Уапсен поранешниот директор на полициската управа на Црна Гора, Веселин Вељовиќ


Поранешниот директор на Полициската управа на Црна Гора, Веселин Вељовиќ, уапсен е изутринава во акција на Специјалното полициско одделение по налог на Специјалното државно обвинителство, јавуваат подгоричките медиуми. Обвинителот и портпарол на Специјалното државно обвинителство, Вукас Радоњиќ, изјави за новинарите дека „специјалното одделение на полицијата, по налог на судот и на барање на Специјалното државно […]

По новогодишната ноќ се враќа полицискиот час во Албанија


Албанските граѓани новогодишната ноќ ја минаа без полициски час, со собири на плоштадите, фамилијарни дружби и преполни угостителски објекти, наспроти минатата година кога земјата беше под целосен карантин поради пандемијата со ковид-19. Најмасовно беше на плоштадот „Скендер бег“ во Тирана, каде имаше музички спектакл на кој присуствуваа илјадници граѓани, меѓу нив и голем број иселеници, […]

Спасовски ќе бара разрешување на Велковски


Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски до Владата ќе поднесе предлог за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски по злоупотребата на службениот џип за приватни цели. Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди утврдил дека целосно не била спроведена процедурата за службено патување бидејќи и покрај налогот за патување, не било […]

Полициски „шевролет“ удри во автомобил во Аеродром


Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи околу 15.30 часот во близина на „Мајчин дом“ во скопската населба Аеродром, потврди Министерството за внатрешни работи. Според МВР, полициски „шевролет спарк“ удрил во автомобил „ауди“, по што двајцата патници од приватното возило се повредени и завршиле во Ургентниот центар. Истрагата е во тек, а […]