Починат маж пронајден кај неготинската депонија


Во близина на неготинското село Дуброво, кај градската депонија Неготино, синоќа околу 22 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, пронашле тело на починато машко лице, на возраст од 25 до 35 години, информираа денеска од СВР Велес. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по  […]

Државјанин на Конго пронајден мртов во кумановско Лојане


Државјанин на Република Конго е пронајден мртов во дворно место на верски објект во липковското село Лојане, соопшти денеска кумановската полиција. Лекар констатирал смрт без насилство на телото на починатото лице. – Вчера во 06:00 часот во Полициското одделение Матејче било пријавено дека во дворно место на верски објект во село Лојане било пронајдено починато лице-мигрант. Лекар […]

Скопјанец пронајден починат во станот


Скопјанец на возраст од 48 години вчера e пронајден починат во неговиот дом во Драчево. Човекот е пронајден во стан на улицата Китка. Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.

Времена забрана за ординацијата во која е третиран починатиот пациент од сепса


Државниот санитарен и здравствен инспекторат изрече времена забрана за вршење на здравствена дејност на ПЗУ специјалистичка ординација по пластична и реконструктивна хирургија „Др. сци. мед. К. Митаноски“ во општина Аеродром. Забраната е изречена по извршен вонреден инспекциски надзор поврзан со починатиот пациент во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“, кој бил третиран во операционата сала на оваа […]

Германец пронајден починат во куќа во демиркапиското село Чифлик


Вчера околу 18 часот во куќа во демиркапиското село Чифлик, бил пронајден починат без траги од насилство Е.Ј.(68) од Р Германија, кој престојувал во куќата. -Извршен е увид на местото на настанот од полициски службеници од ПС Неготино. По наредба  на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, соопшти попладнево Верољуб Додевски, портпарол […]

Багер усмрти работник во Гостивар


Четириесет и шестгодишен маж од село Лакавица починал откако при поправка на работна машина-багер бил фатен во пределот на градите помеѓу двата подвижни дела. Несреќата била пријавена во полиција вчера во 14:10 часот, а се случила во село Беловиште-гостиварско. Како што соопшти МВР, лекар во Медицинскиот центар во Гостивар ја констатирал смртта на четириесет и […]

Полицијата со детали за несреќата во Кочани: Едно лице почина и четворица се повредени


Четириесет и седумгодишниот кочанчанец Н.Ј. починал вчера, а четири лица од Штип, Кочани и Крива Паланка се здобиле со тешки телесни повреди откако од засега непознати причини кај кочанската градска капела биле потиснати од мермерни плочи кои се излизгале при нивно истоварување од контејнер од товарно возило во кое се наоѓале. МВР соопшти дека Б.Н. […]

Почина двегодишно дете во Прилеп


Двегодишно дете од прилепското село Десово вчера почина откако врз него од засега непознати причини паднал преграден ѕид во помошен објект во изградба во дворот од семејната куќа. Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера околу 09.30 часот во село Десово–Прилеп, во дворот од семејната куќа на А.Ф., двегодишното дете Х.Ф. влегло во помошен објект […]

Почина капитенот на Фиорентина


Италијанскиот фудбалер Давиде Астори почина утрово на 31-годишна возраст, објави неговиот клуб Фиорентина. Капитенот на тимот од Фиренца не се разбудил од сон во хотелот во Удине, каде што Фиорентина требаше да го одигра натпреварот со Удинезе. Италијанските медиуми пишуваат дека Астори имал срцев удар. Астори, кој има 14 натпревари за националниот тим на Италија, […]

Почина српскиот актер Небојша Глоговац: Портокалова роза пред неговата зграда


Утрово починал српскиот актер Небојша Глоговац, јави српски „Блиц“, повикувајќи се на извори од Институтот за онкологија. Глоговац кон крајот на јануари бил итно примен во болница и тогаш му било соопштено дека неговата здравствена состојба е сериозна. Веќе две децении тој беше еден од најдобрите актери во Србија, а глумеше во многу филмови, меѓу […]

Бездомник пронајден починат кај Зелено пазарче


Бездомник утрово е пронајден починат на плочникот кај месарниците на Зелено пазарче во Скопје. Случајот во полиција утринава во 6.30 часот го пријавил граѓанин. Од МВР информираат дека станува збор за педесетгодишен маж. Пазарџиите коментираат дека го познавале и дека тој речиси секојдневно се движел околу пазарчето и низ центарот на Скопје. Екипи на полицијата […]

Мртов маж пронајден во хотелска соба во Скопје


Починато машко лице легнато на под со траги од крв и метадон било пронајдено синоќа во соба на хотел кој се наоѓа задната страна на Поликлиниката на Бит Пазар. По кажување на вработените, лицето кое што престојувало во хотелот пристигнало еден ден претходно и се претставило како Б.М. без да остави документи за идентификација. Како […]