На охридскиот аеродром слета првиот авион од сезонската чартер линија од Ајндховен
На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ денеска стигна првата група од 180 туристи од холандскиот град Ајндховен, кои организирано ќе летуваат на Охридско-струшката ривиера преку аранжманите на туроператорот „ТУИ“. Сезонските летови на релација Ајндховен-Охрид-Ајндховен ќе оперираат до 21 септемви, двапати седмично секој понеделник и секој петок. – Многу сме среќни што „ТУИ“ ги проширува своите операции, носејќи […]