(Видео) Драматични сцени во делови од Европа: Поројни дождови однесоа сè – има исчезнати!


Обилните дождови предизвикаа поплави во јужните и источните шпански провинции за време на викендот, при што едно лице загина, а две се водат како исчезнати во неделата навечер, бидејќи поројните дождови однесоа автомобили и мотоцикли. Властите ги предупредија жителите да останат во затворен простор. ⚠️ 14:30 h. Situació a Barxeta (la Costera). El riu de […]

Бурата „Бајрон“ ја парализира Грција – поплави, свлечишта, прекин на сообраќај


Бурата Бајрон го парализира поголемиот дел од Грција. Девет региони, вклучително и Атика, се под официјално предупредување за екстремни услови. Поплави, лизгања на земјиште и прекин на сообраќај се пријавени во повеќе подрачја. На островот Закинтос, водата навлезе во патишта и обработливо земјиште, а сообраќајот меѓу Закинтос и Аликес е целосно прекинат. Во селото Литакија, […]

Над 350 загинати и 366 исчезнати во поплавите и свлечиштата во Шри Ланка


Најмалку 355 лица загинаа, а уште 366 луѓе се водат како исчезнати во досега најлошите свлечишта и поплави во историјата на Шри Ланка, додека операциите за пребарување и спасување траат веќе четири дена откако почна катастрофата, соопшти денеска Центарот за управување со катастрофи (DMC). Бројот на загинати се зголеми, бидејќи тимовите за пребарување влегоа во […]

Поплавени објекти во Облешево


Обилните врнежи од дожд и неисчистените канали предизвикаа проблеми на земјоделците Чешиново-Облешево. Попавени им се дворовите и фармите по неколкудневното врнење. Мештаните вината освен во природата ја бараат и во сопствената, но и во неодговорноста на надлежните.  Најголемата брана во регионот Калиманци која што во изминатиот период беше под нивото се полни. Од Управата за хидрометеоролошки […]

Во поплавите во Тајланд животот го загубија 162 лица


Портпаролот на тајландската Влада, Сирипонг Ангкасакулкиат денеска изјави дека 162 лица го загубиле животот во поплавите во јужен Тајланд, пренесуваат агенциите. Околу еден милион домаќинства и повеќе од три милиони луѓе се погодени во поплавите во 12 провинции во јужен Тајланд предизвикани од обилните дождови во последните неколку дена. Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул претходно прогласи […]

Вонредна состојба од поплави во четири бугарски општини – црвено предупредување на дел од земјата


Нивото на реката Места нагло се зголеми во областа околу Черна Места во општина Јакоруда во Бугарија, поради што локалните власти ја следат ситуацијата, додека веќе се распоредени екипи за итни случаи и тешка механизација, објави Новините. Градоначалникот Мехмед Вакљов изјави дека во моментов нема непосредна закана, но дека три надојдени реки во клисури во […]

Жолто ниво на предупредување од поплави – ќе се излеат ли реките?


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде жолто ниво на предупредување поради потенцијална опасност од поплави и апелира на претпазливо движење покрај реките и суводолиците, пред сè на оние во југоисточните, источните и североисточните делови на земјата. -Во текот на ноќта имаше значително зголемување на водостоите во југоисточниот, источниот и североисточниот дел од земјата. Висок водостој […]

Поплави, евакуација и отсечени села во Албанија


Невремето проследено со обилни дождови и силен ветер, што ја зафати Албанија во последните денови, доведоа до поплавување куќи, евакуација на семејства и прекини во снабдувањто со електрична енергија во повеќе делови во земјата. Министертвото за одбрана соопшти дека поради поплавени домови евакирани се дваесеттина семејства во областа Тат, поради одрони блокирани се повеќе патни […]

Поплавени подвозници во Полошкиот регион


Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот. Ова доведе до задржување и создавање водени површини под подвозниците и надвозниците, извести Центарот за управување со кризи. Од ЦУК апелираат на зголемена […]

Силно невреме во Италија и во Словенија – има и исчезнати


Делови од Словенија и Италија во понеделник се борат со поплави предизвикани од обилните дождови во италијанскиот регион Фриули-Венеција Џулија. Тоа е автономен регион на североистокот од Италија што се граничи со Словенија и Австрија. Меѓу катастрофалните последици од обилните дождови, пишуваат словенечките медиуми, се издвојува лизгањето на земјиштето што се урна и затрупа трикатна […]

Како да спречиме поплави од типот на онаа од Стајковци? Објавен труд во реномирано списание


Неодамна, во списанието Open Geosciences (De Gruyter Brill) е објавен трудот „Национална анализа за ранливост од поројни поплави во сливовите“ од авторскиот тим м-р Бојана Алексовa, докторанд по геонауки на Универзитетот во Нови Сад, проф. др. Ивица Милевски од ПМФ-УКИМ во Скопје и проф. др. Stefanos Stefanidis од Шумарскиот Институт во Солун. Овој труд е резултат на неколкугодишно истражување, […]

Поројни поплави во туристичко место – вонредна состојба во Шпанија (Видео)


Драматична снимка објавена на платформата „X“ го покажува моментот кога лизгање на земјиштето го зафати градот Илора во шпанската покраина Гранада, додека шокираните очевидци снимаа од далечина. Бесните порои ги опколија куќите додека се прелеваа покрај тулените згради, оставајќи многу возила заробени на местото. Издадена е жолта временска тревога, по што следеа евакуации бидејќи градот […]

(Видео) Нереални сцени во Шпанија: Луѓе заробени во автомобили, апел – „Не излегувајте!“


Ненадејните поплави предизвикани од обилните дождови предизвикаа хаос во североисточниот шпански регион Каталонија, каде што властите велат дека голем број луѓе се заробени во своите возила. 🚨 Alcanar Platja, Montsià in Catalonia, Spain at the moment…👀pic.twitter.com/gt6eKGxxS0 — Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) October 12, 2025 На социјалните мрежи се појавија драматични снимки на кои се гледаат порои […]

Вечерва пронајдена и четврта жртва од поплавите во населбата Елените на бугарскиот брег


 Вечерва е пронајдена четврта жртва од поплавите во одморалиштето Елените, изјави директорот на Регионалната полициска дирекција во Бургас, Владимир Маринов. -Добивме пријава од руски државјанин кој ни соошти дека денеска пристигнал од Русија бидејќи немал никаков контакт со сопругата. Семејството има вила во Елените, во крајниот дел од загрозената зона, каде што количествово вода била […]

Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија


Поплавите што зафатија делови од југоисточна Бугарија и брегот на Црното Море одзедоа три животи и принудија стотици луѓе да се евакуираат своите домови, соопштија бугарските власти. Министерот за внатрешни работи Даниел Митов изјави дека меѓу трите жртви се двајца спасувачи кои загинале пружајќи помош во крајбрежното одморалиште Елените, кое е најпогодено од невремето. Делови […]

(Видео) Ураган ја потопи Ибица, поплави и на Мајорка


Ураганот Габриел, кој беснее во Атлантикот од минатата недела, продолжува да ги пустоши шпанските острови Ибица и Форментера денес. Слично сценарио, иако малку поблаго, е забележано на Мајорка и во регионот Валенсија во континентална Шпанија, како и во Мурсија на југоистокот од земјата. Flooding due to heavy rain on the island of Ibiza, Spain 🇪🇸 […]

Италија: Поплавите носат сè на својот пат – луѓе се спасуваат со хеликоптери


Силни дождови ја погодија северна Италија, а погоден е и Комо. Градот Комо и околниот регион Ломбардија беа погодени од обилни дождови во понеделник, предизвикувајќи прелевање на езерото и големи поплави. Водата ги парализираше патиштата, бројни возила останаа под вода, а пожарникарите имаа полни раце работа. Домовите, бизнисите и јавната инфраструктура беа поплавени, а жителите […]

Силни дождови ги погодија Хималаите, хаос во Индија и Пакистан, најмалку 36 мртви


Силни дождови ги погодија Хималаите, одземајќи најмалку 36 животи во Индија во последните 24 часа, принудувајќи ги властите да отворат големи брани и заканувајќи се да поплават три реки во Пакистан. Најмалку 33 лица загинаа во вторник попладне во лизгање на земјиштето во близина на хиндуистичкото планинско светилиште Ваишно Деви, на пат за поклонение во […]

Пожари беснеат во Македонија, Турција, Грција и во Албанија, невремиња во Романија, Хрватска…


Додека во Македонија, Турција, Грција и Албанија беснеат пожари, други делови на Балканскиот полуостров, како Романија, Хрватска, Словенија… се соочуваат со сосема други непогоди – страшно невреме, врнежи, град, поплави. Некаде и со човечки жртви. Во Македонија секојдневно се регистрираат десетици пожари и се мобилизирани сите капацитети со кои што располага  државата, а повикан е и ЕУ-механизмот […]

Над седум илјади евакуирани во Јужна Кореја поради поплавите, уште едно лице се води како исчезнато


Повеќе од седум илјади луѓе се евакуирани во Јужна Кореја поради поплавите предизвикани од поројните дождови кои четврти ден по ред врнат во земјата. Цели стада добиток стојат во водата, пренесуваат светските агенции. Четири лица го загубија животот, а уште едно лице се води како исчезнато. До синоќа  2.816 лица од повеќе од 7.000 евакуирани […]