Кривична пријава против двајца полициски службеници од граничен премин Долно Блаце


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како специјализирано одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Ќ.А. и Ј.А., двајцата полициски […]

Спасовски: Нема службен материјал што укажува на напад врз полициски службеници во Арачиново


Досега немаме пријава ниту од полициски службеници дека некој им се заканувал и ги избркал, ниту пријава од граѓани, иако има јавување во полициска станица за недолично однесување на полициските службеници кои биле на пунктот, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање во врска информациите објавени во некои медиуми дека […]

Приведени тројца скопјани поради напади на полицајци


Тројца скопјани се приведени поради агресивно однесување кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Се работи за три одделни случаи, а против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР. Во првиот случај синоќа, во 19:45 часот, на подрачјето на Шуто Оризари бил приведен Р.С.(22) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници […]

Спасовски: На огласите за полициски службеници да се пријавуваат кандидати од ромската, српската, турската и од сите други етнички заедници


На огласите за вработување на полициски службеници да се пријават кандидати од ромската, српската, турската и од сите други етнички заедници порача Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање зошто во ОВР Берово нема вработени полициски службеници од ромската заедница. -За Берово е значајно да имаме полицајци Роми и ова некаде биде […]

При приведување во Шипковица нападнати полицајци


Тетовски полицајци вчера во Шипковица пукале во воздух откако биле нападнати од две лица од село Гајре, кои требало да бидат приведени за инциденти пријавени пред неколку дена. При акцијата слобода се лишени А.М. (40) и Л.М. (39) од тетовско Гајре, кои на 11 и 13 овој месец биле пријавени од две лица од Гајре […]

МВР вработува: Се бараат 600 полицајци


Министерството за внатрешни работи, објави оглас, со кој бара 600 полицајци за вработување.  ЈАВЕН ОГЛАС   I. За засновање на работен однос на 600 извршители на работно место „Полицаец“ за работа во Министерството за внатрешни работи, во:   1. Сектор за внатрешни работи Скопје ——————————– 100 извршители 2. Сектор за внатрешни работи Струмица —————————– 40 […]

Во МВР исплатена бонус плата од 28.718 денари за 2021 година


 На 5 897 вработени во Министерството за внатрешни работи кои оствариле над 150 часови прекувремена работа во текот на 2021 година, ќе им биде исплатена бонус плата во поединечен нето износ од 28.718 денари (463 евра), информираа денеска од МВР. За оваа намена од Буџетот на МВР издвоени се 188.167.373 денари, средства, се наведува во […]

Двајца полицајци повредени во сообраќајка во Неготино


 Двајца полицајци биле повредени вечерва во сообраќајна несреќа во Неготино, потврди за МИА портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.   Тој појасни дека сообраќајката се случила на раскрсницата помеѓу улиците „Марксова” и „Фемо Кулаков”, на Тимјанички пат. Во сообраќајната незгода дошло до судир помеѓу две патнички моторни возила, со неготински регистарски ознаки, „Ауди”, сопственост на […]

Српски полицајци спасија деветгодишно девојче од Македонија


Александар Миленковиќ и Владан Николиќ се сообраќајните полицајци од Србија кои завчера попладне му помогнале на македонско семејство да се спаси животот на нивната деветгодишната ќерка, на која ѝ се слошило на автопат, пренесува „Курир.рс“. Најблиските застанале со автомобилот и се обидувале да му помогнат на девојчето кое било без свест. Истовремено, очајнички барале помош. […]

Нова несреќа на скопската обиколница, повредени двајца полицајци


Двајца полицајци во сообраќајна несреќа што се случи утрово околу пет часот на обиколницата во Скопје. Според Министерството за внатрешни работи, сообраќајката ја предизвикал 30-годишен жител на тетовското село Одри. Тој, управувајќи автомобил „бмв“ удрил во возило „шкода јети“, во кое биле двајца полициски службеници. Сите тројца се повредени. „Полицајците се здобиле со повреди и […]

Двајца полицајци пукале еден кон друг на аеродром


Двајца полицајци згрижени се во болница, откако денеска пукале еден кон друг на аеродром во централна Турција во градот Кајзери. Полицијата, по пукотниците, ги зајакна мерките на безбедност на сите терминали за летови во земјата, пренесе Ројтерс. Како што пренесоа странските медиуми, повикувајќи се на неофицијални информации, еден полицаец се обидел да убие друг, а […]

Се подготвува чистка на корумпираните полицајци


Вкупно 500 полицајци во Албанија не дозволија да им биде направен ветинг, сами си се преиспитаа и си заминаа од полицијата. Наместо да достават анкетни листови за нивната имотна состојба, тие си потпишаа отказ. Терминот „ветинг“ произлегол од зборот „вет“, што е скратеница од зборот ветеринар, и оригинално се користел за барањето коњот да биде […]

Дрвокрадци нападнале полицајци


Полициски службеници затекнала три лица како транспортираат бесправно исечени огревни дрва вчера во атарот на село Дворци. Откако продолжиле кон селото Пеглово, полицајците биле пресретнати од група граѓани. Еден од полицајците бил нападнат притоа. Како што информира МВР, вчера од страна на полициски службеници околу 21:30 часот на место викано „Стрмол“ во атар на село […]

Над шест илјади полицајци ќе го чуваат референдумот


Безбедносните служби засега немаат индиции дека неделниот ден ќе биде нагрден со инциденти. Се очекува мирно референдумско изјаснување, а за секој случај на терен ќе бидат многубројни полициски сили. Доколку ситуацијата тргне на лошо, на готовс ќе бидат и специјалните единици на Министерството за внатрешни работи. Надлежните уверуваат оти полицијата ќе биде на висина на […]

Мицкоски не добива закани, полицајците му помагале при движењето


Двајца припадници на МВР му помагаат на партиското обезбедување на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Нивната асистенција доаѓа по барање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ испратено пред пет месеци. За „Независен весник“ од партијата потврдуваат дека Мицкоски не добивал закани по живот, туку улогата на полицајците, благодарејќи на значките и на овластувањата, била да помогнат при […]

МВР со детали за пукањето во Арачиново: Повредени двајца полицајци


Двајца полицајци попладнево се повредени во село Арачиново откако се обиделе да легитимираат две лица барани со потерница. Како што соопшти вечертва МВР  инцидентот се случил околу 17 часот на ул. 1 во Арачиново кога полицајците запреле „Голф“ во кое се превезувале две лица  О.М. (33) и Г.М. (20),  кои се бараат со потерница за издржување […]

Седуммина полицајци повредени во насилните протести пред Собранието


Седуммина полицајци се повредени и тројца цивили се приведени во насилните протести пред Собранието на Македонија. Екипа на Итната медицинска помош интервенираше вечерва поради повредени лица во насилните протести што се одржаа пред Собранието. Возилото е се уште на местото на протестите, но засега нема информации за број на повредени граѓани. Медицинскиот тим интервенирал по […]

Татко и син приведени во полиција, превезувале дрва за огрев без документ


Татко и син од гостиварско Чегране, вчера биле лишени од слобода, откако при контрола на теренско возило, полицајци откриле дрва за огрев. Според СВР Тетово, полициски службеници вчера во периодот од 12 до 14:30, на спореден пат во близина селото Форино забележале и запреле патничко возило „Опел фронтера“ со странски регистерски таблици. Возилото го управувал […]

МВР го реши статусот на 594 полицајци-приправници и 565 кандидати за полицаец


Со денешното доставување на решенија за распределување на 594 полицајци приправници на работни места „полицаец“, како и со врачувањето и потпишувањето на договори за вработување како „полицаец-приправник“ на 565 кандидати за полициски службеници што успешно го минаа конкурсот и обуката за полициски службеник по огласот од март 2017 година, Министерството за внатрешни работи го заврши […]

Општина Куманово не сака споменик за загинатите полицајци


„Советот на општина Куманово вчера донесе срамна и скандалозна одлука, одбивајќи поставување на спомен обележје на: Жарко Кузмановски, Ненад Серафимовски, Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Исмед Османи, Љубиша Аранѓеловиќ и Горан Стојменовиќ, македонски бранители кои ги дадоа својот живот за нашата татковина“, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ. Во најголемата опозициска партија сметаат дека оваа одлука […]