Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ пристигна во официјална посета на земјава


Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ пристигна во земјава. На скопскиот аеродром беше пречекан од шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски. – Во официјална работна посета на нашата држава, денеска престојува претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ. Во рамки на посетата, предвидени се повеќе активности и средби на високо ниво. Во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните […]

Имаше ли дипломатски скандал во Софија или не?


Македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова вчера беше пречекана во Софија без официјалното знаме на нашата држава – и не само таа. Како што се гледа од фотографијата од средбата на министерот за култура Зоран Љутков, и таму отсуствувало националното знаме на Македонија. Иако станува збор за неофицијална посета и бугарските медиуми пишуваа дека Давкова се […]

Скопје никој не помислува да го посети за Нова година


  Едно, навидум обично, анкетарско прашање, за сите што не се од Скопје „Зошто би го посетиле Скопје? Кои туристички места и културни знаменитости би ги посетиле“, на Фејсбук групата „Патувања низ Македонија“, ни ја открива сета безнадежност дека главниот град некогаш може да биде посакувана туристичка дестинација. Одговорите на луѓето се на релација од […]

МНР се извини за гафот со словачкото знаме при посетата на Фајон


Министерството за надворешни работи изразува длабоко извинување за ненамерниот пропуст при употребата на малото знаме на тет-а-тет средбата на двајцата Министри при посетата на Министерката Фајон на земјава, кое беше едно од десетте државни обележја кои беа употребени за време на средбите. Според МНР, состанокот, како и целата посета на Министерката Фајон поминале во исклучително […]

Бугарскиот спикер позитивен на Ковид-19, доведена во прашање посетата на Петков на Македонија


Претседателот на бугарското Народно собрание Никола Минчев е позитивен на корона вирус. Од парламентот појаснуваат дека тој се почувствувал лошо по состанокот на Консултативниот совет за национална безбедност кај претседателот на државата, што траел речиси шест часа, јави Нова ТВ. Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, откако се почуствувал лошо Минчев направил тест. […]

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во работна посета на Скопје


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре ќе го пречека министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој ќе престојува во еднодневна работна посета на нашата земја. Како што информираат од Министерството за надворешни работи, во фокус на разговорите ќе бидат севкупните билатерални и економско-трговски односи, како и актуелните политички случувања со […]

Џафери: Светата столица ќе продолжи да нè поддржува во евроинтегративните процеси


Државно-црковната делегација, која во Рим учествува на манифестацијата во чест на свети Кирил, денеска имаше аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск. Државната делегација ја предводи претседателот на Собранието, Талат Џафери, а црковната архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. „Мирот, толеранцијата и соработката меѓу државите и народите се најдобриот пат за иднината. За соработките […]

Плоштадот се полни за папата, расположени гости од Хрватска


Веќе од раните утрински часови, плоштадот „Македонија“ во Скопје почна да се полни за свечената литургија на папата Франциск, кој во 8.15 часот слета на скопскиот аеродром. Граѓаните ги послушаа апелите на властите и порано пристигнаа на плоштадот. Полицијата спроведува низа безбедносни мерки и ги претресува граѓаните што влегуваат во оградената зона. Се очекува присуство […]

Фото: Скопје се разубавува за папата


На скопскиот аеродром сè уште нема никаков знак што ќе потсети дека таму во вторник наутро ќе слета, а потоа и ќе има литургија папата Франциск. Затоа, пак, само стотина метри понатаму, односно на вклучувањето на автопатот кон Скопје, исклучително работна атмосфера. Работници ја косат тревата покрај патот и на средишната ограда, а вработените од […]

Димитров во посета на САД


Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Вашингтон, САД, каде што ќе има повеќе средби со претставници на американската администрација, Конгресот и тинк-тенк заедницата. Како што соопшти МНР, Димитров утре ќе се обрати на трибина посветена на иднината на Македонија и Југоисточна Европа, организирана […]

Претседателот на црногорскиот Парламент во посета на Македонија


Претседателот на Собранието на Црна Гора, Иван Брајовиќ денеска ќе претстојува во посета на Македонија и ќе се сретне со неговиот македонски колега Талат Џафери. Предвидено е Брајовиќ да се обрати и пред пратениците во македонското Собрание по што ќе оствари средба и со Лилјана Кузмановска и членовите на Пратеничката група за соработка со Парламентот […]

Шефот на германската дипломатија Хајко Маас следната недела во Скопје


Шефот на германската дипломатија Хајко Маас во вторник доаѓа во посета на Македонија. Маас ќе има средба со неговиот домаќин Никола Димитров. Предвидено е одржување панел дискусија на која ќе учествувува и Маас, а на која ќе се говори за eвропскиот пат на Македонија. Маас ќе биде третиот висок германски функционер кој доаѓа во земјава […]

Вучиќ пристигна во Косово


Српскиот претседател Александар Вучиќ попладнево пристигна преку преминот Брњак во општината Зубин Поток што е негова прва дестинација од дводневната посета на Косово, јави Танјуг. Вучиќ ќе го посети Зубин Поток и потоа и хидроелектраната Газивода. Подоцна ќе замине во посета на Лешк, Лепосавиќ и разговори со политички претставници на Србите во Косово во Звечан. […]

Челичната дама на ЕУ доаѓа во Скопје


  Германската канцеларка Ангела Меркел доаѓа во Скопје. Тоа е веста што вчера околу пладне предизвика политичка еуфорија во предреферендумска Македонија. Иако по самитот на НАТО во јули во Брисел имаше срамежливи навестувања дека една од највлијателните личности во европската политика би можела да допатува во земјава пред референдумот, официјализирањето на таа информација не го […]

Градоначалниците Каминис, Бандиќ и Ахмети на концерт во Скопје


Градоначалниците на Атина, Јоргон Каминис, на Загреб, Милан Бандиќ и на Приштина, Шпенд Ахмети, заедно со градоначалници на повеќе градови од земјава беа поканети вчера од Петре Шилегов на концерт во скопскиот парк. Скопскиот градоначалник поканата ја третираше како приватна. На концертот со програма настапија Македонската филхармонија, хорот на Македонската опера и балет и трибјут-бендт […]

Британската премиерка Тереза Меј во Македонија


Делегација на Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, предводена од премиерката Тереза Меј денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Церемонијата за добредојде на британската делегација, како што соопшти владината прес-служба, ќе се одвива на платото пред Владата на Република Македонија, по што е предвидена тет-а-тет средба меѓу премиерите […]

Вучиќ утре во еднодневна посета на Скопје


Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе престојува во еднодневна посета на Скопје, каде ќе присуствува на состанокот на лидерите на процесот Брдо-Бриони, соопштија од неговиот кабинет. Домаќин на Самитот е претседателот Ѓорге Иванов, а како што е веќе најавено на самитот во Скопје ќе допатува и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. Целта на процесот Брдо-Бриони […]

Борисов утре во посета на Косово


Бугарскиот премиер Бојко Борисов, чија земја го држи ротациското претседателство со Европската унија, утре ќе го посети Косово. Според бугарската новинска агенција БТА, целта на посетата е да се разгледаат можностите за подобрување на соработката во регионот и одржувањето на мирот и стабилноста на Балканот. Борисов ќе се сретне со косовскиот претседател Хашим Тачи, премиерот […]

„Та неа“: Коѕијас доаѓа во во Скопје на 22 и 23 март


Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас на 22 март, ќе пристигне во Скопје во дводневна посета, објави грчкиот весник „Та неа“. Во текстот под наслов „Со мало задоцнување Коѕијас во Скопје“, новинарот пишува дека посетата се смета за важна, бидејќи разговорите ќе бидат концентрирани на „грчките предлози и очигледно и соодветните скопски предлози“ за постигнување еден […]

Полскиот шеф на дипломатијата задутре во посета на Македонија


Министерот за надворешни работи на Полска, Јацек Чапутович, задутре ќе престојува во работна посета на Македонија, во тек на која ќе има средба со македонскиот колега Никола Димитров. „На средбата, министерот Димитров ќе информира за активностите поврзани со домашната реформска агенда и развојот на добрососедските односи во контекст на очекуваните позитивни придвижувања на патот кон […]