Италија: Поради поплавите 10.000 луѓе останаа без вода за пиење во провинцијата Равена


Речиси 10.000 луѓе во североисточниот италијански регион Емилија Ромања денеска се без проточна вода поради поплави во локалната пречистителна станица, предизвикани од невидени врнежи во вторникот и средата, јави италијанската новинска агенција АНСА. Пожарникарите работеа на решавање на проблемот во објектот во градот Конселице во провинцијата Равена, кој заедно со провинцијата Болоња го понесоа најголемиот […]

Поплави во Италија, најмалку две жртви, едно лице исчезнато


Најмалку две лица ги загубија животите во невремето и поплавите што ја зафатија Италија, а едно лице се води како исчезнато. Еден постар маж загина при излевање на реката Сенио поради обилни врнежи во градот Кастел Болоњезе, во провинцијата Равена, јавија италијанските медиуми. Уште едно лице загина при уривање на куќа во градот Фонтанеличе кај […]

Обилни дождови во Иран предизвикаа поплави во кои загинаа најмалку две лица


Најмалку две лица загинаа во поплави во северниот и западниот на Иран предизвикани од обилни дождови, јавија денеска државните медиуми. Државната служба за итни случаи соопшти дека во последните 24 часа едно лице починало во провинцијата Казвин, а друго во Илам. Едно лице загина од гром во провинцијата Западен Азербејџан. Метеоролошкиот оддел на Иран предупреди […]

Невремето продолжува да ја уништува Калифорнија (видео)


Уште еден налет на зимско време од Пацификот денеска ја погоди Калифорнија, која веќе е „уморна“ од невремето. Метеоролозите предупредуваат на удари на ветрови кои ќе достигнат ураганска сила, придружени со силен дожд и обилен планински снег. Dairy farmers in Tulare County move herds to higher ground to escape flooding. STORY: https://t.co/l0XMRyeKVC pic.twitter.com/DKTlngXadz — FOX26 […]

(Видео) Поплавени шаторите во кои живеат жртви од земјотресот во Турција


Обилни врнежи во југоисточна Турција им предизвикуваат проблеми на луѓето кои останаа без своите домови во регионот погоден од земјотресот. Во Искендерун, во провинцијата Хатај, дождот ги поплави шаторите, објави денеска новинската агенција DHA. На фотографиите и видеата се гледаат бари и кал околу шаторите. İlk 48 saatte yetiştirmen gereken çadırları satmak için tutarsın. Depremin […]

Поплави во австралиски Квинсленд, евакуирани се луѓе


  Австралиската полиција ги повика жителите на северниот град Бурктаун во државата Квинсленд на евакуација поради тешките поплави во регионот, по повеќедневните обилни врнежи од дожд. Поплавта во Бурктаун, во заливот Карпентарија, е најлоша досега, со ниво на реките кои надминаа 6,78 метри измерени во март 2011 година, според Канцеларијата за методологија на австралиската влада. […]

Големи поплави во Бразил, најмалку 46 лица загинаа во лизгање на земјиштето во Сао Пауло


Најмалку 46 лица загинаа во поплавите и одроните предизвикани од невремето и обилните дождови во бразилската држава Сао Пауло, а десетици луѓе се водат за исчезнати. Во крајбрежниот град Сао Себастијао ситуацијата е исклучително критична, изјави градоначалникот Фелипе Аугусто, пренесе Би-би-си. Најмалку 45 лица загинаа во овој град, кој беше тешко погоден од временските услови, […]

Повеќе од 30 загинати во поплавите и свлечиштата во Бразил


Поројните врнежи од дожд во крајбрежните области во југоисточниот дел на Бразил предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во кои загинаа 36 лица, а неколку стотици останаа без своите домови, соопштија локалните власти. Владата на сојузната држава Сао Паоло потврди дека 36 лица загинале, а стотици ги напуштиле своите домови или останале без покрив над […]

ЦУК: Отстранета опасноста по мостот на Вардар и од локално поплавување во Неготинско


Отстранета е опасноста по мостот на Вардар и од локално поплавување во Неготинско, информираат денеска од Центарот за управување со кризи. – Центарот за управување со кризи, по добиената информација на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, презеде превентивни координативни активности за да се отстрани опасноста по мостот на Вардар кај Неготино, кај село Пепелиште […]

Поројниот дожд предизвика поплави во Окленд


 Поројниот  дожд на Нов Зеланд предизвикаа поплави во најголемиот град, Окленд. Цивилната одбрана на Нов Зеланд ги предупреди околу 1,6 милиони жители на Окленд  да се засолнат од надојдената вода. Според Националниот институт за истражување на водата и атмосферата во Окленд наврнале 80 проценти повеќе од просечните летни врнежи. – Можно е во делови на […]

Снег ја окова Хрватска, поплави и вонредна состојба во Србија


  Во Хрватска и во Србија, жителите се борат со временски непогоди, па покрај наврнатиот снег, во Хрватска на неколку места зафатија поплави и излевање на реките, а во Србија е прогласена вонредна состојба во повеќе места, поради излевање на Лим, Ибар, Нера. Од утрово снег зафати повеќе делови од Хрватска, па така на планините […]

Најмалку 20 лица загинаа во поплави од поројните дождови во Калифорнија


  Серијата обилни дождови што ја зафатија Калифорнија во последните три недели конечно стивнаа, дозволувајќи им на евакуираните да се вратат во своите домови, а државата да се фокусира на поправка на оштетените патишта и далноводи. Во девет последователни поројни дождови од 26 декември досега загинаа најмалку 20 луѓе, а десетици илјади се раселени, изјави […]

Свлечишта и поплави во Калифорнија по невреме


 Свлечишта и поплави донесоа камења и кал на патиштата низ Калифорнија по обилните дождови и бури. Метеоролозите најавуваат дека во наредните денови се очекуваат серија бури кои потенцијално ќе предизвикаат поплави во голем дел од оваа американска држава. Предупредувањето за зимско невреме е во сила од неделата, а покрај поројни дождови можно е на некои повисоки места […]

Најмалку сто загинати во поплави во главниот град на Конго


Најмалку сто луѓе загинаа, а десетици се повредени денеска во големите поплави и свлечишта предизвикани од обилните врнежи што го зафатија главниот град на Конго. Околу 12 милиони луѓе живеат во 24-те области на Киншаса зафатени со поплавите. Локалните власти соопштија дека има жртви, дека се поплавени куќи и уништени патишта. Повеќе од триесет луѓе […]

Едно лице загина во поплавите предизвикани од обилните дождови во Лисабон


Едно лице загина во поплави предизвикани од невообичаено обилен дожд во Португалија, во областа Лисабон, соопшти денеска службата за цивилна заштита. Лицето се удавило во поплавен подрум, а на други места се спасени десетици луѓе. Во областа Лисабон, поплавата оштети многу автомобили, затворени се неколку железнички станици, тунели, патишта и улици во главниот град. Додека […]

На југоисточниот дел на Австралија му се закануваат поплави


Стотици домови во југоисточна Австралија денеска останаа без струја, а жителите подготвуваат вреќи со песок откако невреме го зафати регионот, носејќи предупредувања за пообилни дождови, силен ветер и нови поплави. Најпогодени ќе бидат државата Викторија и островската држава Тасманија. Во некои области на Викторија за 24 часа веќе наврнале 140 милиметри дожд, што е двојно повеќе од […]

Досега десет жртви на поплавите во Венецуела, тројца се водат за исчезнати


Бројот на жртвите од поплавите што ја зафатија Венецуела пред две недели се зголеми на 10 загинати и тројца исчезнати, откако вчера беше пронајдено телото на млад човек кој бил однесен од поројните води. Телото на 18-годишнио момче беше извлечено од калливата река Ла Вега, во државата Лари, на запад од Венецуела, каде што исчезна […]

(Видео) „Водена бомба“ усмрти најмалку десет луѓе во регионот Марше во Италија


Најмалку десет лица загинаа, а четворица се водат како исчезнати по поплавите во централниот италијански регион Марше, пишува Дејли меил. Според локалните медиуми, меѓу исчезнатите во невиденото невреме што го погоди регионот има и две деца. RaiNews наведува дека неколку жртви загинале бидејќи се обидувале да ги спасат автомобилите од гаражи. Три жртви живееле во […]

Генералниот секретар на ОН повика на глобален одговор на катастрофалните поплави во Пакистан


Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска го повика светот да се обедини во поддршка на Пакистан каде пристигна во екот на катастрофалните поплави, јави ДПА. Третина од Пакистан моментално е под вода по големите поплави предизвикани од двомесечните рекордни монсунски дождови, во кои досега загинаа 1.391 лице, а уништена е и инфраструктура и егзистенција на милиони луѓе. Најмалку […]

Поради поплави прогласена вонредна ситуација во американската држава Џорџија


  Невреме проследено со обилни дождови од синоќа ги зафати северозападните делови на американската сојузна држава Џорџија, предизвикувајќи поплави во некои области. Медиумите објавуваат снимки од поплавени патишта и сопственици на куќи кои се обидуваат да спречат водата да навлезе во нивните домови. Гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп, доцна синоќа прогласи вонредна состојба во окрузите Чатануга […]