Тачи: На претседателските избори, ДПА покажа колку е силна


Претседателските избори ја покажаа нашата сила, а парламентарните ќе бидат следен предизивик за партиско обединување, порача претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи пред членовите и партиските функционери на заедничка ифтарска вечера во Тетово. Членството во НАТО, според Тачи, е главниот успех кон кој се стремат како партија. -Последните претседателски избори аргументираат дека […]

Има ли вработувања во образованието по распишување на изборите?


Државниот просветен инспекторат, во рамки на меѓуинституционална соработка со Државна комисија за спречување на корупцијата, започнува со прибирање податоци од основните и средните училишта, како и од државните високообразовните установи. Податоците од образовните институции ќе се прибираат, посочуваат од Државниот просветен инспекторат за „Независен весник“, со цел да се изврши проверка дали имало вработувања од денот […]

ИВЗ ѝ се закани на владата, ќе ја кодоши во 700 џамии


Исламската верска заедница и се закани на владата во Скопје дека во пресрет на претседателските избори, во 700 џамии низ земјава ќе ги информира верниците за дискриминациски однос од страна на државата. За да не се случи тоа, бара од премиерот Зоран Заев и неговиот тим да добие писмен одговор за намерите и активностите во […]

Стартува претседателски „триатлон“. Ќе стигне ли еден до целта?


Само три кандидатури за шеф на државата, како што се очекуваше, стигнаа до вчера попладне во ДИК, пред истекот на рокот за завршување на оваа обврска согласно со изборниот календар. Пред неколку дена, прв кандидатурата ја достави независниот Блерим Река, амбасадор и професор на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово, за кого застанаа опозициските Алијанса за […]

Деркоски: Редоследот на претседателските кандидати најверојатно ќе биде утврден утре


Државната изборна комисија (ДИК) ја почна седницата на која треба да утврди  дали кандидатурите за претстојните претседателски избори се регуларни и согласно законот откако веќе се поднесени оние на кандидатите на СДСМ и коалицијата, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и на албанската опозиција, Стево Пендаровски, Гордана Силјановска – Давкова и Блерим Река. Комисијата по проверката ќе […]

Ќе отидат половина милион евра за 0,1 отсто гласачи во дијаспората


Рекордно низок одѕив на дијаспората е забележан во ова предизборие, така што конечната бројка на македонски државјани што ќе можат да гласаат во дипломатско-конзуларните претставништва на земјава е сведена на 1.782 лица. Тоа не е ни 0,1 отсто од вкупното избирачко тело, со оглед на тоа што избирачкиот список брои околу 1.8 милион гласачи. Според […]

Уште четири дена увид во Избирачкиот список


 На 14 март истекува рокот за увид во Избирачкиот список и пријавувањето за гласање на дијаспората. На овој датум завршува и поднесувањето на барањата на граѓаните за запишување, дополнување или бришење податоци во Избирачкиот список. Јавниот увид во Избирачкиот список се спроведува во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, во време од 08:30 […]

Пандов: Подобро Џафери привремено отколку претседател за сликање на Водно


Додека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повторува дека бојкотот на претседателските избори е слепа улица по која нема втор чекор, еден дел од десничарскиот кампус и натаму инсистира да не се излезе на гласање на 21 април, односно на 5 мај. Според нив, новиот станар на Водно ќе ужива во привилегиите што ги нуди претседателската […]

Силјановска за „Независен“: Не ветувам инстант решенија, туку битка за правда на Македонија


Професорката Гордана Силјановска – Давкова ги продолжува своите активности во битката за претседател на државата, а новина за неа е тоа што од викендов знае оти противник во трката за Водно ќе и биде Стево Пендаровски. Нивниот професорски бекграунд, барем засега, остава впечаток дека претседателската трка ќе помине без вообичаената црна кампања, напади и дисквалификации […]

Патот до Водно e полесен без партиска книшка


Со сосема различни профили на претседателски кандидати, двете водечки партии од власта и од опозицијата ќе си ги измерат силите на претстојните избори, чиј прв круг ќе се одржи на 21 април. Откако обезбедија предност во внатрепартиските битки, Гордана Силјановска и Стево Пендаровски влегуваат во меѓусебен дуел за претседателскиот трон. Освен што се правници по […]

Ланските фаворити ги снема: ВМРО излезе со нови играчи


Доколку претседателските избори се одржеа минатата пролет, ВМРО-ДПМНЕ ќе размислуваше дали да настапи со Трајко Славески или со Зоран Ставрески. Двајцата економисти имаа највисок рејтинг во внатрепартиските анкети во април и мај, а убедливо зад нив беше Срѓан Керим. Девет месеци подоцна, ниту еден од нив не е во игра за наследник на Ѓорѓе Иванов. […]

Баукот со цензусот повторно кружи низ Македонија


Владејачкиот СДСМ, веројатно, до последен момент ќе одлучува околу својот кандидат за шеф на државата, пред конгресот најавен за 3 март. Овој датум беше определен на неодамнешната седница на Централниот одбор, иако, наводно, имало размислувањаи конвенцијата да се одржи десетина дена подоцна, со оглед на тоа што кандидатурите треба да се достават до ДИК 30 […]

Ахмети чека изборен „пораз“ за Џафери да биде претседател


„Кога презедов одговорност да бидам претседател на парламентот, презедов одговорност за извршување на сите обврски и овластувања што се предвидени за таа функција“, одговори вчера дипломатски претседателот на парламентот Талат Џафери на прашање дали е подготвен да биде в.д. претседател на државата во случај да не успеат претседателските избори. На брифинг со новинари, Џафери објасни […]

Алијансата и Беса ќе одат заедно со Илјаз Кадриу?


Одлуката на Демократската унија за Албанците да не коалицира со СДСМ туку да настапи со самостоен кандидат на претседателските избори, беше дочекан со аплауз во другите политички партии со албански предзнак. Од Алијансата за Албанците иронично апелираат кандидатот на ДУИ да биде Албанец алудирајќи на долгото консензуално договарање со социјалдемократите. „Не би сакале да веруваме […]

СДСМ прво ќе решава дали да има нов премиер


Владејачкиот СДСМ в петок ќе одлучува дали наскоро ќе има седница за распуштање на парламентот или престојаните избори ќе бидат само редовни и претседателски. Веднаш по враќањето на лидерот Зоран Заев од Давос, ќе заседава централниот одбор на партијата, иако неформалната дебата во СДСМ за тоа дали да се распишат предвремени парламентарни избори е веќе […]

Влатко Ѓорчев истрча на патеката за наследник на Иванов


Заедно со семејството меѓу бадникарите пред Соборниот храм во Скопје, а потоа на божикна турнеја во Тетово, Гостивар, Маврово, Бигорски, Велес, Удово, Валандово и Струмица. Пораки за спокој и благосостојба до верниците, а во меѓувреме средба со лидерот Шабан Салиу – претседател на Демократските сили на Ромите, интервјуа за албанските медиуми со акцент на лошата […]

ВМРО-ДПМНЕ не е за бојкот ни во прв ни во втор круг


ВМРО-ДПМНЕ не се возбудува од „заканите“ на премиерот Зоран Заев дека, доколку пропаднат претседателските избори напролет, парламентарниот спикер Талат Џафери ќе ја наследи функцијата од Ѓорѓе Иванов, а потоа ќе се смени Уставот со што „татко на нацијата“ би се избирал во парламентот, а не на непосредни избори. Во најголемата опозициска партија сметаат дека станува […]

Ќе се формира Антикорупциска комисија со микромандат


Пред претседателските избори напролет следната година можно е да биде избран нов – преоден состав на Антикорупциската комисија, според стариот Закон и со мандат од само неколку месеци. Вакви најави доаѓаат од пратеничките табори во Собранието пред утрешната седница на Комисијата за избори и именувања, на чиј дневен ред е предлог-одлука за именување членови на […]

Се бара кандидат што ќе го пробие „консензуалниот праг“


Можна ли е своевидна реприза на резултатите од септемврискиот референдум на претседателските избори што треба да се одржат напролет следната година? Тоа е дилемата што се наметнува додека од политичките кулоари излегуваат нови комбинаторики околу можните кандидати за шеф на државата, при што се споменуваат имиња и профили што би можеле да го поминат и […]

Го турка ли ДУИ Малески за консензуален кандидат?


Универзитетскиот професор и прв шеф на македонската дипломатија Денко Малески, кој во последно време се спомнува повторно како можен адут на СДСМ за престојаните претседателски избори, изјави деновиве дека не знае дали владејачките партии би можеле да изградат консензус околу него. Доколку може, изјави Малески, тоа би било предмет на сериозно размислување од моја страна. […]