Расте бројот на жртвите во поплавите во Бразил


Расте бројот на жртвите од поплавите во Бразил, а илјадници луѓе се евакуирани. Бројот на жртвите од поројните дождови што од ноември ја погодија бразилската држава Баија вчера се искачи на 18. Катастрофата принуди 35.000 луѓе да се иселат, соопштија локалните власти. Пожарникарите од Баија ја потврдија смртта на 60-годишен маж кој се удавил во река на југот на државата. Најмалку две лица се водат како исчезнати, […]

Најтешки поплави во Малезија во последните седум години, евакуирани повеќе од 22.000 луѓе


Повеќе од 22.000 луѓе се евакуирани денеска во Малезија поради најтешките поплави што ја зафатија земјата во последните седум години, покажуваат владините податоци. Обилните дождови кои паѓаат од петокот во таа земја во Југоисточна Азија, инаку навикната на монсунските бури на крајот на годината, предизвикаа излевање на реките, поплавување на урбаните зони и блокирање на […]

Дистрибуирана помошта на семејствата од поплавената населба во Кичево


Општинската организација на Цевениот Крст во соработка со општина Кичево, изврши дистрибуција на помошта наменета за семејствата чии домови беа поплавени при неодамнешното излевање на Зајашка Река. Помошта се состоеше од ќебиња, прехранбени и хигиенски пакети. -Помошта која беше наменета за семејствата од поплавената населба во Кичево во целост ја дистрибуиравме. Оваа помош се состоеше […]

Најмалку две лица загинаа во поплавите во Шпанија, повеќе од 50 се евакуирани


Најмалку две лица загинаа во поплавите во северна Шпанија, а повеќе од 50 се евакуирани од погодените области, соопштија денеска властите. За смртта на две лица во претходните три дена, владата го обвини излевањето на надојдените реки по обилните врнежи од дожд и снег. Поради излевање на реката Ебро, властите денеска наредија евакуација на 55 […]

Најголемиот страв на „Мариовска“: Само да не заврне


Еден куп камења вдолж целата улицата, купишта смет, ѓубре и кал, огромни кратери среде асфалтот, тротоари што ги препознавате само по логика, работници што треба да ги санираат дефектите и дополнително го усложнуваат и забавуваат движењето… Ваква е сликата што ја затекнавме вчераутро на улицата „Мариовска“ во скопската населба Кисела Вода, неколку часа по дождот […]

Индонезија: Поплави однесоа 73 животи, 60 лица се водат како исчезнати


Најмалку 73 лица загинаа, а 60 се водат како исчезнати во поплавите, кои ја погодија источната индонезиска провинција Папуа. Спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до оддалечените делови од провинцијата и стравуваат дека бројот на жртвите ќе биде поголем. Поради лизгање на земјиштето и откорнати дрвја, патиштата се блокирани, а поплавите оштетија два моста и […]

Трагедија во Индонезија: Најмалку 50 луѓе загинаа во поплави


Најмалку 50 лица го загубија животот, а 59 се повредени во поплавите кои ја погодија индонезиската провинција Папуа, соопштија денеска локалните власти. Силен ветар и поројни дождови ја зафатија вчера областа околу главниот град на провинцијата, Џајапура, предизвикувајќи големи поплави. Најтешко погоден од поплавите е градот Сентани, каде спасувачките екипи трагаат по преживеани, но се […]

Силно невреме ја поплави Атина


По силното невреме што претпладнево ја зафати Атина и покрај тоа што не траеше долго, но беше со голем интензитет, голем дел од улиците во грчката престолнина се поплавија, неколку атински населби се без електрична енергија, а противпожарната служба добила 190 повици за помош, јави дописничката на МИА од Атина. Повиците до противпожарната служба биле […]

Струмичките улици поплавени пред протестот на ВМРО-ДПМНЕ


Невреме со пороен дожд, проследен со силен ветар и град, за дваесетина минути предизвика поплавување на сообраќајници и на две улици во Струмица. Локалниот пат од Струмица кон Бања Банско, кој поминува низ центарот на селото Муртино беше под вода. Поради преполните одводни канали водата се излеа во дворовите, а граѓаните на Муртино со пумпи […]

Поплави и во Романија, куќа се урнала врз жена


Поројните дождови предизвикаа поплави во повеќе реони во североисточниот и централниот дел на Романија, при што едно лице загина. Една жена на 81-годишна возраст од областа Ботошани загина денеска откако таванот на куќата попуштил и се урнал врз неа. Илјадници домови се поплавени, а стотици луѓе евакуирани. Голем број национални патишта се блокирани поради надојдената […]

Поплави ширум Србија


Пороен дожд погоди повеќе делови на Србија, предизвикувајќи поплави и проблеми во сообраќајот, а под вода биле и неколку сообраќајници во Белград. Големо невреме со силен ветер и дожд ја погоди Суботица, а како што соопштија локалните медиуми, во тој град многу улици се поплавени, сообраќајот е забавен, а има и искорнати дрвја. Едно лице […]

(Фото) (Видео) Поплави во Грција, среде сезона се евакуираат туристи


По поројните дождови повеќе делови од Грција се поплавени. На Халкидики најмногу проблеми има на Ситонија, каде се поплавени куќи и други објекти. Во Никити на Ситонија поплавени се патиштата што предизвика проблеми во сообраќајот. Реката Агиос Николаос се излеа од коритото. Евакуирани се гости од неколку хотели додека десетина автомобили се оштетени. Во делот […]

(Видео) Големи поплави во централна Хрватска


Долготрајните дождови во хрватската област Лика предизвикаа поплави, а луѓето во реонот стравуваат дека може да се повтори сценариото од 2010 година, кога таму беа поплавени над 150 куќи, објави националната телевизија ХРТ. Според последните информации, нивото на реката Лика се зголемува по пет сантиметри на час, а дождот се уште не престанува. Електричната енергија […]

Активирани мерките за превенција од поплави


Институциите надлежни во делот на превенција и справување со поплави од денеска треба да спроведат активности согласно заклучоците од вчерашната седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи. Според информациите на Управувачкиот комитет ситуацијата е најкритична во северозападниот регион на Република Македонија, но и во Пелагониската котлина, како и […]

Поплавени куќи и блокирани патишта во Гостивар


Временските услови во изминатово деноноќие проследени со наглото топење на снегот и врнежите од дожд во гостиварскиот регион, предивикаа проблеми во некои делови од општината. Регионалниот патен правец Гостивар-Србиново од синоќа е во прекин. Во близина на селото Лакавица на коловозот се срушила поголема количина од земја и дрвја. Градежна механизација веќе работи на расчистување […]

Над 40 литри дожд до утре во западна Македонија, опасност од поплави


Пообилни врнежи од дожд денеска ќе има во западните делови од Македонија, каде до сабота наутро се очекува да наврнат над 40 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. За време на викендот се уште ќе има повремен дожд претежно во западните делови, а само на планините над 2000 м.н.в. ќе има повремен […]

Европа ја очекува суша и големи поплави


Научници од универзитетот Њукасл предупредуваат дека времето во Европа ќе стане уште поекстремно. Како што објави денеска „Скај њуз“, научниците прогнозираат дека во наредите децении Европа ја очекуваат голем број на жешки бранови, многу повеќе суша, но и големи поплави. Париз, кој неодамна беше зафатен од големи поплави, нема да биде единствениот европски град кој […]

Хуманитарци им помагаат на настраданите во поплавите во Кичево


Општинската организација на Црвен крст во Кичево во текoт нa вчерaшниoт ден и денеска додели помош на вкупно 139 семејства погодени од неодамнешните поплави. Помош за настраданите семејства денеска исто така делеше и Хуманитарната организација „Класје на добрината” во облека, ќебиња и хигиенски сретства, како и пакети со прехранбени продукти. На терен работи и општинската […]

Над 50 куќи поплавени во Кичево, семејствата се згрижени


Министерството за труд и социјална политика, Центарот за социјална работа Кичево и Црвениот крст Република Македонија денеска заедно се на терен и во обиколка на поплавените населени места во Кичево. „Поплавени се куќи во т.н Прилепска населба во Кичево. Во моментов ЦСР Кичево прави увид на сите поплавени куќи и иако првичната бројка беше дека […]

Поплавите во Европа ќе бидат се почести


Поплавите ќе станат се почести во Европа поради глобалното затоплување, дури и ако светот успее да го ограничи порастот на температурите на 1,5 степени Целзиусови, предвидуваат научниците во студијата објавена во магазинот „Клима“. Авторите на истражувањето предвидуваат три сценарија: глобално затоплување од 1,5 до три степени во однос на прединдустрискиот период. Најоптимистичкото сценарио за глобалното […]