќе простор на жените во политиката од […]

Чавез: Нема само да воведеме ред, туку повторно ќе ја изградиме Костарика


Новиот социјалдемократски претседател на Костарика, Родриго Чавез вчера положи заклетва најавувајќи инвестиции во образованието и борбата против корупцијата. „Контрадикторностите на нашата држава ни штетат и ги отежнуваат животите на нашите граѓани повеќе отколку што треба во една демократска, мирна земја, богата како нашата“, рече Чавез од Социјалдемократската партија на напредокот (ППСД) во заклетвата. „Знам дека […]

Почина првиот претседател на независна Белорусија Станислав Шушкевич


Почина првиот претседател на независна Белорусија, по одвојувањето од Советскиот Сојуз, Станислав Шушкевич. Информацијата денеска ја потврди неговата сопруга. Осумдесет и седумгодишниот Шушкевич почина во болница од компликации предизвикани од Ковид-19. Тој беше еден од тројцата лидери, кои во декември 1991 година потпишаа договор, со што СССР престана да постои. Шушкевич беше противник на актуелниот […]

Ќе дојде латвискиот претседател, три дена Скопје под сообраќаен режим


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во периодот од 20.04.2022 до 23.04.2022 година, поради официјална посета на претседателот на Република Латвија, Егилс Левитс, на нашата држава, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. За таа цел, СВР Скопје апелира до сите граѓани […]

Топ чанел: Принцот Лека Зогу помладиот можен иден шеф на албанската држава


Телевизијата Топ чанел објави „изненадувачка вест“ за можноста околу тоа кој би можел да биде следниот албански претседател, а кој има поддршка од меѓународните претставници. – Станува збор за принцот Лека Зогу помладиот, кој оствари средба со американските претставници Филип Рикер и Јури Ким. Соодветно на тоа, името на принцот треба да се земе предвид […]

Александар Вучиќ кандидат на СНС за претседател на Србија


Кандидат на Српската напредна странка (СНС) на престојните претседателски избори во Србија. закажани за 3 април, ќе биде лидерот на партијата, Александар Вучиќ, што тој денес и го прифати на седница на претседателството на СНС, јави диописникот на МИА од Белград. -СНС донесе одлука да го кандидра Александар Вучиќ за претседател на Србија на изборите […]

Матарела повторно избран за претседател на Италија


Италија– Италијанскиот претседател Серџо Матарела синоќа беше избран за неговиот втор претседателски мандат. Во осмиот круг на гласање, меѓу повеќе од 1.000 пратеници и регионални делегати во Претставничкиот дом, Матарела освои 505 гласови потребни за избор. Гласањето следеше откако партиските лидери побараа од Матарела да остане на таа функција, бидејќи по неколкудневно неуспешно гласање во парламентот, […]

Рама: Да му дадеме на народот нормален човек за претседател


Албанскиот премиер Еди Рама на средба со пратеничката група на неговата Социјалистичка партија, изјави дека една од работите што владејачкото мнозинство мора да ја направи е да се избере нов претседател во април. Иронизирајќи го актуелниот претседател, Илир Мета, Рама рекол дека во следните пет години на чело на државата треба да дојде нормален човек, […]