Лицата со попреченост попладнево на протест – ќе пуштат 35 балони за 35 години независност


Попладнево, од 17.30 часот, пред Министерство за социјална политика, демографија и млади, протестираат лицата со попреченост, кои имаат десерт барања од власта, меѓу кои и зголемување на часовите за лична асистенција, редовна исплата на детска и социјална помош, донесувањеназаконскитеизмени и друго, што ќе овозможи достоинствен живот.  Токму тоа е и мотото на протестот на Коалицијата „Менуваме“ […]

Во тек е исплатата на посебен додаток, туѓа нега и попреченост


Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во тек е исплатата на следните социјални права: посебен додаток, парична помош за попреченост и туѓа нега за месец декември 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во […]

Помалку документација за добивање помош побараа лицата со попреченост


На средбата во Министерството за финансии, се говореше за проблемите со коишто се соочуваат лицата со церебрална парализа, но и лицата со други попречености. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска денеска во својот Кабинет оствари средба со граѓани и претставници на Здружението на родители на деца со церебрална парализа – Скопје. На дискусијата се говореше за […]

Се воведува нов систем за рана интервенција за деца од 0-6 год со доцнење во развојот или попреченост


На панел дискусијата посветена на имплементацијата на гаранцијата на деца во ЕУ – од рана интервенција за еднаков пристап до социјална и здравствена заштита, претставничката од Министерство за здравство, Диана Ристовска Додевски се осврна на постапката за воведување на нов семејно-ориентиран систем за рана интервенција во детството (РИД) за деца од 0 до 6 години […]

КСЗД примила 77 претставки за дискриминација најчесто за сексуална ориентација и попреченост


 Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го објави извештајот за периодот април – јуни 2024 година. Според податоците, во вториот квартал на 2024 година, до КСЗД се доставени 77 претставки и тоа 61 од физички и 16 од правни лица. Во споредба со истиот период во 2023 година, бројот на поднесени претставки е зголемен […]

 Лицата со попреченост од Општина Центар ќе може да користат бесплатен превоз до болница


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повикува граѓаните со попреченост да ја користат услугата за бесплатен транспорт до здравствените установи за што општината има потпишано Меморандум за соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија. Станува збор за бесплатен превоз до здравствените установи со наменски возила на Црвениот Крст за корисници над 18 години, кои користат ортопедско помагало (инвалидски колички, дубаци или […]

Уставен го поништи членот кој оневозможуваше лицата со попреченост да добиваат помош над 65-годишна возраст


Уставниот суд го поништи член 3 став 1 точка 2) во делот „најмногу до 65 годишна возраст” од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани. Според член 3 став 1 точка 2) од Законот „корисници на правото на надоместок заради попреченост” се лица со навршена 26 годишна возраст, а најмногу до 65 […]

МЗ: Работиме на новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост


Министерството за здравство информира дека интензивно се работи на новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година. Согласно регулативата на Министерството, определено е дека објектот за вршење здравствена дејност треба да обезбеди хоризонтална и вертикална комуникација за движење на инвалидски колички, како и соодветни критериуми во однос на широчината и височината на […]

Општина Карпош ќе доделува по 3.000 денари за лицата со попреченост


Под мотото „Сите сме исти, сподели среќа“, по повод одбележување на 3 декември – Денот на лицата со попреченост, Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општина Карпош, денеска објави Јавен повик за доделување на еднократна парична помош за лицата со попреченост во висина од 3.000 денари. Право на остварување на еднократна парична помош […]

Лицата со попреченост од други градови бесплатно ќе се паркираат во Скопје


Советот на Град Скопје ја усвои иницијативата со којa се овозможува лица со попреченост од други градови бесплатно да се паркираат во Скопје, по случајот со велешанката, која плати паркинг, на место за инвалидизирани лица, но се соочи и со казна, затоа што возило со регистарска табличка што не е од Скопје, не смеело да […]

Децата и младите со попреченост ќе се проценуваат според тоа што можат, а не што не можат


Правилник за функционална проценка на децата и младите со попреченост беше потпишан денеска во Владата. Со него се регулира начинот на спроведување на функционалната проценка врз основа на Меѓународната класификација за функционирање (МКФ) и определувањето на мерките за дополнителна образовна и здравствена поддршка и социјална заштита на засегнатите деца и млади до 26 години. Правилникот […]

Барањата за повластени паркинг услуги за лица со попреченост може да се поднесуваат до 1-ви декември


Од ЈП „Градски паркинг“, Скопје, информираат дека во тек е процедурата за прибирање барања од страна на лицата со попреченост за користење на повластени паркинг услуги за календарската 2023 година. Од таму, ги потсетуваат своите корисници дека поднесувњата на барањата кое започна на 1-ви ноември 2022, ќе трае до 1-ви декември 2022 година. -Ги повикуваме […]

Лицата со попреченост од утре може да поднесуваат барање за користење повластени паркинг услуги во 2023


Од утре до 1 декември 2022 ќе може да се поднесуваат барања од лица со попреченост за користење повластени паркинг услуги за календарската 2023 година. ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ги повикува сите заинтересирани лица со попреченост, кои се жители на Град Скопје, во претстојниот период да достават уредно пополнето Барање или да го пополнат […]

МТСП: Градиме систем кој е праведен и прилагоден на лицата со попреченост


Министерството за труд и социјална политика по наводите на Коалицијата „Менуваме“ во некои од медиумите за „остварувањето на праватa за еднаквост, достоинствен живот и  вклучување на лицата со попреченост во целокупниот јавен живот“ денеска информира дека согласно Програмата за работа на Владата за 2022 предвидено е зголемување на правото на посебен додаток за 15 отсто […]

Рекорд во БиХ: 103-годишник 80 години зема пензија


 Највозрасниот корисник на Фондот за пензиско осигурување на Република Српска има 103 години, а прима пензија 80 години, изјави директорот на Фондот, Младен Милиќ. Тој појасни дека се работи за човек кој ова право го добил како дете и младо лице со попреченост. – Од година во година имаме растечки тренд на траењето на правото […]

Лични асистенти и во летниот распуст ќе посетуваат ученици со попреченост


Општина Центар за првпат и за време на летниот распуст обезбедува лични асистенти во домашни услови кои ќе им помагаат на учениците со попреченост во развојот. Воедно Општина Центар е првата општина во државата која им дава поддршка од овој тип на учениците со пречки во развојот кои ги посетуваат основните училишта во Центар.  „Од […]

Почна процес за креирање нова национална стратегија на лицата со попреченост


Министерството за труд и социјална политика ќе биде носител на креирање концепт за нова Национална стратегија за лицата со попреченост на Република Северна Македонија за наредните седум години.   Владината прес-служба соопшти дека денеска се одржал прв работен состанок за креирање на Стратегијата, со кој претседавал Спасе Додевски, надворешен советник за унапредување на образованието, здравствената […]

Градот Скопје се вклучува во акцијата за подигање на свеста за лицата со попреченост


Во пресрет на Светскиот ден на свесност за аутизмот (2 април), Градот Скопје и ЈСП се вклучуваат во проектот „Сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост“ во организација на Здружението на граѓани „Куќа на среќата“, кое има за цел подигнување на свеста за лицата со попречености преку инклузивната лента која ја носат овие лица. […]

Лицата со попреченост се ослободени од партиципација за студирање


Во координација со Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба за правата на лицата со попреченост и други лица да бидат ослободени од партиципација за студирање. Со оваа Уредба Владата овозможи сите лица со попреченост запишани на прв, втор и […]

Одбележан Меѓународниот ден за лица со попреченост


Зајакнување на капацитетите и можностите на лицата со попреченост и обезбедување нивна инклузивност и еднаквост во општеството, беа дел од темите на кои се разговараше на денешното одбележување на Меѓународниот ден на лица со попречености на Филолошкиот факултет во Скопје во организација на Институтот за дефектологија. Заменик министерот за образование и наука, Петар Атанасов изјави […]