Државниот завод за статистика денеска ќе ги објави податоците од Пописот 2021


Државниот завод за статистика денеска ќе ги објави податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021 година, кој што се спроведе од 5 до 30 септември 2021 година. На настанот, како што е најавено, ќе се обратат директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, заменикот-директор Илми Селами и меѓународниот експерт од Словенија, Данило […]

Резултатите од Пописот на 30 март


Првиот човек на Државниот завод за статистика најави дека конечните резултати од Пописот ќе бидат објавени на 30 март, за што се подготвува настан во салата на Филхармонија. -На Пописот секој граѓанин имаше право да се попише како што смета. Илузија е да се очекува да има раст на населението кога има пораст на емиграција, […]

Симовски: Резултатите од Пописот кон крајот на март, нема простор за сомнеж во податоците


 Резултатите од Пописот ќе бидат соопштени кон крајот на март. Тие сè уште се предмет на обработка, бидејќи се работи најпрофесионално, според меѓународни стандарди за ваков вид статистички операции, изјави директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски. Во интервју за Нова ТВ, Симовски вели дека крајниот рок за објавување на резултатите од Пописот е 31 март 2022 година, што […]

Резултати од Пописот: За 10 години, Хрватска има 400.000 жители помалку


  Државниот завод за статистика на Хрватска, денеска ги објави првичните резултати од Пописот, што се одржа во октомври лани, а податоците покажуваат дека во Хрватска живеат 3.888.529 луѓе. Според податоците од Пописот од 2011 година, во Хрватска живееле 4.284.889 жители. Хрватските медиуми потсетуваат дека нивната земја беше зафатена со бран иселувања по влезот во […]

Попис во пандемија, прв по 19 години, првичните податоци во март


По 19 години државата ja спроведе најсложената статистичка операција – Попис на населението, домаќинства и становите. Сериозноста и големината на операцијата само ја покажува тоа што ова е прв попис по многу параметри – прв по речиси две декади, првпат во пандемија, првпат со комбиниран метод, прв на кој се попишува дијаспората и најважно од […]

Ако нема брз договор меѓу партиите, пописот ќе се одложи


Работните групи на власта и на опозицијата ниту неделава не се сретнаа за да разговараат за разликите околу пописот. Двете страни потенцираат оти ставовите им се толку различни што засега би било бадијала да седнат на заедничка маса. Тоа значи дека виси и донесувањето на законот за пописот, без кој е невозможно изведувањето на статистичката […]

Пописот влезе во кривина


Кон крајот на неделата, работните групи на власта и на опозицијата би требало уште еднаш да седнат за да видат дали може да се договорат околу пописот. Статистичката операција најавена за идната пролет и натаму е неизвесна затоа што владејачките партии не сакаат да ризикуваат бојкот од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, а во белиот дворец инсистираат […]

СДСМ и ВМРО повторно на маса: Нови средби за пописот и законот за СЈО


По неколкумесечна пауза, на заедничка маса повторно ќе седнат тимовите на власта и на опозицијата. Работните групи на владата и на ВМРО-ДПМНЕ, во текот на неделата ќе се обидат да ги доближат ставовите за пописот и новиот Закон за јавно обвинителство. Ставовите на двете страни досега беа дијаметрално спротивни, па со внимание се чека исходот […]

Ахмети лут на Заев и на Мицкоски, пописот виси поради две точки


Само еден ден откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изрази згрозеност од случувањата поврзани со Специјалното јавно обвинителство и уште еднаш повтори оти ветингот за сите носители на јавни функции мора да биде задолжителен, членот на Судскиот совет, Миљазим Мустафа, кој важи за близок на ДУИ, го одложи гласањето за разрешување на претседателот на Врховниот […]

Ако има бојкот, нема да има попис


Пробното пребројување помина успешно со мали недостатоци што нема да влијаат на процесот. Ова е оцената на Државниот завод за статистика за пробниот попис на населението што се одвиваше две недели на територијата на 13 општини во државата. Само триесетина граѓани одбиле да се попишат, а во април 2020 сите задолжително ќе мораат да бидат […]

Пробниот попис без проблеми: Во Прилеп попишани околу 35 домаќинства


Пробниот попис во Прилеп се одвива непречено и без проблеми. Нема никаков застој со текот на пробниот попис во двете од 13-те општини, Прилеп и Донени, информира Мира Илиевска, инструктор од Државниот завод за статистика надлежна за текот на пописот во овој регион. Досега во двата пописни круга се попишани околку 35 домаќинства, а двајцата […]

Стартува пробниот попис на населението, домаќинствата и становите


Државниот завод за статистика (ДЗС) денеска ќе започне со теренски активности за пробниот попис на населението, домаќинствата и становите. Пробниот попис ќе се спроведе во 32 пописни кругови на територијата на 13 општини во државата, и тоа во Гостивар, Кисела Вода, Зелениково, Штип, Радовиш, Куманово, Свети Николе, Кратово, Прилеп, Долнени, Струга, Кичево и Валандово. Како […]

Време е да се преброиме


Тоа што вчерашната седница на Комисијата за европски прашања беше одложена, наводно поради тоа што не бил обезбеден претставник од мисијата на Европската Унија, е веројатно дел од политичките игри меѓу партиите. Опозицијата се налути затоа што не била консултирана во подготовката на пописот, па сега се бара заеднички јазик за обемната операција. И мора […]

Откажана собраниската расправа за Предлог-законот за попис


Собраниската комисија за европски прашања на која денеска требаше да биде разгледан Предлог-законот за попис на населнието, домаќинствата и становите 2020 година, е откажана. Оваа комисија утринава е тргната од дневните активности на веб страницата на Собранието. Засега официјално не е соопштена причината зошто е откажана оваа комисија. Вчера, ВМРО-ДПМНЕ реагираше за овој Предлог-законот и […]

Ахмети до Џафери: Работите не одат добро со пописот


Нова „бомба“ од серијалот на нови материјали со кои се пука врз функционери на ДУИ осамна на „Јутјуб“. Од профил со фотографија на премиерот Зоран Заев е објавен разговор наводно меѓу лидерот Али Ахмети и ексвицепремиерот Муса Џафери кои разговараат за пописот кој во 2011 година беше прекинат под сѐ уште неразјаснети околности. Ахмети во […]

Нема недоразбирања за законот за попис


Владата на следната седница ќе го разгледа законот за попис на населението, истакна денеска портпаролот на Владата Муамед Хоџа, нагласувајќи оти се очекува тој да помине на следната владина седница. Хоџа ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање зошто законот вчера не бил ставен на владина седница и дали тоа можеби е поврзано со одредени […]

Законот за попис се усогласува меѓу коалициските партнери


Законот за попис е во Владата и во моментот тече усогласувањето меѓу коалициските партнери, информираа денеска владините портпароли Миле Бошњаковски и Мухамед Хоџа. – Најверојатно на следната владина седница ќе се најде на дневен ред, истакнаа портпаролите за време на денешната редовна прес-конференција во Владата.

ДЗС: Собранието ќе реши кои прашања ќе ги има во Пописот 2020


Крајното решение за тоа кои прашања ќе бидат вклучени во пописот што треба да се реализира во 2020 година ќе го донесе Собранието на Република Македонија со донeсување на Законот за попис 2020, истакнуваат од Државниот завод за статистика отфрлајќи ги како шпекулации сите тврдења дека следниот попис на население ќе биде без прашањето за […]

Се заговара бојкот и на пописот


Најавите за спроведување попис во април 2020 година без да се бележат етничката и верската припадност, а да се евидентира единствено мајчиниот јазик, ја поларизираа јавноста уште сега. На социјалните мрежи се најавува бојкот на оваа статистичка операција, политичките партии се препукуваат, а експертите споредуваат различни примери во соседството и низ Европа. Искуствата зависат од […]

Ќе остане ли повторно енигма бројот на Албанците?


Горливата тема за пописот во Македонија повторно се актуелизира откако деновиве Државниот завод за статистика и странски експерти излегоа со предлози како тој се спроведе во 2020/2021 година, согласно препораките на Обединетите нации. Она што предизвика најголем интерес е предлогот на Државниот завод за статистика да се исклучат прашањата во пописниот материјал за етничката и […]