Превентивни здравствени прегледи на населението во Кочани


Црвен крст – Општинска организација Кочани денеска кај Градскиот пазар во Кочани спроведе превентивни здравствени прегледи наменети за населението. На заинтересираните граѓани им беше измерено крвен притисок и шеќер во крвта при што им беа дадени совети за нивна регулација. Притоа, беа поделени и едукативни флаери за заштита од топлотен бран.   Прегледите ги спроведоа […]

Бесплатни превентивни прегледи на платото пред Здравствен дом „Железничар“ за Меѓународниот ден на здравјето


По повод 7 април – Меѓународниот ден на здравјето, ЈЗУ Здравствен дом „Железничар“ во Скопје организира бесплатни, превентивни прегледи со цел навремено откривање и превенција на заболувања. Прегледите ќе се реализираат на платото пред влезот на ЈЗУ ЗД „Железничар“ од 12 до 14 часот. Ќе се вршат прегледи за кардиоваскуларно здравје – мерење крвен притисок, […]

На 6 април бесплатни здравствени консултации во Центар


Во пресрет на Светскиот ден на здравјето, Општина Центар на 6 април (понеделник) организира бесплатни здравствени консултации за граѓаните, кои ќе се одржат во Општинскиот младински центар „Матично“, во период од 09:00 до 15:00 часот.    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика граѓаните да ја искористат можноста за бесплатни здравствени проверки и советувања […]

МЗ со проект за превентивни прегледи за рана дијагноза на деформитети на ′рбет кај деца


Министерството за здравство во соработка со Институтот за физикална медицина и рехабилитација и општините Карпош и Центар почна со реализација на заеднички проект за промоција на превентивна физичка активност кај деца со лошо држење на ‘рбет. Во рамки на проектот, како што објави Министерството на својата веб страница, се предвидени прегледи на ′рбет кај децата […]

Бесплатни прегледи и пливање за децата со деформитети на ‘рбетот


Во Општина Карпош започнуваат бесплатни прегледи за рано откривање на деформитети на ‘рбетниот столб кај учениците од шесто до деветто одделение. Учениците кај кои ќе бидат утврдени деформитети, ќе можат три пати неделно, бесплатно да вежбаат во базенот на Институтот за физикална медицина и рехабилитација. Станува збор за проект на Општината во соработка со ЈЗУ „Институт […]

Симптоми на тумор кои мажите ги игнорираат


Мажите потешко од жените се одлучуваат да посетат лекар. За волја на вистината, некои мажи никогаш нема самоиницијативно да одат кај лекар  ако сопругите не ги натераат. Кога станува збор за тумор, од клучна важност е тој рано да се открие. Затоа рутинските, превентивни прегледи се од голема важност. Туморот откриен во рана фаза е […]

Институтот за белодробни заболувања денеска бесплатно ќе прегледува за ХОББ


Денеска од 11 часот до 14 часот во „Скопје Сити Мол“ ќе има бесплатни прегледи за хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ). Прегледите ги организираат  Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза – Скопје и Здружението на пневмофтизиолозите, под мотото „Многуте лица на ХОББ“. „Овој настан е од особена важност за да се испрати порака до граѓаните дека е важно […]