Модерна трагедија


  Марија Павлеска Иако повеќето луѓе мислат дека најдобар период за тетовирање се пролетните и летни месеци, тие не се во право. Најчесто за најпогодни се препорачуваат сезоните есен и зима кога кожата не е толку изложена на сонце и друг вид дразби. Еве го читам условот за препорака за ЕУ. Таму убаво си пишува […]

Оптимизмот на Могерини и Заев во фокусот на грчките медиуми


Оптимизмот изразен од Могерини и Заев дека може да се најде решение на името се најде во фокусот на грчките медиуми во извештаите за вчерашната средба на македонскиот премиер со високата претставничка за надворешна политика на ЕУ и комесарот за проширување. „Комесарот за проширување ја отвори вратата на Европската унија за ПЈРМ“; „Оптимизам за изнаоѓање […]

Ахмети: Препораката е очекуван успех, претстои уште работа


За лидерот на ДУИ Али Ахмети, оценките од Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија не биле неочекуван успех, но тоа, како што изјави по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан, сега не треба да не успие туку треба сите да дадат поголем придонес за почнување на преговори со Унијата. Пред нас, потсети Ахмети, се значајни […]

ВМРО-ДПМНЕ: Декларативните заложби за ЕУ интеграција на власта не се доволни


ВМРО-ДПМНЕ со соопштение реагира на денешната прес конференцијата на премиерот Зоран Заев. „Враќањето на безусловната препорака за отпочнување на преговорите на Република Македонија за членство во ЕУ е позитивен сигнал кој треба да резултира и со безусловно доделување на датум за преговори. Тоа би била вистинската награда за сите напори во реформите кои ги реализираше […]

Груби: Заслугата за препораката им припаѓа на граѓаните


По повод објавувањето на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2017 година, претседателот на парламентарната Комисија за европски прашања на Република Македонија Артан Груби ги поздрави очекуваните и заслужените убави вести од Брисел за Македонија. -Добивањето на чиста препорака за отпочнување на преговори за членство на Република Македонија со Европската унија […]

ЕК препорача Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ


Европската комисија препорача Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската унија, соопшти попладнево на прес-конференција еврокомесарот Јоханес Хан, презентирајќи го извештајот на напредокот на земјата. Препораката се базира на направената длабока анализа. Сторено е многу и тоа треба да биде пофалено, а ЕУ треба соодветно да одговори на тие напори, рече Хан. Еврокомесарот […]

Чиста препорака – „условен“ датум


Александра М. Митевска   Во едни други времиња, „чистата“ препорака на Европската комисија, можеби, ќе беше рутинска вест за Македонија, која во периодот од 2009 до 2014 година стекна навика постојано да биде само охрабрувана дека има шанси  за одредување датум за почеток на преговорите за полноправно членство во Унијата. Но, откако Македонија стана уникатен […]

Димитров: Се надевам дека ќе имаме чиста препорака


Се надевам дека ќе имаме чиста препорака за отпочнување преговори за членство во Европската унија, порача вечерва шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, во своето обраќање пред учесниците на регионалната конференција по повод 10-годишнината од формирањето на Европскиот фонд за Балканот што се одржува денеска и утре во Белград. Тој нагласи дека едвај чека да го […]

Заев: Заслужуваме кристално чиста препорака од ЕК


Факт е дека сработивме и навистина Македонија заслужува кристално чиста препорака од Брисел, изјави денеска премиерот Зоран Заев во пресрет на објавувањето на извештајот на Евроспката комисија и доаѓањето во Скопје на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан. – Важни ми се зборовите во таа препорака, затоа што тоа […]

Брисел утре ќе ги објави извештаите за прогресот: Препораката за Македонија е напишана


  Европската комисија утре ќе ги објави извештаите за прогресот на Македонија и другите земји кандидати во Стразбур. Според увидот на „Радио слободна Европа“ (РСЕ) во извештаите, невралгични точки во сите држави од Западен Балкан остануваат владеењето на правото, организираниот криминал и корупцијата, како синоними за секоја држава во регионот. Исто така, ЕК повторно во […]

(Видео) Османи очекува чиста препорака за преговори со ЕУ


Валоризација на целиот досегашен труд и чиста препорака за почеток на преговори за полноправно членство, очекува вицепремиерот Бујар Османи од претстојниот Извештај на Европската комисија (ЕК). Тој го соопшти ова преку својот фејсбук профил, во видео – обраќање на македонски јазик, под кое оди пишан превод на албански, нагласувајќи дека комуникацијата на двата јазика е […]

Могерини: До јуни да почнат пристапните преговори на ЕУ со Албанија


Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини изјави денеска дека очекува Европската комисија да даде безусловна препорака за почеток на пристапни преговори со Албанија во следните два до три месеци. Таа на седницата на Европарламентот во Брисел истакна дека Албанија постигнала напредок пред се во областа на реформите во судството и […]