Партиите ги отвораат картите, денеска ќе биде познат и редоследот за претседателските избори


Активностите на учесниците на двојните избори за претседател на 24 април и за пратеници на 8 мај се интензивираат. Најголемите политички партии викендов ги презентираа програмите за парламентарните избори, а дел ги промовираа и носителите на листите за пратеници, како и претседателските кандидати. Денеска се очекува да биде познат и редоследот на кандидатите за претседател […]

Даштевски: Досега пријавени 13 кандидати за претседател на државата


  Покрај актуелниот претседател Стево Пендаровски и кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова, кои чекаат официјално да се кандидираат преку партиите кои ги предлагаат,  уште 11 се пријавени да собираат по 10.000 потписи. Како што изјави претседателот на ДИК Александар Даштевски вечерва, пријавени се уште 11 кандидати за претседател на државата, Вело […]

Познати дел од претседателските кандидати, за седум дена почнува собирањето потписи


Почна одбројувањето до претседателските и до парламентарните избори. Државната изборна комисија (ДИК) ги усвои роковниците за изборните дејствија, а во јавноста почнаа да се објавуваат и првите кандидати за претседател.  Претседателските избори се закажани за 24 април, додека вториот круг би се одржал на 8 мај, за кога се закажани и парламентарните избори. Изборната кампања […]

ДИК: Изборната кампања да не се почнува предвреме


По потврдување на регуларноста на кандидатурите на тројцата претседателски кандидати и по утврдување на редоследот на гласачкото ливче, за помалку од десет дена, односно од 1 април, официјално ќе стартува изборната кампања за претседател на државава. Претседателските кандидати, кои во изминатите седмици редовно известуваа за своите активности низ земјава, со што неофицијално веќе ја почнаа кампањата, […]

Колку кандидати на власта ќе влезат во изборниот ринг?


ЛДП е четвртата партија од владејачката коалиција која најавува можен самостоен настап на претстојните претседателски избори, откако во текот на викендот таква можност навестија и две помали партии на етничките заедници што се дел од парламентарното мнозинство. Додека во главната владејачка партија се сумираат сè уште резултатите од анкетите и се чека размислувањето на базата, […]

Наследниците на Иванов прво сакаат да скокнат, па да кажат оп


Кандидатите чии имиња се споменуваат како потенцијални наследници на претседателот Ѓорѓе Иванов не сакаат пред време да се истрчаат во јавноста и да ги коментираат првичните сондажи во матичните партии. Во владејачката партија акцентот е ставен на претстојниот самит на НАТО и на есенскиот референдум за името, додека опозициските фаворити чекаат работите да се искристализираат, […]