Нов проект: Обновување на речната поврзаност во Преспа


Започнуваме нов проект за мапирање и проценка на речните бариери во преспанското сливно подрачје, со визија за реставрација на природниот тек на реките и унапредување на условите за опстанок на загрозената преспанска пастрмка (Salmo peristericus).   Проектот се фокусира на реките Голема Река, Лева Река, Брајчинска, Кранска, Курбинска и Источка Река, кои се влеваат во […]

„Преспански аванТУРИ“ – инклузивна велосипедска тура низ Преспа за лица со и без попреченост


Од 9:00 часот утрово во Претор почнува инклузивната велосипедска тура „Преспански аванТУРИ“, наменета за лица со и без попреченост, љубители на природата и рекреативци што сакаат да го доживеат Преспанскиот регион на поинаков и пристапен начин. Од Претор учесниците ќе се движат по планирана рута кон Сливница, со завршница на плажите во Претор. По турата […]

Осмо издание на фестивалот “Запознај ја Преспа” од 3 до 5 јули во Брајчино


Годинава по осми пат од 3 до 5 јули ќе се одржи фестивалот “Запознај ја Преспа”. Во духот на оваа иницијатива чија цел е обединување на Преспаните од трите крајбрежја на Преспанското езеро во три различни држави, програмата на овогодишното издание на фестивалот го рефлектира богатството на различностите, духот и традицијата на Преспа како регион […]

Влажната пролет донесе многу мали желчиња во Преспа


Преспанскиот Регион претставува вистинска лабораторија на отворено, што јасно го потврдуваат и тековните теренски истражувања на биолошката разновидност кои Македонското еколошко друштво ги спроведува во соработка со локалните заштитени подрачја како дел од проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа“, финансиран од Европската Унија во рамки на програмата „ЕУ за Преспа“. Долж крајбрежјето на Преспанското […]

Грција забрани да се градат нови патишта во Преспа


  Грчката влада донесе строга одлука со која пошироката планинска област на Преспа е прогласена за „недопрена планина“. Иако одлуката се однесува само на грчкиот дел од регионот таа ќе предизвика построг режим на заштита на природните живеалишта во триграничниот појас меѓу Грција, Македонија и Албанија. Одлуката доаѓа во момент кога Преспа, и покрај постојните […]

Од Преспа до „Њујорк тајмс“: Желките од Голем Град го привлекуваат вниманието на светската јавност


  Необичното однесување и отворените прашања поврзани со потеклото и иднината на желките од островот Голем Град во Преспанското Езеро, беа во фокусот на неодамнешен напис на американскиот весник „Њујорк тајмс“. Текстот беше поттикнат од новиот научен труд на нашиот херпетолог д-р Драган Арсовски, објавен минатиот месец во реномираното списание „Ecology Letters“.   На островот […]

Дивиот растителен свет во Преспа е контаминиран со 19 различни пестициди – најмногу во околината на Претор и Ресен


Само земјата во Стење и во Голем Град во Преспа не е контаминирана во текот на годината, додека земјата околу ресен и Претор е загадена со пестициди и во есен и во пролет, покажува истражувањето кое го направија студенти и професори одФармацевтскиот факулетет.    Во рамки на Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо […]

Обилни врнежи низ земјава, најмногу во Претор – 66 литри на метар квадратен


Во изминатите 24 часа, најголема количина на врнежи е измерена во Претор каде наврнаа 66 литри на метар квадратен. Следуваат Крушево со 37 литри, Битола со 30, Прилеп 26 и Маврови Анови 25 литри. Високи вредности се забележани и во Тополчани, Пожаране и Виница со по 24 литри, како и Крива Паланка со 23 литри. […]

Годишно по 250 заболени од рак во Преспанскиот регион


Во рамки на кампањата „Преспа? Разбуди се за чиста средина“, која ја спроведува Институтот за комуникациски студии, во соработка со Еко герила Преспа и Македонското еколошко друштво, поддржана од Европската унија во рамки на програмата „ЕУ за Преспа“, во Ресен се одржа панел дискусија на тема „Здрав средина, здрав живот“. Според Благоја Китановски, директор на […]

Општина Ресен ќе ги обештети граѓаните кои имаа штети предизвикани од пожар


 Општина Ресен ќе ги обештети граѓаните кои имаат штети предизвикани од пожарот кој зафати делови од преспанските села Долно Перово, Прељубје и Покрвеник. Како што е познато, големиот пожар на отворено, што се случи летово, на 11 јули предизвика оштетувања на јаболковите насади, пчелни семејства и други корисни површини во тој дел на Преспа. -Барањето […]

Тозиевски: Регионалната депонија е приоритет, ќе се расчистуваат 40 диви депонии во Преспа


Градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски, најави сериозни активности за заштита и унапредување на животната средина во преспанскиот регион, со фокус на расчистување на дивите депонии и воспоставување на регионално решение за отпадот. Во гостување на „Сител поткаст“, тој истакна дека преку соработка со Европската Унија, УНДП, невладините организации и самата општина започнува проект за […]

Чудесниот свет на Преспа


  Во летото 2000 година, англискиот екологист и писател, Џулијан Хофман, и неговата сопруга, Јулија, прочитале рецензија за книга и тоа им го променило животот. Книгата била „Преспа“, од грчкиот биолог Јоргос Кацадоракис, поезија за оддалечено езеро во високите гранични предели што го делат Грција, Македонија и Албанија, каде што пеликаните и пчелите летаат, а […]

Пожарот во Преспа ставен под контрола


Пожарот околу Преспанско Езеро е ставен под целосна контрола, соопшти попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Англеов.  Сè уште на некои места има догорувања во внатрешноста на опожарениот простор но нема опасност од негово ширење, тврди тој. Противпожарни екипи работат на доизгаснување на остатижоците и ќе продолжат со патролирање во текот на […]

Отпадните води и цврстиот отпад штетат на биолошката разновидност на Преспанско Езеро


Светскиот ден на животната средина се одбележува со многу важен проект за преспанскиот регион, а тоа е третирање на атмосферските води со изведба на канализациони системи за да се зачува биолошката разновидност околу Преспанското Езеро, истакна во Претор, амбасадорот на ЕУ во земјава, Михалис Рокас. На прес-конференција во Претор, на брегот на Преспанско Езеро, амбасадорот […]

Седум милиони евра од Европската унија за еколошки проекти во Преспа


Амбасадорот на Европската унија во земјава Михалос Рокас, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан и градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски, Светскиот ден на животната средина ќе го одбележат со започнување на работи финансирани од ЕУ во висина од 7 милиони евра, за мрежи за собирање отпадни води и постројки за нивен третман во селата во […]

Во Ресен ќе се прогласи природна непогода – овоштарите ќе се обештетат


Сите земјоделци од понеделник да ги пријават настанатите штети од ниските температури, за да се обесштетат, истакнал министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при работната посета во Ресен. Како што соопшти МЗШВ, министерот Трипуновски денеска имал состанок со градоначалникот и со советниците, на кој разговарале за ситуацијата која што го погоди овој регион, […]

Штетите од мразот и снегот на јаболкниците во Преспа не можат ни да се избројат


  БИТОЛА – Фотографиите од овоштарниците во Преспа по пролетниот снег и мразот личат како на сцени од бајки. Но, за жал реалноста  е сурова.  Тешка е состојбата од штетите предизвикани од пролетните мразеви врз овоштарниците во Преспа по врнежите од снег во неделата. Штетите допрва ќе се утврдуваат, но моментално преспанци излегуваат со штета […]

„Запознајте ја Преспа“, фестивал што ги поврзува трите страни на Езерото


 „Запознајте ја Преспа“, е насловен фестивалот што настана од иницијативата да ги поврзува луѓе од трите страни на Езерото. Овие три дена се реализира на неколку локации во Преспа, со добра музика, храна и дружење. Фестивалот е кофинансиран од Европската Унија и се одржува под мотото – запознај го триаголникот на овој дел од светот […]

Време е за акција, да ја зачуваме Преспа – ЕУ додели 18 милиони евра


  Подобро собирање и третирање на отпадните води, менаџирање на цврстиот отпад, отворање на граничниот премин „Маркова нога“, се само дел од активностите што ќе се реализираат во Преспанскиот регион во рамките на проектот „ЕУ4Преспа“ финасиран од Европската унија и УНДП. Проектот, како што истакна на денешната промоција во Ресен, евроамбасадорт Дејвид Гир, а на […]

Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Претор, денеска дожд, грмежи и силен ветер


 Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Претор со 22  литри на квадратен метар, во Охрид 17, во Тополчани 14, во Лазарополе и Прилеп 12, во Крушево 11, во Битола 10, во Штип седум, во Виница шест, во Дебар и во Маврови Анови пет литри на квадратен метар. Најмалку дожд наврна во Скопје-Петровец, Кавадарци, […]