Поплави во САД: Најмалку четворица мртви, стотици евакуирани


Најмалку четворица загинаа во поплавите што погодија делови од САД. Според за сега достапните информации, тројца загинале во Небраска, а едно лице во Ајова. Државите Небраска, Висконсин и Ајова прогласија вонредна состојба, пренесе CNN. Гувернерот на Небраска, Пит Рикетс, ги нарече поплавите „најголема катастрофа во историјата на државата“. Според CNN, земјоделецот Џејмс Вилке загинал на […]

„Империјата“ е безбедна


Поплавата во Специјалното јавно обвинителство уништила докази од еден од најбитните предмети – „Империја“. Оваа вест вчера ги преплави медиумите, за потоа од Специјалното јавно обвинителство да објаснат дека вистината е поинаква. Тврдат дека во институцијата воопшто немало поплава, туку дека пред една недела, во неработен ден навечер пукнала цевка од системот за парно греење […]

Сложни во неволја: Македонци, Грци и Срби си помагаат по поплавите


Во поплавените подрачја на грчките летувалишта, туристите ги минуваат деновите помагајќи си едни на други. Македонци, Срби и Грци со заеднички сили ги вадат потопените автомобили. „Во Метаморфозис, луѓето од Србија им помагаат на Грците да ги извлечат возилата од море, а во Никити прв кој пријде да им помогне на луѓето во автомобилите што […]

Триесет семејства се вратија во своите домови во Кичево


Семејствата кои беа сместени во спортската сала „Иванидол“ денеска по повлекување на водата од Зајашка река во своето корито се вратија во домовите. – Храна, облека, како и здравствена заштита е перманентна во тој регион со мобилни екипи. Општинска комисија е на терен и врши проверка и проценка на направената штета од поплавите и во […]

Дождовите го принудија Државен архив да бара нова зграда


Државниот архив ќе се сели во нова зграда оти објектот од „Скопје 2014“ се поплавува после секој дожд. Архивот сега се наоѓа во зградата на Археолошкиот музеј која беше поплавена и изминатиов викенд при што се загрози архивската документација. „За жал, ова е уште еден доказ за нестручно изведен објект. Заедно со Владата размислуваме за […]

(ФОТО) Поплавен стадионот Влазрими во Кичево


Интензивните врнежи од дожд кои го зафатија кичевскиот регион во изминатите 24 часа, ги преполнија речните корита, што предизвика излевање на повеќето водотеци во овој регион, а поплавија и 50 куќи. Се излеаја реките Треска, Зајашка Река, Беличка Река и некои помали водотеци, а при овие излевања поплавени се над 500 хектари ораници и ливади. […]